11/08/2018
Светските првенства во Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Associate се глобален настан, преку кој не се тестира само напреварувачкиот дух, истовремено тие се и прилика за склопување на нови пријателства, помеѓу финалистите од 130 нации, колку што годинава земаа учество на финалето во Орландо, САД.
Дополнително тука е и можноста за релаксација и истражување на една од најпопуларните туристички локации во САД, нешто за што говорат и фотографиите кои ги споделија македонските преставници Јорданчо Ефтимов и Бојан Секуловски.
Следете го нивниот пример, пријавете се на следните MOS и АCA натпревари, освојте ја титулата и следната година претставувајте ја Македонија на глобалниот настан, каде ќе стекнете незаборавно искуства.