Системи за видео надзор

Системи за видео надзор CCTV,ALARMS,SOFTWARE

12/11/2013

ПРЕДНОСТ НА IP НАД АНАЛОГНИТЕ СИСТЕМИ
ЗА ВИДЕО НАДЗОР
Предноста на IP над аналогните CCTV камери е очигледна пред се во однос на подобриот квалитет на сликата. На крај, намената на системот на видео надзор е јасно да се забележи се што се случува. Сте слушнале ли некогаш дека некој е фатен и препознаен при вршење на нелегално дејство од систем со аналогни камери? Најчесто сликата од ваквите системи е замачкана и некорисна за полицијата. Факт е дека традиционалните CCTV камери го достигнаа крајот на својата еволуција и не можат да се натпреваруваат со високата резолуција на IP камерите.

Замислете како би изгледала разликата во сликите доколку беше употребена 10 Мегапикселна IP камера! Ова го потврдува фактот дека аналогните камери се далеку надминати.
Јасност на слика при надзор на подвижни објекти
Дури и кај аналогните камери со највисоки резолуции кои постојат, јасноста на сликата при снимање на подвижни објекти, како човек што трча или кола во движење, претставува голем проблем. Ова е поради фактот што аналогниот систем, дури и кога се снима на DVR, врши интегрлација за да создаде слика, односно парните и непарните линии од сликата се прикажуваат како две слики една по друга што создава замачканост. Разликата од снимената слика со дигитална и аналогна камера е прикажана на следниве слики:

Мрежен видео сервер наспроти DVR
Mногумина тврдат дека DVR системот за снимање по карактеристики е ист како Мрежниот видео сервер. Иако квалитетот на снимката кај DVR-от, бидејќи записот е дигитален, е многу поквалитетен од системите базирани на VHS, сепак бидејќи сигналот не е дигитален истите не можат да се класифицираат како IP. IP базираниот видео сервер има многу карактеристики кои се значително подобри од DVR системот: многу е поедноставен, лесен за употреба од страна на корисникот, поседува значително поголемо време на снимање, поседува многу понапредни можности за пребарување, можност за WEB базирано следење и напредна контрола на пристап.

Сумирано, останати предности на IP базираните системи за видео надзор над аналогните се следните:
1) Кај системите засновани на IP камери вмрежувањето е поедноставно, можат да се искористат и постоечки IP мрежи, а со самото тоа, истото е пофлексибилно (поедноставно е преместувањето на друго место) и поевтино. Во голем број на случаи оваа цена ја компензира нешто поголемата цена на чинење на IP камерите.
2) Поради начинот на пренос на сигналот, кој кај IP камерите е дигитален, тие се многу поотпорни на шумов, брум и разни електромагнетни влијанија во однос на аналогниот пренос, кај кој вакви влијанија можат значително да го нарушат квалитетот на сликата. Кај IP камерите енкрипцијата на преносот е едноставна и преносот на поголеми растојанија е лесно решлив.
3) IP камерите претежно имаат многу повеќе функции и можности кои тешко се имплементираат кај аналогните камери:
a) Дневен и Ноќен режим на снимање (Day/night камери поедноставно и подобро се решени од аналогните),
b) Сензори на движење кои локално можат да вклучат некоја функција,
c) Директна контрола и дигитален зум на сликата,
d) Двонасочно аудио и др.

Главни Компоненти на уредите за алармно техничко обезбедување !
12/11/2013

Главни Компоненти на уредите за алармно техничко обезбедување !

Predstavljanje i povezivanje Paradox centrala serije Spectra SP i Magellan MG.

Hikvision DS-2CD2132-I 3MP IR Mini Dome
12/11/2013

Hikvision DS-2CD2132-I 3MP IR Mini Dome

This video is part of a review on www.NetworkCameraCritic.com. The camera is a Hikvision DS-2CD2132 3 Megapixel IR outdoor mini dome. The video is recorded a...

I LOVE HIKVISION !
09/11/2013

I LOVE HIKVISION !

Smart Tracking
31/10/2013

Smart Tracking

This video is about the Hikvision Smart Tracking Feature

23/10/2013

2. Техничко обезбедување лица и имот

Вршење на техничко обезбедување лица и имот

Член 38

(1) Техничко обезбедување лица и имот се врши со употреба на технички средства и уреди заради спречување на противправни дејствија насочени кон лица и имот, а особено за заштита од:
1. недозволен пристап во објекти и простории што се обезбедуваат;
2. неовластено користење и отуѓување на предмети што се обезбедуваат;
3. неовластено внесување на огнено оружје, експлозивни, радиоактивни, запаливи и отровни материи;
4. провалување, диверзија или насилен напад на објектот што се обезбедува;
5. неовластен пристап до податоци и документација;
6. напад на возила за транспорт на пари и други вредносни пратки и
7. напад на работници за обезбедување кои вршат пренос на пари и други вредносни пратки.
(2) Работите од став (1) на овој член се вршат само во објектот што се обезбедува, односно до границата на просторот што се обезбедува, во текот на транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки и за време на вршење телесна заштита на лица.
(3) Техничките средства и уреди од став (1) на овој член може да бидат поврзани во систем на техничка заштита.

