Ј.П. Паркинг Кавадарци

Ј.П. Паркинг Кавадарци Ј.П. ПАРКИНГ Кавадарци е јавно претпријатие кое е основано поради одржување, користење, паркирање и давање соодветни услуги.

18/02/2026

Nyd de videoer og den musik, du holder af, upload originalt indhold, og del det hele med venner, familie og verden på YouTube.

14/01/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ги известуваме сите корисници дека неискористените билетите за паркирање купени по стара цена можат да се заменат до крајот на неделата во просториите на ЈП ПAРКИНГ КАВАДАРЦИ.
Замената ќе се врши со соодветна доплата, согласно новиот ценовник.
Ги молиме корисниците при замената да ги приложат билетите што ги поседуваат.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,
ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ

12/01/2026

Почитувани корисници,

ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ Ве информира дека стапуваат на сила нови цени за паркирање и дополнителни услуги:
🅿️ Паркирање за 1 час по зони:
🔹 А зона – 45 денари
🔹 Б зона – 30 денари
🔹 Ц зона – 20 денари
🚫 Надоместок за нерегулирана паркинг сесија / непрописно паркирање – 1.500 денари
🚛 Подигање на возило (пајак-служба):
▪️ Подигање на возило на лице место – 2.000 денари
▪️ Подигање на возило и пренос во ДЕПО – 3.000 денари
Ги замолуваме сите корисници да ги почитуваат сообраќајните правила и условите за користење на паркинг услугите.
Ви благодариме на довербата и разбирањето.
Со почит,
ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ

05/09/2025

ИЗЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека, во деновите 05, 06, 07 и 08 Септември 2025 година, за време на одржувањето на културната манифестација "Тиквешки гроздобер 2025", паркирањето на сите јавни паркиралишта во град Кавадарци е бесплатно за сите корисници, посетители и гости.

Ви посакуваме пријатни празнични моменти и убаво расположение.

Со почит,
ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ

01/09/2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат корисниците на паркинг услугите на ЈП "ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ" Кавадарци дека на ден 01.09.2025 година, со почеток од 21:00 часот ќе се врши обележување на хоризонталната патна сигнализација и паркинг местата на ул.Браќа Хаџи Тефови (зона В5) и ул.Благој Крстиќ - позади Тинекс (зона В12) па поради тоа, потребно е истите да ги отстранат своите возила и да ги паркираат на следната најблиска зона, со цел непречено извршување на наведените работни активности.
Возилата кои ќе бидат затекнати на местото на обележувањето и истите ќе попречуваат при обележувањето ќе бидат дислоцирани од пајак службата.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
ЈП "ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ" Кавадарци.

27/08/2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат корисниците на паркинг услугите на ЈП "ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ" Кавадарци дека на ден 27.08.2025 година, со почеток од 22:00 часот ќе се продолжи со обележување на хоризонталната патна сигнализација и паркинг местата на ул.Илинденска (зоните А1, А5, А6 и А7) па поради тоа, потребно е истите да ги отстранат своите возила и да ги паркираат на следната најблиска зона, со цел непречено извршување на наведените работни активности.
Возилата кои ќе бидат затекнати на местото на обележувањето и истите ќе попречуваат при обележувањето ќе бидат дислоцирани од пајак службата.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
ЈП "ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ" Кавадарци.

26/08/2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ
Се известуваат корисниците на паркинг услугите на ЈП "ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ" Кавадарци дека на ден 26.08.2025 година, со почеток од 21:00 часот ќе се врши обележување на хоризонталната патна сигнализација и паркинг местата на ул.Илинденска (од Стопанска Банка до кружен тек) зона А1, А5, А6 и А7 па поради тоа, потребно е истите да ги отстранат своите возила и да ги паркираат на следната најблиска зона, со цел непречено извршување на наведените работни активности.
Возилата кои ќе бидат затекнати на местото на обележувањето и истите ќе попречуваат при обележувањето ќе бидат дислоцирани од пајак службата.
Ви благодариме на разбирањето.
Со почит,
ЈП "ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ" Кавадарци.

