Utopia Private Members Club

Utopia Private Members Club Welcome to UTOPIA ⚫️ premier destination where fine dining and elite networking converge UTOPIA, an exclusive enclave where business meets pleasure.

Nestled in the heart of Sinpeks, UTOPIA is more than just a restaurant…it's a pulsating hub of ideas, connections, and culinary excellence. Tailored for the discerning, it's where industry leaders converge, networks expand, and gastronomy is redefined. Welcome to the future of business networking and dining.

⭐️
25/08/2026

⭐️

На 3 септември, со почеток во 13 часот, Нина Ангеловска Станков ќе гостува во UTOPIA во Битола како guest speaker на UTOPIA Academy. Претприемништвото, лидерството, ризикот и одлуките...

GUEST SPEAKER: НИНА АНГЕЛОВСКА СТАНКОВ во Utopia AcademyУспехот секогаш изгледа поедноставно кога го гледаме наназад.Иде...
24/08/2026

GUEST SPEAKER: НИНА АНГЕЛОВСКА СТАНКОВ во Utopia Academy

Успехот секогаш изгледа поедноставно кога го гледаме наназад.

Идеја. Стартап. Раст. Инвестиција. Exit.

Во реалноста, меѓу овие зборови има години работа, ризик, погрешни проценки, тешки одлуки и моменти кога никој не може да ви гарантира дека следниот чекор е вистинскиот.

Токму за тој дел сакаме да разговараме.

На 3 септември, Нина Ангеловска Станков доаѓа во Битола како guest speaker на UTOPIA Academy.

Претприемач, инвеститор, основач на Grouper, поранешна министерка за финансии и Forbes 30 Under 30, Нина зад себе има професионален пат што отвора многу повеќе теми од приказната за успехот.

Како една идеја станува бизнис?
Како се носат одлуки кога немаш гаранција за исходот?
Што нè учат погрешните проценки?
Како знаеш кога треба да ризикуваш?
И колку од она што подоцна го нарекуваме „среќа“ било работа и подготвеност?

По Guest Speaker Talk + Q&A, продолжуваме со разговор за нејзината прва книга „Ништо случајно“.

А потоа ја напуштаме сцената и седнуваме околу маса.

Business Lunch со Нина, во мала група, со простор за прашања, идеи, искуства и разговори кои обично не стигнуваат до микрофонот.

Секој учесник добива свој примерок од „Ништо случајно“, со можност за персонализирана посвета од Нина.

UTOPIA ACADEMY × NINA ANGELOVSKA STANKOV
3 септември | 13:00 | UTOPIA, Битола

Guest Speaker Talk • Q&A • Book Talk • Business Lunch • Signed Book

Резерваци 🔗 https://utopia.digitalvario.com/event.php?id=271

1.700ден /настан, потпишана книг и ручек со Нина

Утревечер 💫💫💫
21/08/2026

Утревечер 💫💫💫

Август го завршуваме во голем стил.
88 клавиши и една виолина.

Зошто 88?

Затоа што толку клавиши има едно пијано.
52 бели. 36 црни. И практично бесконечно многу начини од нив да се направи музика.

На 22 август, тие 88 клавиши во UTOPIA му ги препуштаме на Арда Мустафаоглу еден од најинтересните македонски пијанисти од новата генерација, со меѓународна кариера и настапи на европските концертни сцени од Париз и Хамбург до Бон, Верона и Истанбул.

Арда свири пијано од шестгодишна возраст. Зад себе има бројни први награди и Grand Prix признанија на меѓународни натпревари, настапи со Македонската филхармонија и музичко образование што го продолжува во Германија.

На сцената ќе му се придружи Јаков Ангелов — македонски виолинист кој својата професионална кариера ја гради во Германија и кој уште како млад музичар настапува како солист со Македонската филхармонија.

Но, ова не го замисливме како класична концертна вечер.

Сакавме пијаното да биде блиску.
Музичарите уште поблиску.
Мала публика, пригушено светло, welcome drink и музика што не ја слушате од последниот ред на концертна сала.

Така настана 88 KEYS — UTOPIA AFTER DARK.

Една поинаква августовска вечер, составена од секоја можна нијанса на звук.

ARDA MUSTAFAOĞLU · Piano
featuring JAKOV ANGELOV · Violin

22 AUGUST · 20:00 · UTOPIA

Влезница: 250 денари, со вклучен welcome drink.
Бројот на места е ограничен.

88 клавиши. Една виолина. Една вечер.
Бидете наши гости 💫

Нашиот Рони 💫⭐️ среќни сме што е дел од нашиот UTOPIA team
21/08/2026

Нашиот Рони 💫⭐️ среќни сме што е дел од нашиот UTOPIA team

Професионалниот шеф-готвач Ronny De Los Santos, кој потекнува од Доминиканската Република отако во САД ја запознава македонката Кристина Ѓорѓиева, донесува храбра одлука ...

❤️
20/08/2026

❤️

"Марко готви така што е јасно зошто во некои земји готвењето е прогласено за уметност.

Она што Марко Матиев се обидува да ни каже преку готвењето е дека ниту еден човек не заслужува да јаде колку да се најаде. Дека намирниците кога се третираат со почит, дури и најобичните, се претвораат во луксузно јадење што ќе ги разгали сетилата. Храна што треба да се јаде со задоволство. Не изгледа како голема тајна на мајсторот на кујната, но кога ќе го запознаете Марко и неговата пасија за готвење, многу нешта стануваат појасни. Утопиа во Битола тогаш не заостанува зад луксузните хотели во Монако или на било кое друго место на Азурниот брег. Асоцијацијата не е случајна. Со намирници што не се при рака како морската риба или пелатите, нѐ носат на патување. Сонот на секој двор е да има море, сонот на секој готвач е морето да му е блиску, за да има свежи морски плодови за готвење, но фантазијата и желбата прават чуда на местата каде што ги нема. Пак на крајот сѐ е до човекот."

