11/06/2026
Дали воопшто ги купуваш овие вина и ако не, еве што пропушташ👇
Убаво е да испратиш три вина и за сите три да добиеш медали ✨ и тоа на . Но, уште поубаво е кога секое од нив раскажува уникатна “Приказна во шише”.🍷
🥇 Нашата златна Пловдина е вино кое кај нас речиси секогаш го избираат жените. И сега искрено се прашувам… Што е тоа што жените го откриле кај Пловдина, а мажите сè уште не успеваат да го разберат?
🥇 Нашиот златен Прокупец е сосема друга приказна. Дури 95% од луѓето што го купуваат се мажи, најчесто под 40 години. Па се прашувам, што е тоа што тие го препознаваат во Прокупец, а другите сè уште не го откриле?
🥉 А тука е и нашето македонско девојче – Станушина. Со бронзен медал уште еднаш потврди дека македонските приказни 🇲🇰 вредат да се раскажуваат. Не затоа што се најгласни. Туку затоа што се уникатни.
Кое вино ќе го отвориш прво?
💬 Пиши ми во коментар.