26/08/2026
Безбедноста започнува со подготвеност. 🔥
На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола успешно беше реализирана практична вежба за евакуација и противпожарна заштита, организирана од Премиум Сејфти Солушн, на иницијатива и во соработка со Општина Битола и Јавното комунално претпријатие.
Во рамки на вежбата беа тестирани процедурите за евакуација, алармирање и координирано реагирање при пожар или друга вонредна состојба. 🚒
Целта е јасна – подобра подготвеност, навремена реакција и повисоко ниво на безбедност за граѓаните, вработените и посетителите.
Премиум Сејфти Солушн – посветени на превенцијата и градењето култура на безбедност.