Пејпер Мил Кочани е единствена фабрика за рециклирање на отпадна
хартија во Македонија. Фабриката за хартија во Кочани е една од најстарите фабрики во Македонија основана во 1963 година, која се наоѓа на подрачјето на општина Кочани и зафаќа вкупна површина од 80 000 м2.
Во 2016 година фабриката ја презема Групацијата - UNITRADE CLUSTER од Република Бугарија и веднаш по нејзиното повторно отворање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети, застарени
поради нејзиниот престанок на работа претходните години. Од моментот на рестартирање на фабриката, па сé до денес во неа е вложено повеќе од 8 милиони евра во унапредување на технологиите за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на производите, како и зголемување на капацитетот. Посебен пристап беше направен кон Чистите технологии и адаптација за рециклажа. Денес фабриката работи 100% рециклажа на хартија со модерна пречистителна станица и користи исклучиво био маса и био гас како основни енергенси. Фабриката поседува А Интегрирана дозвола од Министерство за животна средина на Република Северна Македонија, како и повеќе сертификати за квалитет и екологија.
Фабриката ги задоволува капацитетите за рециклажа на целата отпадна хартија на ниво на Република Северна Македонија. Моменталниот капацитет за рециклирање е 15.000 тони отпадна хартија годишно, која Пејпер Мил ја претвора во современи и квалитетни хартиени продукти. Веќе се направени проекти за тројно зголемување на овој капацитет.