22/08/2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани корисници,

ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ Ве известува дека на ден 23.08.2025 година (сабота), со почеток од 10:00 часот, ќе бидат затворени за паркирање следните паркинг-зони во централното градско подрачје, поради одржување на показна вежба на ЕБР во соработка со МВР:

🔹 Зона А3 – ул. Тиквешко Востание (од маркет ТД до крајот на улицата)
🔹 Зона В1 – Подземна гаража
🔹 Зона А9 – ул. Фердо Росомански (до тунелчето)
🔹 Зона А4 – ул. Мито Хаџи Василев (од семафорите кај Стопанска банка до Дироко)
🔹 Зона А2 – ул. „7ми Септември“ (од киното до Полициската станица)
🔹 Зона А1 – ул. Илинденска (од Стопанска банка до објектот Ферчо)

🅿️ Ве молиме навремено да ги препаркирате Вашите возила на околните достапни паркинг-зони.
🚫 Во спротивно, возилата ќе бидат дислоцирани од страна на пајак-службата.

Ви благодариме на разбирањето и соработката.

Со почит,
ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ

13/06/2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Почитувани корисници,

ЈП ПАРКИНГ Кавадарци изврши презонирање на одредени зони и тоа:
A11 - Резидентно-комерцијално паркиралиште на паркинг просторот на улица “Фердо Росомански",
В6 – на Булевар “Никола Минчев” од двете страни на булеварот од кружен тек до крстосница со Булевар"Македонија",
B10 – на Булевар “Кочо Рацин” од двете страни на булеварот,
В14 – на Булевар “Моша Пијаде” од двете страни на булеварот,
В15 – на улица “7ми Септември” од десната страна на улицата,
В16 – на улица “Дисанска” од десната страна на улицата,
ВЕ – еко паркинг место на улица “7ми Септември”,
како и воведување на две нови зони и тоа:
В3 – на улица “Димката А.Габерот” од левата страна на улицата,
С9 – на улица “Видео Смилески-Бато” од двете страни на улицата.

За дополнителни информации контактирајте нѐ секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на телефон 043/400-505 или во просториите на ЈП ПАРКИНГ Кавадарци - ул.7ми Септември бр.1 Кавадарци.

Со почит,
ЈП ПАРКИНГ Кавадарци.

ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ-Кавадарци со донација од 107.631 денари за ЈЗУ Општа болница Кавадарци
19/05/2025

ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ-Кавадарци со донација од 107.631 денари за ЈЗУ Општа болница Кавадарци

На денешната седница на Советот на Општината, директорот на јавното претпријатие за паркинг, Таск...

12/05/2025

Службите на Ј.П. ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ-Кавадарци, во соработка со ОВР Кавадарци и инспекциските служби на Општина Кавадарци, на служба за граѓаните во делот на регулирање на сообраќајот и комплетно одржување на сообраќајната патна сигнализација и јавното осветлување во Општина Кавадарци.

Следејќи ги трендовите за дигитализација на услугите, ЈП „ПАРКИНГ “ Кавадарци  ја пушти во употреба апликацијата "мПарки...
27/11/2024

Следејќи ги трендовите за дигитализација на услугите, ЈП „ПАРКИНГ “ Кавадарци ја пушти во употреба апликацијата "мПаркинг" за зонско паркирање која ќе биде достапна за користење на IOS и ANDROID уредите.
📲Апликацијата е бесплатна за симнување на Play Store i App Storе, едноставна за примена и нуди низа поволности, меѓу кои, можност преку ГПС прецизно и точно да се утврди локацијата на возилото на корисникот, а со тоа и зоната на паркирање, потоа брзо и безбедно плаќање со автоматако генерирање на SMS порака или преку надополнување на средства преку дебитна или кредитна картичка, листа на историја со плаќања и слично.
Ова е уште еден начин со кој ЈП „ПАРКИНГ“ Кавадарци ги приближува своите корисници до едноставно, брзо и паметно плаќање на нивните услуги.

Address

Kavadarci
1430

Opening Hours

Monday 07:00 - 22:00
Tuesday 07:00 - 22:00
Wednesday 07:00 - 22:00
Thursday 07:00 - 22:00
Friday 07:00 - 22:00
Saturday 07:00 - 22:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ј.П. Паркинг Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ј.П. Паркинг Кавадарци:

Share