Што се бизнис инкубатори?
Бизнис инкубаторите го негуваат развојот на претприемнички компании, и воедно им помагаат да го преживеат периодот на започнување со бизнисот (кога се најранливи) и секако, им помагаат да го прошират својот бизнис. Бизнис инкубаторите го негуваат развојот на претприемнички компании, и воедно им помагаат да го преживеат периодот на започнување со бизнисот (кога се најранл
иви) и секако, им помагаат да го прошират својот бизнис.Бизнис инкубаторите им овозможуваат на своите клиенти разновидни услуги и ресурси кои им се потребни во периодот кога се млади компании. Овие услуги и ресурси вклучуваат: помош при управување, помош при планирање и секако, финансиска помош. Инкубаторите, исто така, им даваат на нивните клиенти работен простор со флексибилна кирија, канцелариски услуги и опрема- се на едно место. Главната цел на овие програми за бизнис инкубација е да се создадат нови компании кои ќе креираат нови работни места,а со тоа и богатство во тие региони.
Кои се различните типови на бизнис инкубатори?
• Повеќето бизнис инкубатори работат како непрофитни организации кои се фокусирани на економскиот развој.
• Постојат и инкубатори кои се профитно ориентирани, и работат со цел да остварат добивка.
• Друг тип на бизнис инкубатори се „мешани“ (од првите два типа), кои им помагаат на претпријатијата во раните фази.
• Поголем процент од бизнис инкубаторите се фокусирани на бизниси од областа на ICT.
• Помал дел од инкубаторите се фокусирани на бизниси од областа на производството.
• Уште помал процент се фокусирани на бизниси од областа на услугите.
Дали бизнис инкубацијата е нова индустрија?
Не. Терминот бизнис инкубатор доби на популарност со новиот термин, т.н. Интернет инкубатори, но моделот на бизнис инкубација датира уште од 1950- тите. Моделот е прифатен од повеќе причини, меѓу кои е и зголемување на вработеноста во економски неразвиени општини, служејќи на некој начин како инвеститори.
Кој ги спонзорира бизнис инкубаторите?
Спонзори на бизнис инкубаторите може да бидат од индивидуи до цели организации кои сакаат да ги поддржат програмите за бизнис инкубација. Некои инкубатори се хибриди- имаат повеќе од еден спонзор.
За да се создаде успешна програма за инкубација, оние кои работат во инкубаторот и се одговорни за негово управување, прво мора да инвестираат време и пари за изработка на студија на остварливост. Со ова може да се утврди дали наведениот проект ќе има пазар, солидна финансиска база и силна поддршка од околината- сите критични фактори битни за успехот на еден инкубатор. Откако ќе се утврдат навдените работи, може да се пристапи кон имплементација на проектот.
Како инкубаторите им помагаат на start-up фирмите?
Инкубаторите им помагаат на своите клиенти на неколку начини:
• Управување со сопствени фондови, револвинг заеми и заеми за мали фирми
• Поврзување на компаниите со инвеститори (т.н. business angels)
• Работа со venture capitalists и поврзување на фирмите од инкубаторот со тие формални извори на инвестирање.
• Помагање на компаниите при аплицирање за банкарски кредити
Како инкубаторите придонесуваат на локалната и регионалната економија?
Инкубаторите креираат нови работни места, го заживуваат соседството и промовираат нови технологии, притоа зацврстувајќи ја локалната, регионалната, дури и националната економија.