МКБ АД Скопје

МКБ АД Скопје Нашата цел е да обезбедиме извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.

Македонско кредитно биро (МКБ) е првото и единствено приватно кредитно биро во Република Македонија. Основано е на 24.12.2008 година во Скопје, врз основа на Закон за кредитно биро, како акционерско друштво од страна на Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.
МКБ управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за финансискит

е обврски на правните и физичките лица со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на финансиските обврски.
МКБ располага со најголемата и дневно ажурна база на податоци, која ја користат сите банки, штедилници, финансиски друштва, друштва за финансиски лизинг, други даватели на кредити, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, градот Скопје и единици на локалната самоуправа, давателите на услуги од областа на комуналните дејности, енергетиката и телекомуникациите, други правни лица кои даваат услуги по основ на кои настануваат финансиски обврски за правните и физичките лица, како и физички лица кои не се сметаат за трговци согласно Законот за трговски друштва.
Во МКБ се доставуваат податоци за обврски по кредити, гаранции, акредитиви, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.
Типови на извештаи од МКБ: Сопствен извештај за физички и правни лица; Извештај за блокада на трансакциска сметка за физички и правни лица; АСИС за физички и правни лица (алармен систем за известување на субјекти кој им овозможува на субјектите да примаат e-mail пораки за состојбата и промените во нивното кредитно досие); Кориснички извештаи (извештаи што Корисник на податоци може да ги побара за одреден субјект на податоци било да е физичко или правно лице); Корпоративен извештај за проверка на бонитет на компании; Мониторинг (напредна алатка која овозможува редовно информирање за промените во статусот на клиентите - правни или физички лица кои се мониторираат); Меѓународни извештаи (извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет кои ги добива во соработка со Италијанското кредитно биро - CRIF S.P.A).

Македонското кредитно биро го честита празникот 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители. Св...
24/05/2026

Македонското кредитно биро го честита празникот 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители.

Светите браќа Кирил и Методиј со својата мисија како основоположници на словенската писменост и култура влијаеле врз културниот развој на сите Словени.

07/05/2026

Пред да одлучиш, информирај се!

Пред да потпишеш, провери!

Порталот Мој.МКБ на Македонско кредитно биро, ти обезбедува навремeни, точни и брзи финансиски и нефинансиски информации за твоите потенцијални и сегашни бизнис партнери!

👉https://moj.mkb.mk/login-page

Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот, ден кој се одбележува во чест на борбата за зачувување и унапредување на работ...
01/05/2026

Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот, ден кој се одбележува во чест на борбата за зачувување и унапредување на работничките права.

Македонско кредитно биро на сите граѓани од православна христијанска вероисповед им го честита најголемиот христијански ...
12/04/2026

Македонско кредитно биро на сите граѓани од православна христијанска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник – Велигден, со искрени желби за многу здравје, радост, успех и слога!

Пред да одлучиш, информирај се! Навремената информација е основа за сигурна деловна одлука! Порталот Мој.МКБ на Македонс...
07/04/2026

Пред да одлучиш, информирај се!

Навремената информација е основа за сигурна деловна одлука!

Порталот Мој.МКБ на Македонско кредитно биро, ви обезбедува навремeна, точна и брза информација за финансиската состојба на твоите потенцијални и сегашни бизнис партнери!

👉https://moj.mkb.mk/login-page

На верниците од исламска вероисповед, Македонско кредитно биро им го честита празникот Рамазан Бајрам! Ви посакуваме здр...
20/03/2026

На верниците од исламска вероисповед, Македонско кредитно биро им го честита празникот Рамазан Бајрам!

Ви посакуваме здравје, љубов и среќа.

Пред да потпишеш, провери! Една проверка денес може да спречи проблем утре.Со МКБ дознај ја финансиската состојба, задол...
11/03/2026

Пред да потпишеш, провери!

Една проверка денес може да спречи проблем утре.

Со МКБ дознај ја финансиската состојба, задолженоста и бонитетот на компанијата со која соработуваш.

Информирај се навреме.
https://moj.mkb.mk/login-page

🌷Честит 8ми Март, Меѓународен ден на жената! Ден посветен на силата, љубовта и инспирацијата што жените ја носат во свет...
08/03/2026

🌷Честит 8ми Март, Меѓународен ден на жената!

Ден посветен на силата, љубовта и инспирацијата што жените ја носат во светот.

Преку Сопствениот извештај на Македонско кредитно биро провери ја својата моментална финансиска задолженост и имај реале...
23/02/2026

Преку Сопствениот извештај на Македонско кредитно биро провери ја својата моментална финансиска задолженост и имај реален увид во твоите финансиски обврски!

🟠Регистрирај се на порталот https://moj.mkb.mk/register

🎉Mакедонското кредитно биро ви ги честита божиќните празници. 🎄Ви посакуваме празници исполнети со радост, среќа и љубов...
07/01/2026

🎉Mакедонското кредитно биро ви ги честита божиќните празници.

🎄Ви посакуваме празници исполнети со радост, среќа и љубов.

Address

Улица Даме Груев бр. 14
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when МКБ АД Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to МКБ АД Скопје:

Share