13/07/2026
📢 Важна информација за сите работодавачи!
Агенција за вработување на РСМ / Agjencia për punsim e RMV@ го објави новиот Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни компании, социјални претпријатија и граѓански организации кои планираат да отворат нови работни места и да го прошират својот тим.
Во рамки на мерката се обезбедува финансиска поддршка во износ до:
👉 250.000 денари за вработување лица до 29 години;
👉 220.000 денари за вработување лица од ранливи категории;
👉 160.000 денари за вработување невработени лица над 29 години.
Работодавачите кои ќе ја користат оваа мерка имаат обврска нововработените лица да ги вработат на неопределено време со полно работно време и да го задржат работниот однос во период утврден со јавниот повик.
🗓️ Рокот за поднесување на пријавите е до 24 јули 2026 година.
Доколку размислувате за проширување на вашиот тим, ова е вистинска можност да обезбедите финансиска поддршка и истовремено да инвестирате во развојот на вашиот бизнис.
👇👇👇
02 3115 858; 071 220 829