ArtActUm

ArtActUm Project Production Company

МОСКВА, 27 февруари. /ТАСС/. Константин Богомолов, Владимир Панков и Иван Поповски се меѓу најталентираните современи ру...
28/02/2026

МОСКВА, 27 февруари. /ТАСС/. Константин Богомолов, Владимир Панков и Иван Поповски се меѓу најталентираните современи руски режисери. Вакво мислење во разговор за ТАСС сподели ректорот на Рускиот институт за театарска уметност – ГИТИС, театарскиот критичар Григориј Заславски.
„Генијалноста е сложена категорија, која не ми е сосема разбирлива. Мислам дека меѓу најталентираните современи руски режисери може да се вбројат Константин Богомолов, Владимир Панков и Иван Поповски“, изјави соговорникот на агенцијата.
Образложувајќи го својот избор, Заславски истакна дека е важно режисерот да го види и да може на сцената да го прикаже она што не секогаш може да се каже со зборови. „Режисерот е уметник кој разбира нешто за животот и, со помош на актерите, светлото, звукот и уметничките слики што се раѓаат во процесот на пробите, го пренесува тоа до публиката. Ги споменав овие имиња затоа што ми помагаат да се справам со ужасите на денешниот живот. Овие тројца режисери ми помагаат да живеам. Театарот, во суштина, треба да му открива на гледачот нешто што ќе му даде желба да продолжи да живее“, заклучи тој.

Прекрасно поминавме вчера на проекциjата! И многу нови интересни детали дознавме на дискусиja 🌞Ана  Соња  фала ви многу ...
18/11/2024

Прекрасно поминавме вчера на проекциjата! И многу нови интересни детали дознавме на дискусиja 🌞
Ана Соња фала ви многу за љубопитен и топол разговор ♥️♥️

Денес после проекцијата на Лебедово езеро ќе разговараме со Соња Здравкова Џепароска  и Ана Стојаноска  :   - За нежна и...
17/11/2024

Денес после проекцијата на Лебедово езеро ќе разговараме со Соња Здравкова Џепароска и Ана Стојаноска :
- За нежна иронија спрема класичниот балет, за остра иронија спрема тогашното општество;
- За машкоста и нежноста:
Како маж смее а како не смее да се однесува во нашиот свет. Да бидеш брутален, силен, цврст - да, може, бујрум, ама нежен, мек, фин - срамно и непристојно;
- За пронаоѓањето на самиот себе си и за внатрешната борбата на белиот и црниот лебед во себе;
- За глобалното чувство на осаменост, природната жед за љубов и нежност и болката од нејзиното отсутство;
- За лични приказки поврзани со балетот.
Ве чекаме денес во 20:00 во МКЦ!

Метју Борн е уметник кој зборува за вечни теми на јазикот на модерниот танц, а претставата „Лебедово езеро“ е клучот за ...
16/11/2024

Метју Борн е уметник кој зборува за вечни теми на јазикот на модерниот танц, а претставата „Лебедово езеро“ е клучот за разбирање на овој јазик. Со овој балет тој ѓи смени идејата и односот кон неприкосновената класика. Да, тој го модернизираше, и го актуализираше, но со нежност и почит. Откако го елиминираше отворениот љубовен мотив, Борн ја подига својата претстава на фундаментално различно ниво, каде што љубовта е важна како апсолутна вредност.
Утре во 20:00 часот во МКЦ заедно со Ана Стоjаноска и Соња Џепароска ќе гледаме, а потоа и ќе разговараме за балет.
Ве чекаме!

Ако ве интересира современ балет,Ако се воодушевувате од  Чаjковски и од класична музикаИ ако сте спремни за потресна ин...
15/11/2024

Ако ве интересира современ балет,
Ако се воодушевувате од Чаjковски и од класична музика
И ако сте спремни за потресна интерпретациja на “Лебедово езеро” од страна на легендарниот Метју Борн,
Тогаш сигурно ќе се видиме на 17-ти на МОТ во кино Фросина.
По проекцијата, по традиција, ќе направиме разговор за виденото и почувствуваното - со Ана Стојаноска и Соња Здравкова Џепароска кои ќе споделат со нас стручни и лични размислувања и знаења, и се разбира со вас, со вашите впечатоци и мисли.

Address

Jurij Gagarin 71 A
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 18:00
Tuesday 08:00 - 18:00
Wednesday 08:00 - 18:00
Thursday 08:00 - 18:00
Friday 08:00 - 18:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ArtActUm posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share