Прочитајте повеќе на линкот во коментар.

Utopia Private Members Club

⭐️
18/08/2026

⭐️

Еден од највпечатливите македонски пијанисти од новата генерација, Арда Мустафаоглу, на 22 август ќе настапи во Битола, во UTOPIA, во рамки на специјалната концертна ве...

⭐️
17/08/2026

⭐️

Младиот пијанист Арда Мустафаоглу со 21 меѓународна награда доаѓа во Битола – „88 KEYS“ на 22 август во UTOPIA Еден од највпечатливите македонски пијанисти од новата ген....

Август го завршуваме во голем стил.88 клавиши и една виолина.Зошто 88?Затоа што толку клавиши има едно пијано.52 бели. 3...
17/08/2026

Август го завршуваме во голем стил.
88 клавиши и една виолина.

Зошто 88?

Затоа што толку клавиши има едно пијано.
52 бели. 36 црни. И практично бесконечно многу начини од нив да се направи музика.

На 22 август, тие 88 клавиши во UTOPIA му ги препуштаме на Арда Мустафаоглу еден од најинтересните македонски пијанисти од новата генерација, со меѓународна кариера и настапи на европските концертни сцени од Париз и Хамбург до Бон, Верона и Истанбул.

Арда свири пијано од шестгодишна возраст. Зад себе има бројни први награди и Grand Prix признанија на меѓународни натпревари, настапи со Македонската филхармонија и музичко образование што го продолжува во Германија.

На сцената ќе му се придружи Јаков Ангелов — македонски виолинист кој својата професионална кариера ја гради во Германија и кој уште како млад музичар настапува како солист со Македонската филхармонија.

Но, ова не го замисливме како класична концертна вечер.

Сакавме пијаното да биде блиску.
Музичарите уште поблиску.
Мала публика, пригушено светло, welcome drink и музика што не ја слушате од последниот ред на концертна сала.

Така настана 88 KEYS — UTOPIA AFTER DARK.

Една поинаква августовска вечер, составена од секоја можна нијанса на звук.

ARDA MUSTAFAOĞLU · Piano
featuring JAKOV ANGELOV · Violin

22 AUGUST · 20:00 · UTOPIA

Влезница: 250 денари, со вклучен welcome drink.
Бројот на места е ограничен.

88 клавиши. Една виолина. Една вечер.
Бидете наши гости 💫

VOLCANIC TERROIR 💫 the night in pictures.Некои вечери остануваат по вкусот. Други по луѓето, разговорите, музиката, чаши...
16/08/2026

VOLCANIC TERROIR 💫 the night in pictures.

Некои вечери остануваат по вкусот. Други по луѓето, разговорите, музиката, чашите што некако повторно се полнат.

Оваа ќе ја паметиме по сето тоа.

На една маса ги споивме вулканскиот тероар на Кратово, ракијата и вината на Monteko и шесте курса на Марко Матиев. А потоа вечерта си го направи своето.

Август во Утопија, токму како што го сакаме: долг, вкусен и без особена потреба некој да гледа на часовник.

Останатото е во фотографиите на

VOLCANIC TERROIR × Monteko Winery × UTOPIA

💫

VOLCANIC TERROIRAn Exclusive Wine Dinner with Monteko WineryАвгуст има свој ритам.Добра маса, вино со карактер и разгово...
07/08/2026

VOLCANIC TERROIR
An Exclusive Wine Dinner with Monteko Winery

Август има свој ритам.
Добра маса, вино со карактер и разговори што траат подолго од планираното.

На 13 август, во Утопија, за првпат ќе ја отвориме приказната за Monteko, винарија од кратовскиот регион, создадена врз земја со вулканско потекло и со амбиција тој редок македонски тероар да го претстави пред Европа.

Во вината на Monteko се чувствува пејзажот од кој доаѓаат. Минералноста на почвата, сонцето на Источна Македонија и времето вложено во секое шише создаваат карактер што не може да се пресели. Може само да се доживее.

Volcanic Terroir е наш начин таа приказна да ја раскажеме околу масата.

За вечерта, шеф Марко Матиев подготвува шесткурсно летно мени кое започнува свежо и разиграно, а постепено добива длабочина и интензитет. Диња, пршут и бозел го отвораат апетитот, следуваат калабрезе врз кисело тесто и говедско со хербални ноти. Лавракот со пипер-путер внесува морска свежина, пред бавно печениот говедски образ да го донесе најбогатиот момент на вечерта.

За крај, пченка, брезов сируп и сладолед од борови никулци - десерт што летото го носи во сосема неочекуван правец.

Секој курс ќе биде придружен со внимателно избрано вино од Monteko. Не како додаток кон јадењето, туку како негово продолжение … уште еден слој во приказната за кратовскиот вулкански тероар 🍇

Музичкиот ритам на вечерта му го доверуваме на Trio Grande.

Цена: 2.000 денари по лице

Цената вклучува мени од 6 следа, комплементарен избор на вина од Monteko и музика во живо.

Бројот на места е ограничен.
Резервации на линкот во био 🔗

An evening to discover. A taste to remember.

Address

Bitola

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Utopia Private Members Club posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share