АМД Технички Преглед Кавадарци е основано 1948 година, а поактивно како здружение на граѓани функционира од 1952 година, при тоа извршувајќи ги функциите; автомоеханичарските услуги за поправка на возила, транспортни услуги и обука на кандидати, односно регрути за возачи на моторни возила во ЈНА. Така друштвото после 1975 година врши и услуга давање помош на пат преку службата ,,Помош Информации,, опремено со стручни лица и со возила за шлеповање, издава Тир карнети го развива членството во АМСМ, издава меѓународни документи, врши обука на возачи од сите категории со сопствена авто школа. Во 2006 год доаѓа до централизација на Службата Помош Информации и преминува во надлежност на АМСМ Скопје. АМД Технички Преглед Кавадарци беше и организатор на брзински мотот трки кои се рангираа за шампионатот на бивша Југославија и тоа по ред 1976, 1977 и 1978 година. Исто така беше и организатор на мото крос Балканско првенство 1996 и 1997 година на полигонот Росоман – Паликура. Активно учествуваше на релито Сутјеска, така да 1971 година освои пехар за најмасовно Авто Мото Друштво во Југославија и тоа со караван од 75 возила кои уредно стигнаа на целта - Сутјеска. Во 1992 година АМД Технички Преглед Кавадарци добива овластување за отварање Станица за технички преглед на моторни и приклучни возила. Денес АМД Технички Преглед Кавадарци располага со современа станица за технички преглед опремени со современи уредите од Германскиот производител MAHA.