Social Media Day бешe првиот целодневен настан наменет за бизнис заедницата на кој учествуваа светскиот реномиран говорник и неколку локални експерти кои говореа за најновиот светски феномен – социјалните медиуми и нивната употреба за бизнис цели.
За да се претстави моменталната состојбата на интернет пазарот, водечкиот интернет огласувачки провајдер Httpool презентираше специјално изработен ПРЕ
ГЛЕД НА ИНТЕРНЕТ ПАЗАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА, ажуриран со најновите податоци корисни за сите компании.
Специјалениот гостин Steven Van Bellgehem, кој е предавач на најактуелните светски маркетинг конференции, автор на бестселерот “The Conversation Manager” говореше за моќта на модерниот потрошувач, трендовите на социјалните медиуми и идентификација на брендот.
Во вториот дел од своето предавање, тој говореше за создавањето на долгорочна комуникација со потрошувачите, а при тоа ги презентираше најуспешните реализирани кампањи и практични совети за креирање на успешна стратегија за промоција преку социјалните медиуми.
Дополнително сите посетители имаа прилика да учествуваат во специјално подготвени FACEBOOK работилница за бизнисмени на која се говореше за одржување на активни кампањи и TWITTER работилница за бизнис цели на која се презентираа можностите за интензивна комуникација со вашите клиенти.
Настанот заврши со едночасовна Панел Дискусија на која покрај специјалниот гостин, учествуваат и претставник од врвна македонска компанија, претставник од успешна маркетинг агенција, универзитетски професор и реномиран експерт за рекламирање на социјалните медиуми. Темата на која дискутираа е “Димензијата на социјалните медиуми”, а дискусијата ја водеше искусен модератор, додека на крајот имаше дополнителни 30 минути за прашања од публиката до сите учесници.
Повеќе детали на:
http://money.mnogoo.mk/mk/articles/vesti/den-na-socijalnite-mediumi--skopje