Kоуч Ера Македонија

Kоуч Ера Македонија Без здрави корени (вредности) нема здрави плодови (луѓе, бизниси и општество). Ослободување на креативниот потенцијал кај вработените и организациите

Вие господа, сте гробарите на модерната mакедонска држава.Одете си...
18/09/2025

Вие господа, сте гробарите на модерната mакедонска држава.

Одете си...

Вие, господа, сте гробарите на модерната македонска држава. Вие немате емоционален и духовен капацитет да ја водите Македонија. За водење на една нација не е доволе....

15/09/2025

Лидерството и одговорноста се тестираат во кризи, а последнава недела во Скопје гледаме еколошка катастрофа со пожарите во Трубарево и низ депониите како Дрисла, кои шират токсичен чад низ градот и предизвикуваат екоцид.

Премиерот Мицкоски и министерот за животна средина Изет Меџити се несериозни – едниот вели дека загадувањето е „визуелно“, а другиот молчи додека граѓаните протестираат против отровниот воздух.

Посебен срам е Државната лабораторија, која е неакредитирана поради недостаток на вработени, а квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден човек – ова покажува дека владата или не знае, или нема капацитет, или не сака да дејствува.

Кога ќе се разбуди одговорноста, или ќе чекаме нова катастрофа?

Зошто Скопје треба да создаде Биткоин Стратешки Резерви?Порака за идните градоначалници нa Скопје и Републикава:Македони...
15/09/2025

Зошто Скопје треба да создаде Биткоин Стратешки Резерви?

Порака за идните градоначалници нa Скопје и Републикава:

Македонија веќе заостанува

Додека светот се движи кон дигитална иднина, Македонија останува заглавена во минатото. Биткоинот не е повеќе „експеримент" — тој е глобална резервна валута која ја прифаќаат најмоќните економии во светот.

Стратешки предности за Скопје:
1. Заштита од инфлација
Денарот губи вредност, еврото се ослабува. Биткоинот е единствениот актива кој ја чува вредноста долгорочно.
Градот ќе ја заштити својата економска моќ и профитира во иднината.

2. Привлекување на дигитален талент
Скопје може да стане регионален центар за блокчејн компании и крипто иноватори. Ова значи работни места, даноци, и млади образовани луѓе кои остануваат во земјата.

3. Модернизација на јавните услуги
Биткоин инфраструктурата овозможува транспарентни, ефикасни и побезбедни јавни трансакции. Граѓаните можат да плаќаат такси, комунални услуги, дури и паркинг преку дигитална валута.

4. Независност од банкарски систем
Градот станува помалку зависен од традиционалните банки и нивните ограничувања. Ова е особено важно во криза.

Глобални примери:

Салвадор — прва земја што го прифати Биткоинот како законска валута
Мајами — прв американски град со Биткоин стратешки резерви
Луганo, Швајцарија — "Биткоин главниот град на Европа"

Практични чекори:

Почни со мал чекор — инвестирај 1-2% од градскиот буџет во Биткоин
Едукација — обучи јавни службеници за дигитални валути
Партнерства — соработувај со локални крипто компании
Транспарентност — сите трансакции јавно достапни на блокчејн

Заклучок:
Идниот градоначалник на Скопје има избор: да остане во минатото или да го води градот и Македонија кон дигиталната птосперитетна иднина.

Биткоин стратешките резерви се не само финансиска одлука — тоа е изјава дека Скопје е подготвено за 21-от век.

Прашањето не е „дали", туку „кога". Градовите што ќе чекаат, ќе плаќаат повеќе и ќе заостанат повеќе.
Време е за храбра визија. Време е за Биткоин.

14/09/2025

Ова е вистинското - визионерско решение за Скопје и скопјани. Ние кон ова треба да се стремиме.

Од претендентите за иден градоначалник на град Скопје и општинските градоначалници.
Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski
Amar Mecinović....

Од министерто за живитна средина Izet Mexhiti

Нам ни е потребно визионерско, најдобро решение за овој проблем, нам не ни требаат пишман, петпарачки сиромашни решенија.

Аман више од менталитет на двојкаши и сиромашни луѓе.

И градот и државата имаат и капацитет и пари, треба само визија и енергијата да се насочи во нејзин правец.

https://www.facebook.com/reel/3743845285831556

Tретата македонска револуција започна – во Кочани.Вчера од таму пораката е јасна и гласна како бел ден:“Не бараме револу...
24/03/2025

Tретата македонска револуција започна – во Кочани.

Вчера од таму пораката е јасна и гласна како бел ден:

“Не бараме револуција за менување власт, – бараме револуција за промена на колективната свест, револуција на мозокот и душата. “

А за оние, кои не разбираат што порачале од Кочани еве мала помош.

Ако сакaме добри резултати ни требаат добри морални вредности

Едно истражување на Харвард универзитетот околу тоа како да создадете успешни млади луѓе довело до едноставен заклучок:

“Ако сакаш да направиш успешни луѓе, научи ги на високи морални вредности„.

Истото е вистина и за нашето општество и држава.

Успешна држава = високи морални вредности.

Ние во 34те години на независност сме го правеле спротивното, нашата колективна свест е доминирана од нашите познати рак рани: корупција, криминал, непотизам, недисциплина, бирократија, обвинувања, еколошкото загадување.

