Фарма Надеж

Фарма Надеж На Фарма Надеж се занимаваме со пчеларство, овоштарство и производство на мед, пчелни производи и јаболков оцет.

05/07/2023

Работилница за мед 🍯

Купувајте мед од локални произведувачи🍯 Без пчели, ќе нема храна! Багремов мед / сезона 2023 🐝🍯🍀
05/07/2023

Купувајте мед од локални произведувачи🍯 Без пчели, ќе нема храна! Багремов мед / сезона 2023 🐝🍯🍀

20/05/2023

Денес е Светски ден на пчелата. Се одбележува на 20 мај, денот кога во Словенија е роден Антон Јанша(1734 година), пионер на модерното пчеларство.

На овој ден се потврдуваат заложбите за заштита на пчелите и развој на пчеларството, но и подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачи , загрозеноста на нивниот опстанок и нивниот придонес за одржлив развој.

Несомнено големи заслуги за зачувување на македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) има Македонско здружение за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела кое посветено работи на нејзина заштита, селекција и промоција. Macbee е президиум на Slow Food Macedonia.

Пчелите се многу полезни мали инсекти. Без нив најголем број растенија не би биле опрашени, што значи не би се размножувале. А тоа значи дека ќе нема доволно разновидна храна за сите жители на планетата Земја – почнувајќи од најмалиот инсект, преку домашните и дивите животни, па се до човекот.

Пчелите играат незаменлива улога во природата, но малкумина знаат дека без нив животот на планетата Земја најверојатно би згаснал за 4 години. Тие се вистинско планетарно чудо, речиси најстарите жители на планетата Земја без кои нема живот.

Медот кој е целосно природен скапоцен производ од пчелите, луѓето го користеле во исхраната уште од најстарите времиња, кога немало лекари и болници како денес.
Медот и другите пчелини производи ( матичен млеч, прополис, пчелин восок, пчелин отров…) се чувари на нашето здравје, содржат минерали, витамини, ензими…многу значајни за правилен раст и развој на човечкото тело и многу лековити состојки кои се користат во медицината.
Постојат многу докази кои откриваат дека човекот ги употребувал восокот и медот пред 10 000 години.

Ние пчеларите секојдневно низ активностите за одгледување на пчелите, другаруваме со пчелите, и долго размислуваме како да им се заблагодариме за нивната работа и грижата за нас и за нашата планета.

Затоа, ајде да се обидеме да направиме нешто за нив, да им помогнеме! Можеме да бидеме еколози – да ги чуваме цвеќињата, да се грижиме за природата да не се загадува, да ги чуваме дрвјата – тие се нивните домови и извор на храна. Да се потрудиме на секој можен начин да им се заблагодариме на пчелите за сета добрина што ни ја прават нам и на нашата планета Земја.

📖👇👇👇
26/09/2022

📖👇👇👇

🆕 📒 Ви ја претставуваме најновата публикација подготвена во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), електронската брошура „Здружени пчелари за медена иднина“.

🐝 🍯 Во оваа брошура можете да прочитате и за пчелите и нивната важност за човештвото, за глобалните предизвици во пчеларството, за членовите на Меден Исток и нивното сведоштво заедно со други преостанати теми интересни за сите пчелари и луѓе со интерес за пчеларење во иднина.
👉 Брошурата е достапна на следниот линк:
https://bit.ly/3DTQhpz

📌 ©️ Програмата за зачувување на природата (ПЗП) е проект на Владата на Швајцарија, координиран од Фармахем - Скопје.

Embassy of Switzerland in North Macedonia Со грижа до бериќет

21/06/2022

[ #ПчеларскаЕдукација]

🏞 🐝 Програмата за зачувување на природата (ПЗП), заедно со Меден Исток спроведе научно-апликативно истражување за примена на биотехнички методи за контрола на крлежот (Varroa destructor) во летниот период како замена на вообичаената употреба на синтетички хемиски средства. Истражувањето беше спроведено со цел интегрирање на современи одржливи практики во пчеларството кај нас.

📊 Од добиените резултати, воедно споредувајќи ги со други европски истражувања, подготвен е прирачникот „Алтернативни методи за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства“. Во овој прирачник на најмодерен начин на принципот-чекор по чекор објаснети се методите: Затворање на матицата во кафез, Отстранување на легло и Рамка изолатор.

📒 Прирачникот можете да го симнете бесплатно на следниов линк:
https://bit.ly/39J92PL

Embassy of Switzerland in North Macedonia Со грижа до бериќет

🐝
06/06/2022

🐝

Колку од овие забавни факти за пчелите сте ги знаеле досега? 🐝 😀

Embassy of Switzerland in North Macedonia Со грижа до бериќет

Млади пчелари❤️
14/05/2022

Млади пчелари❤️

21/04/2022

🐝 По повод 20 Мај-Светскиот ден на пчелите, Едукативниот центар за зачувување на природата распишува конкурс за ликовна и литературна творба (поезија) на тема „Пчелата живот значи“.

👧👦 На конкурсот може да учествуваат ученици од 5 до 9 одделение од основните училишта во брегалничкиот регион.

🎨📔 Најдобрите ликовни и литературни творби одбрани од Комисијата за избор ќе бидат наградени и учесниците ќе имаат можност да ги презентираат на Светскиот ден на пчелите во рамки на прославата во Едукативниот центар во Негрево, заедно со нивните наставници-ментори.

Повеќе информации прочитајте на нашата веб страна: https://bit.ly/37zKFTI

07/04/2022

🌳🌸🐝 Пролетта е најдобар период од година за садење медоносни растенија односно растенија кои се извор на храна за пчелите. Притоа, треба да се внимава при изборот на растенијата кои се садат и се препорачува тоа да бидат автохтони видови на растенија и дрвја кои отсекогаш виреат на нашето поднебје. Со садење на туѓи видови кои се наоѓаат надвор од нивното природно подрачје се ризикува да настанат еколошки и економски последици бидејќи најчесто станува збор за инвазивни видови кои влијаат штетно врз локалните екосистеми.

Некои од автохтоните медоносни растенија се:
🐝 Дива цреша (Prunus avium)
🐝 Џанка слива (Prunus cerasifera)
🐝 Црна евла (Alnus glutinosa)
🐝 Даб горун (Quercus frainetto)
🐝 Даб плоскач (Quercus pubescens)
🐝 Липи (Tilia cordata, Tilia grandifolia)
🐝 Питом костен (Castanea sativa)
🐝 Горски јавор (Acer pseudoplatanus)
🐝 Црн јасен (Fraxinus ornus)

Embassy of Switzerland in North Macedonia Со грижа до бериќет

27/03/2022

Улицата „Македонија“ во строгиот центар на Скопје стана „медена“, а таква ќе биде до 26 овој месец до кога ќе бидат годинашните пролетни „Денови на македонскиот м...

Address

Probistip
2210

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фарма Надеж posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Фарма Надеж:

Share