Историја:
Нашата фамилија е со потекло од с. Долно Трогерци. Од секогаш се занимавала со земјоделство и сточарство се до 1962ра кога се преселиле во Штип. За кратко време се вратиле на оваа дејност бидејќи носталгијата и тежината на каменот влечеле кон коренот. Првиот посериозен чекор кон лозарството е направен во 2009та кога ја насадивме првата парцела со вранец и ризлинг, а подоцна во 2012 го пр
оширивме со уште 2 парцели вранец и сега располагаме со 7 хектари сопствени лозови насади. Конечно во 2021ва одлучивме грозјето произведено во нашите насади да го преточиме во шише кое ќе му овозможи секому да проба голтка од нашата историја и тероар.
Географија:
Визбата се наоѓа во с. Долни Балван (10 км од Штип), а лозовите насади на само 4 км од визбата во околината на с. Долно Трогерци што спаѓа во Овчеполското виногорје. Овој вински регион се карактеризира со континентална клима, но и влијание од медитеранската клима. Самиот терен оневозможува ладните ветрови од север да влијаат на лозовите насади бидејќи постои природен заштитен појас од планини, ветровите од југ се постојани што го прават овчеполието најветровито место на балканот, а тоа ни помага при заштитата на виновата лоза од болести. Почвата е сиромашна со нутриенти, но тоа овозможува самата лоза да развива подлабок корен, а со тоа и самите вина од ова грозје се со поминерален вкус, a бидејќи гроздовите се помали вкусовите се посконцентрирани. Во составот на почвата влегуваат мешавина од песок, чакал и глина, но и шкрилци кој во текот на денот се загреваат, а ноќе ја испуштаат топлината за да ја намалат огромната температурна разлика помеѓу денот и ноќта. Оваа температурна разлика овозможува гроздовите да созреат подоцна, а со тоа е постигнат баланс помеѓу биолошката и фенолната зрелост.
Нашите лозови насади се на надморска висина од околу 330 м.
Наследство:
Името на визбата доаѓа од ридот Киево, во чиј пазуви се наоѓа нашето родно село. Логото, буквално е пресликано од камен кој е ископан од археолошки локалитет (за жал сеуште неистражен) на врвот од Киево што се верува дека е тврдина изградена во ист период како Баргала.
Нашите вина:
Моментално располагаме со две вина, ризлинг и вранец кои се основните два производи ("entry level"), но во 2022 планираме да лансираме уште 2 производи кои за сега ќе бидат изненадување. Надежно во иднина ќе додаваме уште минимум 2 производи годишно, а во тек се и подготовки за садење на нови лозови насади со сорти кои сметаме дека ни се потребни.
Ризлингот се карактеризира со светло жолта боја и зеленишкави тонови, средно лесно тело, високи киселини, цитрусни ароми и вкусови. Добро изладено служи за одлично освежување во летните горештини.
Вранецот се карактеризира со сјајна рубин црвена боја, средно полно тело, високи киселини и танини, ароми на шумски овошја каде што доминира боровинка и капина, но и притаени ароми на путер и ванила добиени со секундарна ферментација.