Macedonia Online Info

Directions Website

Macedonia Online Info Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Macedonia Online Info, Business service, Skopje.

macedoniaonline.info преставува интернет директориум презентиран преку напредна google maps апликација која ви овозможува по лесно и по прегледно пребарување за најбрзо да дојдете до бараната локација или информација

https://www.facebook.com/share/1Hs1gqyEvk/
25/09/2026

https://www.facebook.com/share/1Hs1gqyEvk/

🚨 ГРАЃАНСКА АКЦИЈА: ДА ГИ ИЗБРИШЕМЕ КАЗАНДОЛ И ИЛОВИЦА–ШТУКА ОД ПРОСТОРНИОТ ПЛАН!

Имаме рок до 8 октомври да доставиме забелешки на Нацрт-просторниот план до 2040 година.

Планот е контрадикторен: зборува за заштита на природата, водите, земјоделството и туризмот, а истовремено предвидува пет металични рударски проекти — Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке.

Кожуф го предлагаат за национален парк, а истовремено го задржуваат како руден реон. Југоистокот го определуваат како земјоделски и туристички регион, а во истиот простор ги внесуваат Казандол и Иловица–Штука.

Не може ист простор да биде и заштитено подрачје, и земјоделски регион, и рударска зона!

Затоа ги повикуваме сите граѓани масовно да испратат забелешки и да побараат целосно бришење на Казандол и Иловица–Штука од текстот, картите и сите проекции на Просторниот план.

📧 Испратете на сите три адреси:

[email protected]
[email protected]
[email protected]

Наслов:

Забелешка на Нацрт-просторниот план – барање за бришење на Казандол и Иловица–Штука

Започнете со:

„Почитувани,

Како граѓанин поднесувам забелешка на Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија до 2040 година.“

Потоа изберете една или спојте повеќе од следните забелешки:

🔴 Опција 1 – директно барање

„Барам целосно бришење на Казандол и Иловица–Штука од текстот, картите и сите плански проекции. Просторниот план не смее да создава основа за повторно активирање рударски проекти спротивни на интересите на локалното население.“

🔴 Опција 2 – Казандол

„Барам Казандол, односно ‘Казан Дол’ како што е наведен во Планот, да биде избришан. Концесијата за овој проект е раскината, а волјата на граѓаните од Валандово е јасно изразена. Просторниот план не смее повторно да отвора простор за проект што граѓаните веќе го отфрлија.“

🔴 Опција 3 – Иловица–Штука

„Барам Иловица–Штука да биде избришана од Просторниот план. Не е прифатливо во земјоделското срце на Струмичкиот регион да се планира металичен рудник со потенцијални последици врз водите, почвата, земјоделството, здравјето и населените места.“

🔴 Опција 4 – противречност на Планот

„Нацрт-планот е внатрешно противречен. Од една страна предвидува заштита на природата, водите, земјоделството и туризмот, а од друга страна планира пет рудници на метали. Барам оваа противречност да се отстрани со бришење на рударските проекти.“

🔴 Опција 5 – вода и земјоделство

„Барам бришење на рударските проекти поради недоволно утврдените ризици за површинските и подземните води, наводнувањето, почвата и земјоделското производство. Водата и плодното земјиште се трајни национални ресурси и мора да имаат предност пред ограничениот век на еден рудник.“

🔴 Опција 6 – здравје и животна средина

„Без независни и јавно достапни проценки за влијанието на прашината, тешките метали, јаловината и отпадните води врз здравјето на населението, рударските проекти не смеат да бидат дел од Просторниот план.“

🔴 Опција 7 – референдумите

„Барам да се почитува волјата на граѓаните изразена на локалните референдуми против рудници. Непосредното изјаснување на граѓаните нема смисла ако државата подоцна ги враќа истите проекти преку национален плански документ.“

🔴 Опција 8 – сите пет рудници

„Барам од Планот да се избрише проекцијата според која до 2040 година треба да се отворат пет рудници на метали: Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке. Отворањето рудници не смее да биде однапред утврдена државна цел без независно докажана еколошка, здравствена, економска и општествена оправданост.“

🔴 Опција 9 – Кожуф: национален парк или рударски реон

„Нацрт-просторниот план содржи директна внатрешна противречност: од една страна го предлага Кожуф за национален парк, а од друга страна го задржува како Кожувски руден реон, ги наведува истражувањата Кожуф–Конско и Алшар и повикува на поинтензивни истражувања и експлоатација на минерални суровини.

Национален парк и рударска експлоатација не можат да бидат приоритет на ист простор. Барам да се избришат сите рударски и истражувачки проекции на подрачјето на Кожуф и да се даде недвосмислен приоритет на неговата трајна заштита како национален парк.“

Завршете со:

„Барам забелешката официјално да биде заведена, разгледана и внесена во извештајот од јавната расправа. Барам писмено образложение доколку не биде прифатена.

Име и презиме:
Општина:
Датум:“

Не е доволно само да ставиме лајк. Испратете ја забелешката!

Нека испратат вашите родители, деца, роднини, пријатели и соседи — секој поединечно, со свое име и општина. Изберете ја забелешката што најмногу ве засега, дополнете ја со свои зборови и испратете ја на сите три адреси.

Имаме време до 8 октомври да покажеме дека Македонија не е празен простор на карта што некој може да го дели на рударски концесии.

Тоа е нашата вода. Нашата земја. Нашиот дом. Иднината на нашите деца.

ИСПРАТИ. СПОДЕЛИ. ПОВИКАЈ И ДРУГИ.

КАЗАНДОЛ И ИЛОВИЦА–ШТУКА МОРА ДА БИДАТ ИЗБРИШАНИ ОД ПРОСТОРНИОТ ПЛАН!

21/07/2026

https://www.facebook.com/enlightedleadership/

Рефлексии од сеќавањето, белешки од прочитани книги, уметност што ме допрела и прашања што сè уште ги носам. Пишувам за да разберам. За книгите што ме сменија, за уметноста што ме замолчи, за мислите што ме пронајдоа. Ова е мојот дијалог со времето.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Macedonia Online Info posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share