25/05/2026
KUSABI 300 SC ново!
Активна материја: Pyriofenone 300g/L
Формулација: Концентрат за суспензија (SC)
Фунгицид наменет за сузбивање на пепелница кај винова лоза. Делува превентивно и куративно. Има одлично трансламинарно дејство, овозможува да се заштитат и неиспрсканите делови на листовите во близина на третираниот дел.
Примена:
Винова лоза: регистрирана доза е 0,15-0,3 L/ha, но према фазите на развој препорачани се следниве дози:
До почеток на цветање (до BBCH 59) во доза 0,15 L/ha
Во период на цветање (BBCH 60-70) во доза 0,25 L/ha
По цветање до почеток на дозревање на гроздот (BBCH 71-81) во доза 0,3 L/ha
Препорачано е да се примени два пати во текот на вегетација.
Cucurbitae (тиква, тиквица, диња, лубеница, краставица, корнишон): доза на примена е 0,4-0,5 L/ha