12/06/2026
🏁 Размислувате за нов глисер? Изборот не е само во изгледот – туку во сигурноста, стабилноста и уживањето на вода.
Зошто MAD BOATS?
⚡️Mad Boats RIB глисерите комбинираат цврст фиберглас V-труп со воздушни комори кои обезбедуваат одлична стабилност, подобро управување и сигурно пловење.
⚡️Нашите глисери се CE сертифицирани и тестирани од Bureau Veritas. Тубите се поделени во повеќе независни воздушни комори, што дополнително ја зголемува безбедноста при пловење.
⚡️Благодарение на RIB дизајнот, добивате повеќе корисен простор во споредба со класичните глисери, без да изгубите на перформанси. Фиберглас V-трупот овозможува удобно и стабилно пловење по бранови.
🇯🇵 MAD BOATS доаѓаат во комбинација со TOHATSU вонбродските мотори – произведени 100% во Јапонија, познати по својата издржливост, економичност и лесно одржување - 7 години гаранција.
⚡️Не ви треба голем автомобил за да уживате во вашиот глисер. Благодарение на малата тежина и паметниот дизајн, Mad Boats се лесни за транспорт.
Како пример, нашиот најпродаван модел MB600S е долг 6 метри, има простор за 9 патници, а со мотор тежи под 800 kg.
🦾 MAD BOATS – стабилни, безбедни, моќни.