Заштита на приватноста и известување за вршење видео надзор

Член 39

(1) Техничките средства и уреди од член 38 од овој закон не може да се користат на начин на кој надвор од објектот што се обезбедува или надвор од границата на просторот што се обезбедува се нарушува приватноста на други лица.
(2) Кога обезбедувањето на одреден објект или просторија кои се користат за јавна употреба се врши со технички средства и уреди за видео надзор, правното лице кое го врши обезбедувањето е должно на видливо место да истакне известување за тоа дека се врши видео надзор, согласно прописите за заштита на личните податоци.


Квалитет и исправност на техничките средства и уреди

Член 40

(1) Во вршењето на техничко обезбедување лица и имот правните лица употребуваат технички средства и уреди кои имаат пропишан квалитет согласно важечките стандарди на Република Македонија, односно меѓународните технички стандарди кога не постојат пропишани стандарди во Република Македонија.
(2) Правното лице кое врши техничко обезбедување е одговорно за исправноста на вградените техничка средства и уреди, нивното редовно одржување и поправка, согласно закон и склучениот договор за обезбедување.

08/09/2013

СИСТЕМИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ПОЖАР
Системите за детекција и дојава на пожар (или како популарно се нарекуваат против пожарни системи - ПП) се со најдолга традиција на развој и производство, почнувајќи од почетокот на минатиот век. Овие системи се содржат од три главни сегменти и тоа:
- Детекција на пожар – преку најразлични детектори кои може да бидат димно оптички, температурни, термо-диференцијални, Инфрацрвени бариери, ултравиолетови детектори па се до наједноставните рачни детектори за пожар
- Обработка на сигналите – која ја врши контролниот панлел чиј што капацитет зависи од бројот на вградените детектори и комплексноста на системот што се гради
- Дојавни елементи – во кои спаѓаат сите видови на сирени за внатрешна и надворешна монтажа, ПП ѕвончиња, стробоскопски предупредувачки светла и слично
Според начинот на комуницирање и бројот на елементите во системот, ПП системите може да бидат конвенционални или аналогно-адресибилни.
Дизајнирањето на еден стабилен систем за детекција и дојава на пожар е задача која бара познавања како на позитивните законски прописи во РМ, меѓународни стандарди за дизајнирање на ака и детални познавања на техничките можности на опремата која се вградува.
Проектантскиот тим на НИКОБ стабилните системи за детекција и дојава на пожар ги дизајнира во согласност со најстрогиот светски стандард - BS5839, кој се однесува на ваков тип на системи.
НИКОБ ги нуди производите на најстариот и најреномиран светски производител на детектори за пожар – HOCHIKI – Јапонија, компанија која својата дејност во развој и произведство на ваков тип на системи го започнала во далечната 1918 година.

MG 6250 Безжичен контролен панел се во едно со GPRS\GSM
04/09/2013

MG 6250 Безжичен контролен панел се во едно со GPRS\GSM

* Безжичен контролен панел 433МHz со далечинско REM15 * 2 партициии 64 безжични зони * 16 корисниции 16 двонасочни далечински управувачи (REM2/RE...

Инферно Звучни Бариери ..
09/08/2013

Инферно Звучни Бариери ..

This brief article aired on NZ's "Campbell Live" show in June 2010, investigating the application of Inferno security technology in taxis and retail stores.

Интерактивна тастатура чувствителна на допирParadox
10/07/2013

Интерактивна тастатура чувствителна на допир
Paradox

* Тенок елегантен дизајн * 5.0 инчи/12.7 cm колор екран * иконски базирано мени * Контрола на до 8 PGM * Можност за надградба на firmware пр...

Високобрзинска моторизирана камера Ден/Ноќ со механички IR филтер
10/07/2013

Високобрзинска моторизирана камера Ден/Ноќ со механички IR филтер

* 1/4" Ex-view HAD CCD, * 600 линии (color)/700 линии (B/W), * 0.7 lux (color)/0.07 lux (B/W), * 43X оптички зум (16х дигитален), * адаптивен д...

10/07/2013

Address

Бизнис Адреса
Stip
2000

Telephone

075395555

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Системи за видео надзор posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Системи за видео надзор:

Share