Poetica Winery

Poetica Winery Винарија „Поетика“ е мала семејна винарија основана во 2023 година во Кавадарци.

Животот е создавање, но истовремено и можност за искусување на сѐ она што овој свет го нуди. Човекот може да одбере да им даде подлабока смисла на природните работи и истите да ги претвори во некоја нова вредност. Идејата за создавање нешто ново, на создавачот му дава нова смисла на неговото, но и на постоењето на она што го создал, и му овозможува задоволство од истото.

Имајќи го ова како размис

ла, кај нас се роди идејата да основаме семејна винарија со цел да развиваме своја филозофија во винската култура. Си поставивме задача, од најдоброто зрно грозје да ја направиме најубавата капка вино. Зарем не е благородно, секоја скриена арома во зрното грозје, секој скриен и нескриен вкус, да го преточиме во капка вино, вино што ги открива скриените, но и ги зачувува нескриените ароми и вкусови.

Го „отвораме“ секое бело, розово и црвено зрно, и со посебна нега, висока стручност, својствен пристап и голема љубов, создаваме сорти на вино за сечии вкусови. Создаваме вино, секое на посебен начин, секое од нив „родено“ и „одгледано“ на начин што нему му е потребен. Па така, сега секој конзумент ќе може да ужива во вкусот кој тој го сака, во аромата што нему му прави неизмерно задоволство.

Веруваме дека секоја вкусена капка вино кај Вас ќе предизвика пријатно чувство и задоволство што ќе трае. Веруваме дека многу убави и весели моменти во Вашите животи ќе бидат проследени со вкусување на нашите вина. Рековме „нашите“ вина. Сепак, во нашата филозофија тоа значи „Вашите“ вина, затоа што ние тие ги создаваме за Вас, затоа што Вие ќе ги конзумирате живеејќи ги Вашите убави моменти.

„Животот е вечно доживување“, ќе рече големиот Виктор Иго. Нам, навистина ќе нѝ причува задоволство доколку Вашето живеење и многу Ваши убави моменти бидат проследени со добра капка вино од вината на смејната винарија „Поетика“.

Во наше и Ваше здравје.

28/07/2026

✨ Уживајте во врвни вкусови, прекрасен амбиент и незаборавен поглед кон Охридското Езеро.

📍 Вината на Поетика отсега и во Holiday M Охрид - место каде што секој момент е инспирација.

#Поетика #Охрид

14/07/2026

Со големо задоволство ве известуваме дека вината на Поетика отсега се дел од винската понуда на Ресторан Канео во Охрид. 🍷

Доколку сте покрај Охридското Езеро, уживајте во врвните вкусови на Поетика во прекрасниот амбиент на Канео.

Наздравје! 🥂

07/07/2026

Купете ги врвните вина на винаријата „Поетика“ во дисконтот за пијалоци „Алпојо“ во Охрид

Животот е прекраток за да се пие лошо вино, порачуваме од винарија „Поетика“ од Кавадарци, од каде по охридската промоција на нашите врвни вина, Ви ги споделуваме и локациите каде можете да ги купите.

- Дисконтот за пијалоци „Алпојо“ е локален партнер на „Поетика“ во Охрид и место каде можете да ги купите нашите вина. Станува збор за компанија со сериозна традиција, која работи уште од далечната 1993 година, од кога за краток период успева да стане успешен конкурент на пазарот. Од самиот почеток се занимава со трговија на големо со алкохолни и безалкохолни пијалоци, а од 2002 година ја проширува дејноста и со производство и преработка на прашкасти и зрнести производи. Лоцирани се на улицата „Марко Нестороски“ бр. 62, а дополнителни информации можете да добиете на телефоните 046/260-489 и 046/231-168, или на нивната веб страна, порачуваат од винаријата „Поетика“.