Така да револуцијата и пораката која тргнува од Кочани е едноставна.

Овие убиствени не-вредности мора да се заменат – тоа е промената на свеста.

Промената на свеста во една заедница започнува со промената на свеста кај нејзините лидери.

Од досега сработеното можам да констатирам дека видливи се никулци на надеж од страна на нашава сегашна влада.

Но знаејки го македонскиот менталитет и „Секое чудо за 3 дена„, треба да бидеме внимателни, но и будни се додека тектонски промени не се случат и станат видливи со голо око.

И затоа драги мои сограѓани би понудил уште една мудрост кога станува зборот за нашиве лидери:

Не слушајте што говорат – туку гледајте што прават!

https://bit.ly/4hJjsfp
#корупцијатаубива
#Кочани

Сакам сите да викнете, најгласно што можете Доста е!Да ги почуствувате и тагата и болката и неправдата и бесот и со сета...
20/03/2025

Сакам сите да викнете, најгласно што можете Доста е!

Да ги почуствувате и тагата и болката и неправдата и бесот и со сета нивна енергија да викнете: – Доста е!

Нека ве чујат сите.

И потоа, силно со ногата да тропнете неколку пати војнички, одлучно во земјата и пак да викнете – Доста е!

Ова мора да е дното. На сите им е јасно дека вака повеќе несме и неможе.

Ние мора колективно-системски, упорно и одлучно – во континуитет да го бараме и да го одговараме и пак да го бараме, одговорот на прашањето:

Како ја уништуваме корупцијата, криминалот, непотизмот, бирократијата, обвинувањата, еколошкото загадување и создаваме ИСКЛУЧИТЕЛНА НАЦИЈА?

ИСКЛУЧИТЕЛНИ луѓе, ученици, студенти, граѓани, училишта, институции, болници, полиција, судови, тимови, организации, бизниси….

Ова прашање мора да биде нашето клучно прашање се додека не направиме видливи тектонски промени насекаде во системот.

Ова прашање мора да си го поставуваме и одговараме секој ден, прво во себе, а потоа во својата фамилија, секое село, град, одделение, училиште, месна заедница, институција, организација, фирма, тим, заедница, болница, министерство….

И не смее да чекаме нашите така наречени лидери да се освестат.

Туку упорно да им го поставуваме истото прашање и да им ги сугерираме нашите одговори на истото, се додека не научат и покажат ИСКЛУЧИТЕЛНИ РЕЗУЛТАТИ насекаде низ системот.

Резултати обоени со грижа, вистина, дисциплина, ред, закон, правда, успех, меритократија, одличност, квалитет, соработка, еколошка свест…

А на сите сограѓани или лидери на кои не им е чиста свеста – пак да им викнеме Доста е! Се додека не им се освести глават, и омекнат срцата.

https://bit.ly/4kDG0kk

#Кочани
#корупцијатаубива
Влада на Република Северна Македонија

Сакам сите да викнете, најгласно што можете Доста е!Да ги почуствувате и тагата и болката и неправдата и бесот и со сета нивна енергија да викнете: – Доста е!Нека ве ....

18/03/2025

Нас сега ни треба лидерство кое има железо во крвта, дисциплина, зрелост, интегритет, безкомпромисно да ја исчисти оваа јама.

Оваа септичка јама, која смрди на корупција, криминал, бирократија, непотизам, обвинувања, еколошко загадување… мора да ...
18/03/2025

Оваа септичка јама, која смрди на корупција, криминал, бирократија, непотизам, обвинувања, еколошко загадување… мора да се исчисти.

Повеќе:

Лошото лидерство и лоши вредности водат кон мизерни резултати Оваа септичка јама, која смрди на корупција, криминал, бирократија, непотизам, обвинувања, еколошко з....

17/03/2025

Ова треба да е нашата молитва:

„Боже прати ни свесни, некорумпирани лидери да ни служат и покажат патот„. МАКЕДОНИЈА

Нашата не-Култура и недисциплина ги уби.Културата на неказнивост, корупција, непотизмот, бирократија, обвунување ги уби....
16/03/2025

Нашата не-Култура и недисциплина ги уби.

Културата на неказнивост, корупција, непотизмот, бирократија, обвунување ги уби.

Исто како што ја уби и Фросина пред месец дена.

А сите овие жртви се симбол за секој од нас кој полека е убиван од системот кој co нашата негрижа го градиме.

Одговорни сме сите заедно, затоа што дозволивме и дозволуваме овој трулеж и понатаму да трае.

Акумулираната септичка јама мора да се исчисти.

Нашата не-Култура и недисциплина ги уби. Културата на неказнивост, корупција, непотизмот, бирократија, обвунување ги уби. Исто како што ја уби и Фросина пред месец д....

Од констатацијата на министерот нема фајде.Тоа ви е како децата да ви играат на сред „Партизанска„ а вие да си ги лакира...
19/02/2025

Од констатацијата на министерот нема фајде.

Тоа ви е како децата да ви играат на сред „Партизанска„ а вие да си ги лакирате ноктите или пиете пиво во некој од локалите....

Дознај повеќе на долниот линк:

„Резултатите се поразителни„ – го констатираше неодамна министерот Панче Тошковски она што ние го живееме 34 години.И навистина е така. Околу оваа изјава не го обв...

Address

Скопје

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kоуч Ера Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Kоуч Ера Македонија:

Share