Зелен Баир

Зелен Баир Initiative Green Bair, Bitola.

02/03/2026
🌲Денеска се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и...
03/12/2023

🌲Денеска се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и Center for European Development and Integration
🌲 Во овогодинешната акција 50-тина учесници од сите возрасти засадија 500 зимзелени садници од црн бор на потегот над црквата Св. Четириесет Маченици во месноста Кркардаш.
🌲Во изминатите 4 години беа засадени повеќе од 1000 садници од кои дел веќе се адаптирани и го разеленуваат просторот. Со денешната акција беа заменети и пополнети празнините во новиот појас шума кој го создаваме и пошумувањето се прошири во делот на падината под репетиторите.
🌲Главната цел на иницијативата која во 2019 започна како граѓанска акција поддржана од Forum-CSRD / Форум-ЦСИД е обновување на опожарениот зелен појас што ќе води кон подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, ублажување на ефектите од климатските промени и создавање на нов простор за рекреација на битолчани.
🌲Дополнително значење на акцијата и дава тоа што преку неа секоја година најмладите кои со своите родители се дел од акцијата се учат за природата и заштита на животната средина и ја развиваат навиката и свеста за потребата од садење и заштита на дрвата и шумите.
🌲Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување беа BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа заложбата за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и помогнаа во набавката на садниците и активно се вклучија во пошумувањето.

🌲🌲🌲🌲🌲 Утре од 11:00h ве очекуваме кај "Кркардаш" на дружба. Ние ќе ве послужиме со садник за бор и топол напиток, а вие ...
02/12/2023

🌲🌲🌲🌲🌲 Утре од 11:00h ве очекуваме кај "Кркардаш" на дружба. Ние ќе ве послужиме со садник за бор и топол напиток, а вие дојдете и засадете бор. Доколку имате понесете и алат, а доколку не, ќе споделиме тие кои ќе носиме. 🌲🌲🌲🌲🌲

Претходните години имавме по 100-200 садници и често луѓето не прашуваа "оти не кажавте? или зошто не направите нешто помасовно?". Оваа година успеавме да обезбедиме повеќе од 800 садници и споделуваме со сите познаници, граѓански организации, медиуми, дури направивме и плакати кои се поставени низ градот.

Точно е дека е малку во споредба со тоа што треба да биде, но така почна, дека малку, по малку, за неколку години ќе станат многу.

Да ја обновиме поранешната борова шума на ридот над Населба Bair, Bitola.

Оваа година акцијата е поддржана од општествено одговорните компании на BV Business Group и Center for European Development and Integration

#ЗеленБаир

#ЗеленБаир

ПЕТТА АКЦИЈА - ЗЕЛЕН БАИР - НЕДЕЛА 03.12.2023  ОД 11:00 ДО 13:00  Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Cen...
29/11/2023

ПЕТТА АКЦИЈА - ЗЕЛЕН БАИР - НЕДЕЛА 03.12.2023 ОД 11:00 ДО 13:00

Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Center for European Development and Integration ве повикуваат во НЕДЕЛА на 03.12.2023 од 11:00 до 13:00 да земете учество во петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир над месноста Кркардаш.

Во овогодинешната акција ќе треба да засадиме повеќе од 800 зимзелени садници од црн бор и Вашата помош ни е повеќе од потребна.

Зборно место за вклучување во акцијата е платото над црквата Св Четриесет Маченици во периодот од 11:00 до 13:00. Ние ќе ги обезбедиме садниците а вие понесете алат за садење.

Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување се BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците.

Пред 3 години и денес. Со овие фотографии би сакале да ви најавиме уште една мала акција за пошумување, 5-та по ред. Дел...
08/11/2023

Пред 3 години и денес. Со овие фотографии би сакале да ви најавиме уште една мала акција за пошумување, 5-та по ред. Дел од засадените успешни садници, веќе наликуваат на дрвја и го раззеленуваат просторот.
#следете #ЗеленБаир

 #ЗеленБаир
10/10/2023

#ЗеленБаир

13/12/2022
ЧЕТВРТА АКЦИЈА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗЕЛЕН БАИР!🌲Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Center for European Devel...
10/12/2022

ЧЕТВРТА АКЦИЈА НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗЕЛЕН БАИР!🌲

Граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Center for European Development and Integration по четврт пат ја реализира акцијата за пошумување на ридот Баир над месноста Кркардаш. Во овогодинешната акција беа засадени 200 зимзелени садници од црн бор.

Покровител и спонзор на четвртата акција за пошумување се BV Business Group кои како општествено одговорна групација на компании ja препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците и со својот тим се вклучија во реализација на акцијата за пошумување.
Во оваа акција како и изминатите години учество зедоа членовите на здруженијата кои се дел од Платформата ЗЕМИ ЗДИВ.

Во претходните три акции на ЗЕЛЕН БАИР беа засадени повеќе од 400 зимзелени садници од кои дел успешно се адаптираа и веќе го зазеленуваат просторот.

Оваа година беа пополнети празнините во веќе засадените леи и беше отворен нов појас во кој се засадени новите садници од црн бор. Заложбата на ентузијастите собрани околу иницијативата Зелен Баир е обнова на поранешната борова шума на ридот Баир која има функција на бели дробови на градот и создавање на уште еден простор за рекреација на битолчани. Преку овие пошумувања се обидуваме да создадеме нов зелен појас кој има за цел до доведе до подобрување на амбиенталниот воздух и да помогнеме во намалувањето на ефектите од климатските промени.

Огромна благодарност за сите кои беа присутни на нашата четврта акција и сите оние кои го дадоа својот придонес за да се реализира истата.

#иницијативазеленбаир
#зеленбаир
#зеленбаирбитола


#бв

ТРЕТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗЕЛЕН БАИР!Денес 13.11.2021 се реализираше третата акција за пошумување на н...
13/11/2021

ТРЕТА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗЕЛЕН БАИР!

Денес 13.11.2021 се реализираше третата акција за пошумување на неформалната Иницијатива Зелен Баир.

Учество на овој настан зедоа околу 30-тина учесници и се засадија повеќе од 115 зимзелени садници од кои најголемиот дел (околу 80) се бор.

Оваа акција се реализира со поддршката од здруженијата Center for European Development and Integration и ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ, донација на неколку садници од Green Garden Centar & Rasadnik и финанскиска поддршка на КЈП Нискоградба-Битола и уште неколку општествено одговорни приватни фирми.

Во претходните 2 акции (првата на 17 Ноември 2019 год. и втората на 12.12.2020) беа засадени повеќе од 300 зимзелени садници од кои дел успешно се адаптираа и веќе го зазеленуваат просторот.

Овие акции за пошумување на ридот над Населба Bair, Bitola имаат за цел да помогнат да ја обноват поранешната борова шума, да продонесат во подобрувањето амбиенталниот воздух и да придонесат во креирање на подобро место за рекреација на битолчани, да помогнат во намалувањето на ефектите од климатските промени, како и да ги поттикнат граѓаните повеќе да се грижат за заштитата на животната средина.

#ИницијативаЗеленБаир
#ЗеленБаир

#ЗеленБаирБитола

Дрвцата кои беа засадени со првата акција на Иницијативата Зелен Баир веќе втора година го зазеленуваат просторот. 🤗🌲🌳🌿🌍...
09/04/2021

Дрвцата кои беа засадени со првата акција на Иницијативата Зелен Баир веќе втора година го зазеленуваат просторот.
🤗🌲🌳🌿🌍
#ЗеленБаир

Address

Bitola
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Зелен Баир posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Зелен Баир:

Share