Нашите вина се совршен спој на традицијата и современите вински техники на создавање свежо и трајно вино. Со длабока почит кон лозарството и инспирација од уметноста, секое шише вино носи уникатна приказна, исполнета со страст, посветеност и љубов кон виното, што му дава посебен карактер и душа. Винаријата „Поетика“ од Кавадарци се издвојува со своите исклучителни и внимателно селектирани бели, црвени и розе вина, кои го носат целото богатство на македонската почва и винската традиција.

Животот е прекраток за да се пие лошо вино…

Врвните вина на винарија „Поетика“ во Охрид се дел од винската карта, и можете да ги пробате и во хотелот „Холидеј-М“, на самиот брег на Охридското Езеро, во прекрасната населба „Свети Стефан“.

Нашите вина на нови локации во Охрид, прочитајте повеќе 👇
30/06/2026

Нашите вина на нови локации во Охрид, прочитајте повеќе 👇

Охрид, 30. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Животот е прекраток за да се пие лошо вино, порачуваат од винаријата „Поетика“ од Кавадарци, од каде по охридската промоција на нивни...

22/06/2026

Ви пренесуваме дел од атмосферата од дегустацијата одржана на 19.06 во Алкотека „Платинум“.

Вечер исполнета со одлични вкусови, пријатно дружење и љубов кон виното.

Благодарност до сите кои беа дел од ова незаборавно искуство! 🍷

#Поетика #Дегустација #Платинум #ВинскаПриказна

Вечер исполнета со вкусови, ароми и одлично друштво!На 19.06 во Алкотека Платинум уживавме во ексклузивна дегустација ка...
20/06/2026

Вечер исполнета со вкусови, ароми и одлично друштво!

На 19.06 во Алкотека Платинум уживавме во ексклузивна дегустација каде што секоја чаша раскажуваше своја приказна. 🍷🥂

Благодарност до сите гости кои беа дел од ова прекрасно искуство и придонесоа за незаборавната атмосфера.

Благодарност и до Saso Mitan и Ohrid Press за несебичната поддршка и промовирањето на настанот и винаријата.

Добрата енергија, внимателно одбраните вкусови и прекрасното дружење уште еднаш покажаа дека најубавите моменти се создаваат кога се споделуваат. ❤️

Се гледаме на следниот настан!

#дегустација

17/06/2026

Охрид, 15. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 19 јуни, повелете на промоција на врвните вина на винаријата „Поетика“ во Platinum Liquor Store во Охрид. Ве очекуваме да ја вкусите ...

15/06/2026

🍷Овој петок, 19 јуни, повелете на промоција на врвните вина на винаријата „Поетика“ во Platinum Liquor Store во Охрид.🍷

🥂Ве очекуваме да ја вкусите оваа неповторлива и автентична филозофија со љубов кон грозјето и виното.🥂

🍇Винарија „Поетика“ од Кавадарци се издвојува со своите исклучителни и внимателно селектирани бели, црвени и розе вина, кои го носат целото богатство на македонската почва и винската традиција.🍾


🍷🧀Во петок по 20:00 часот ве очекуваме на дружење и free wine-tаsting вечер во Platinum Liquor Store во Охрид.🏡

📍Булевар „Туристичка“, веднаш до поранешен клуб „Наполеон“.

📞Резервации на 075/303-023.

Почитувани пријатели, консументи на убаво вино! 🍷Заокружете ја годината што изминува во пријатниот амбиент на Poetica Wi...
03/12/2025

Почитувани пријатели, консументи на убаво вино! 🍷
Заокружете ја годината што изминува во пријатниот амбиент на Poetica Winery, организирајќи ја вашата предбожиќна забава со вашите најблиски, пријатели, колеги, уживајќи со префинетите вкусови на нашите вина и вкусна храна.

Најава на тел. 📞078 464 135

Ви благодариме!

Address

Cano Pop Ristov 31
Kavadarci
1430

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Poetica Winery posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Poetica Winery:

Shortcuts

Share