Друштво за економско-правен консалтинг Пековиќ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Друштво за економско-правен консалтинг Пековиќ

Друштво за економско-правен консалтинг Пековиќ Друштво за издавачка дејност и консалтинг услуги од областа на даноците, сметководството, финансиите и деловното право

07/08/2026

ПРОЦЕНТ ЗА МДБ ЗА ЈУЛИ 2026 (2,2%)
Процентот на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец јули 2026 година изнесува 2,2%.
Аконтацијата на данокот на добивка за месец јули 2026 се пресметува од износот утврден на АОП 56 во ДБ за 2025 година во висина од 1/12 зголемен со 2,2% или со коефициентот 1,022.

02/08/2026
ДОСТАПЕН Е ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НОВИОТ КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР МПИН ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2026Согласно со Законот за изменување и дополнување ...
14/07/2026

ДОСТАПЕН Е ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НОВИОТ КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР
МПИН ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2026

Согласно со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување -Сл. весник на РСМ, бр. 148/2026, почнувајќи со пресметката на платата за јули 2026 заклучно со декември 2026, стапката на придонесот за задолжително ПИО изнесува 19,9% , а стапката на придонесот за осигурување во случај на невработеност изнесува 0,1%. Збината стапка на придонеси останува 28%.

Линк за преземање на новиот клиентски софтвер:

Како даночен орган кој функционира единствено на територијата на Република Северна Македонија, УЈП оперативно ја спроведува даночната политика и врши наплата на ....

07/07/2026

СЛ. ВЕСНИК НА РСМ, БР. 148/26 – ОБЈАВЕН Е ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, ВРЕМЕНО СЕ ЗГОЛЕМУВА СТАПКАТА НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ И СЕ НАМАЛУВА СТАПКАТА НА ПРИДОНЕСОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ, ПОЧНУВАЈЌИ СО ИСПЛАТАТА НА ПЛАТАТА ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2026 ГОДИНА, ЗАКЛУЧНО СО ИСПЛАТАТА НА ПЛАТАТА ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА.
Збирната стапка на поединечните стапки на придонеси од задолжително социјално осигурување кои работодавачите ќе имаат обврска да ги уплатат за своите вработени останува иста како постојната збирна стапка од 28%, односно од тој аспект и трошоците на субјектите по овој основ ќе останат исти.
Стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите почнувајќи со исплатата на платата за месец јули 2026 година, заклучно со исплатата на платата за месец декември 2026 година, се:
1) 19,9% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување;
2) 4% стапка на придонес за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест;
3) 7,5% за задолжително здравствено осигурување;
4) 10% за задолжително здравствено осигурување за обврзниците кои придонесот го плаќаат на основица утврдена во членот 14 точки 11) и 14) алинеи 1, 2, 3 и 5 од овој закон;
5) 5,4% за задолжително здравствено осигурување за обврзниците кои придонесот го плаќаат на основица утврдена во членот 14 точка 14) алинеја 4 од овој закон;
6) 11,8% за задолжително здравствено осигурување за обврзникот корисник на домашна пензија кој придонесот го плаќа на износот на пензијата;
7) 0,5% стапка на дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување и
8)0,1% за задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност.
Стапката на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење изнесува:
- 9,95% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци,
- 8,29% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци,
- 6,63% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци,
- 4,98% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци,
- 3,32% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци и
- 1,66% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци.

07/07/2026

ПРОЦЕНТ ЗА МДБ ЗА ЈУНИ 2026 (1,7%)
Процентот на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец јуни 2026 година изнесува 1,7%.
Аконтацијата на данокот на добивка за месец јуни 2026 се пресметува од износот утврден на АОП 56 во ДБ за 2025 година во висина од 1/12 зголемен со 1,7%или со коефициентот 1,017. Аконтацијата се плаќа до 15 јули 2026 година.

Соопштение на УЈП - на 30 јуни 2026 година истекува рокот за плаќање на данокот на личен доход ако по годишната даночна ...
25/06/2026

Соопштение на УЈП - на 30 јуни 2026 година истекува рокот за плаќање на данокот на личен доход ако по годишната даночна пријава на граѓаните, за 2025 година е утврден износ за доплата

Линк:

Како даночен орган кој функционира единствено на територијата на Република Северна Македонија, УЈП оперативно ја спроведува даночната политика и врши наплата на ....

Соопштение на УЈП за минималниот глобален данок на добивка Линк:
24/06/2026

Соопштение на УЈП за минималниот глобален данок на добивка

Линк:

Како даночен орган кој функционира единствено на територијата на Република Северна Македонија, УЈП оперативно ја спроведува даночната политика и врши наплата на ....

Соопштение на УЈП за започнување на третата фаза од проектот е-фактураЛинк:
13/06/2026

Соопштение на УЈП за започнување на третата фаза од проектот е-фактура

Линк:

Како даночен орган кој функционира единствено на територијата на Република Северна Македонија, УЈП оперативно ја спроведува даночната политика и врши наплата на ....

08/06/2026

ПРОЦЕНТ ЗА МДБ ЗА МАЈ 2026 (1,4%)
Процентот на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец мај 2026 година изнесува 1,4%.
Аконтацијата на данокот на добивка за месец мај 2026 се пресметува од износот утврден на АОП 56 во ДБ за 2025 година во висина од 1/12 зголемен со 1,4% или со коефициентот 1,014. Аконтацијата се плаќа до 15 јуни 2026 година.

Со најубави желби за добро здравје, многу радости и среќа на нашите колеги, соработници и пријатели од муслиманска верои...
27/05/2026

Со најубави желби за добро здравје, многу радости и среќа на нашите колеги, соработници и пријатели од муслиманска вероисповед ЧЕСТИТ КУРБАН БАЈРАМ!

Address

Бриселска 9/1-8
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38923124310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Друштво за економско-правен консалтинг Пековиќ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Друштво за економско-правен консалтинг Пековиќ:

Shortcuts

Share