Roche

Directions Website

Roche Doing now what patients need next!

09/10/2026

Да му дадеме приоритет на здравјето на очите.

Денес го одбележуваме Светскиот ден на видот.Да му дадеме приоритет на здравјето на очите.
08/10/2026

Денес го одбележуваме Светскиот ден на видот.
Да му дадеме приоритет на здравјето на очите.

Иновацијата има смисла само кога стигнува до секој пациент. 💡 Партнерството со Министерството за здравство е од суштинск...
01/10/2026

Иновацијата има смисла само кога стигнува до секој пациент. 💡 Партнерството со Министерството за здравство е од суштинско значење за претворање на научниот напредок во реалност — носејќи ги современите терапии поблиску до домот на секој кому му се потребни. Заедно градиме подостапно здравство!

Како до повеќе иновативни лекови за македонските пациенти — продолжуваме со конкретни чекори
🤝 Во Министерството за здравство остварив уште една средба со претставниците на „Рош“ (Roche) — Франсоа ду Тоа, раководител за регионот на Централна и Источна Европа, Турција, Русија и Индија, и Александра Ивановска, директорка за Македонија.
📌 Оваа средба е продолжение на разговорите што ги започнавме во 2024 година во Владата, заедно со претседателот Христијан Мицкоски. Тогаш, од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување, ја отворивме дискусијата за тоа како преку поповолни цени да овозможиме иновативна терапија за поголем број пациенти.
Денес ги адресиравме следниве клучни теми:
✅ Глобалните предизвици во пристапот до нови третмани и нивно прилагодување кон македонскиот здравствен систем
✅ Пролабочување на соработката со „Рош“ во областите онкологија, хематологија, неврологија, офталмологија и други
✅ Поддршка на процесот на децентрализација и приближување на третманите поблиску до местото на живеење на пациентите
💬 Нашата цел останува непроменета — иновативната терапија да не биде привилегија на малкумина, туку достапно право за секој пациент на кого му е потребна.
Им благодарам на г. Ду Тоа и на г-ѓа Ивановска за отворениот дијалог и за континуираната партнерска соработка.
#МинистерствоЗаЗдравство #Здравство #ИновативниЛекови #ФЗОМ #Онкологија #Хематологија #Неврологија #ЈавноЗдравје

Каде и да се наоѓате во светот, лицата со дијагноза на лимфом и хронична лимфоцитна леукемија минуваат низ слични предиз...
18/09/2026

Каде и да се наоѓате во светот, лицата со дијагноза на лимфом и хронична лимфоцитна леукемија минуваат низ слични предизвици при соочувањето со дијагнозата, изборот на опции за лекување и процесот на преживување. Во ова патување не сте сами.

Хематолозите секојдневно им пружаат поддршка на пациентите, соочувајќи се со сложените предизвици што ги носи DLBCL. Имајќи предвид дека дури до 40% од пациентите доживуваат релапс по првата линија на терапија, нашата заложба за развој на иновативни решенија е поитна од кога било досега.1,2

По повод Светскиот ден на свесноста за лимфом, го истакнуваме 25-годишното наследство на Roche во воведувањето пионерски третмани со фиксно времетраење и современи модалитети насочени кон олеснување на товарот за пациентите. Заедно чекориме и се справуваме со лимфомот.

Sehn LH, Gascoyne RD. Diffuse large B-cell lymphoma: optimizing outcome in the context of clinical and biologic heterogeneity. Blood. 2015;125(1):22-32.
Lymphoma Coalition. WLAD 2026 – Social Captions Final. Global Patient Survey Data; 2026.

Според податоците од Глобалното истражување за пациенти со лимфом и хронична лимфоцитна леукемија од 2026 година, 46% од...
17/09/2026

Според податоците од Глобалното истражување за пациенти со лимфом и хронична лимфоцитна леукемија од 2026 година, 46% од пациентите се соочиле со страв од релапс или прогресија на нивната болест. Ваквите чувства се широко распространети; тие можат значително да го нарушат квалитетот на животот, да предизвикаат анксиозност, депресија и изолација, како и да ја отежнат способноста за планирање на иднината.

По повод Светскиот ден на свесноста за лимфом, во Roche гордо ја поддржуваме и засилуваме иницијативата на Lymphoma Coalition — „Навигација на лимфом и хронична лимфоцитна леукемија заедно — ниту еден пациент не патува сам“. Со тоа ја истакнуваме важноста на тековните клинички иновации, чија цел е континуирано намалување на ризикот од релапс и обезбедување долготраен душевен мир за пациентите.

Lymphoma Coalition. 2026 Global Patient Survey on Lymphoma & CLL. WLAD Campaign Captions; 2026.

Врз основа на податоците од Глобалното истражување за пациенти со лимфом и хронична лимфоцитна леукемија од 2026 година,...
17/09/2026

Врз основа на податоците од Глобалното истражување за пациенти со лимфом и хронична лимфоцитна леукемија од 2026 година, дури 67% од испитаниците се соочиле со замор поврзан со нивното заболување. Дополнително, 43% од оние кои го пријавиле овој проблем останале без соодветна поддршка од својот медицински тим.1

Научните сознанија укажуваат дека раната интервенција против заморот — уште при поставивањето на дијагнозата или при самиот почеток на терапијата — е клучна за спречување на негово прераснување во долготрајна потешкотија.

По повод Светскиот ден на свесноста за лимфом, во Roche со гордост го даваме својот глас за кампањата на Lymphoma Coalition „Навигација на лимфом и хронична лимфоцитна леукемија заедно — ниту еден пациент не патува сам“. Со ова ја истакнуваме важноста од навремена и проактивна улога на здравствените работници во справувањето со заморот предизвикан од рак уште од првиот ден.

Lymphoma

Дијагнозата на лимфом или хронична лимфоцитна леукемија носи универзални искушенија за пациентите ширум светот. Поради п...
16/09/2026

Дијагнозата на лимфом или хронична лимфоцитна леукемија носи универзални искушенија за пациентите ширум светот. Поради предизвиците во текот на лекувањето, многумина чувствуваат дека нивниот целокупен живот е целосно превртен наопаку. Секојдневните рутини и активности, вклучително професионалниот и социјалниот живот, стануваат сè потешки или оневозможени, предизвикувајќи чувство на изолација и осаменост.

Пациентските организации во рамките на Lymphoma Coalition нудат суштинска поддршка, овозможувајќи им на пациентите и нивните блиски да најдат разбирање и поврзаност преку соодветни форуми и групи.

По повод Светскиот ден на свесноста за лимфом, Roche со гордост ја засилува глобалната порака на Lymphoma Coalition — „Навигација на лимфом и хронична лимфоцитна леукемија заедно — ниту еден пациент не патува сам“. Заедно работиме на подигнување на свеста со цел семејствата да добијат пристап до мрежи за поддршка кои ја враќаат стабилноста и поврзаноста за време на сложениот процес на грижа.

Address

Максим Горки бр. 13
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 08:00 - 17:00
Friday 08:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Roche posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share