Vivendum Ratio Solutions

Vivendum Ratio Solutions Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Vivendum Ratio Solutions, Consulting Agency, Aminta 3, 33A/17, Skopje.

Vivendum Ratio Solutions is Consultancy Company committed to support the organizations across private and public sector to create change and organizational agility capable of building greater competitive advantage and fulfilling of their business strategy

Почитувани, Ве информираме дека започнуваат уписите за Центарот за професионален развој на менаџери и лидери – создаден ...
13/05/2026

Почитувани, Ве информираме дека започнуваат уписите за Центарот за професионален развој на менаџери и лидери – создаден со цел развој на практично лидерство, менаџмент и деловни вештини за вработени од сите индустрии и функции.

Програмите се дизајнирани во три нивоа на менаџерски развој, согласно искуството и професионалниот развој на учесниците:

🔹 I Почетно ниво (Линиско ниво на менаџмент) – Супервизија и лична ефикасност
🔹 II Средно ниво (Средно ниво на менаџмент) – Коучинг, развој, резултати и квалитет во работењето
🔹 III Напредно ниво (Високо ниво на менаџмент) – Стратегија, трансформација и лидерство

Реализацијата започнува од 01 Јуни 2026 година, а поради ограничен број на учесници, пријавувањето ќе се одвива по редослед на аплицирање. За првите пријавени следува и промотивен попуст.

Повеќе информации за програмите, изборот на менаџерско ниво, како и за методологијата на учење, слободно контактирајте нè или прочитајте повеќе на https://vivendumsolutions.com.mk/mk/center-of-excellence-mk/

Ве очекуваме!
Во Vivendum Ratio Solutions, не нудиме само обука — водиме мерлива трансформација.

Во секоја организација, ефикасноста започнува со јасна структура – дефинирани улоги, одговорности и процеси.Ве поканувам...
11/05/2026

Во секоја организација, ефикасноста започнува со јасна структура – дефинирани улоги, одговорности и процеси.

Ве покануваме на практична еднодневна онлајн обука „Систематизација што функционира: јасни улоги, оптимизирани процеси и транспарентен систем на плати“, на која ќе научите како да:
✔ изработите и имплементирате систематизација на работни места
✔ дефинирате јасна организациска структура и хиерархија
✔ ги оптимизирате деловните процеси преку правилна распределба на улоги
✔ воспоставите функционален и одржлив систем на плати
✔ ја поврзете систематизацијата со HR системи и организациски развој

👥 Обуката е наменета за менаџери, HR професионалци, финансии и правни служби, како и за јавни институции и вработени кои сакаат подобро разбирање на организациската структура.

📍 Формат: Online training
📅 Датум: 20 Maj 2026, 10:00 – 14:00
Повеќе детали и информации за обуката прочитајте на: https://vivendumsolutions.com.mk/mk/sistematizacija/

🎯 Early bird попуст: важи за првите пријави – Ве очекуваме!

#ОрганизацискиРазвој #СистемНаПлати

🎯 Дали вашата повратна информација навистина води до резултати?Колку често се доживува како критика, наместо како насока...
28/04/2026

🎯 Дали вашата повратна информација навистина води до резултати?
Колку често се доживува како критика, наместо како насока за развој и подобрување на продуктивноста и меѓучовечките односи во тимовите?

Во современото работење, не е доволно само да се даде feedback – важно е како се дава. Затоа ја креиравме обуката: „Методологија на објективна повратна информација: Стандарди за евалуација и професионален развој“.

🔍 Што ќе научите?
✔️ Како да елиминирате субјективност во евалуацијата
✔️ Како да користите јасен и структуриран јазик
✔️ Како да се справите со дефанзивни реакции
✔️ Како да се воспостави „систем на одговорност“ кај вработените

👥 Наменета за:
Менаџери, тим лидери, HR професионалци, сопственици на бизниси, проект менаџери – и сите што работат со луѓе и сакаат да постигнат подобри резултати во работењето.

🧠 Ќе работите на реални ситуации, ќе анализирате примери и ќе изградите вештини што веднаш можете да ги примените во тимот.

📅 15 Мај 2026 (10:00 – 16:00)
📍 Public Room Skopje

📌 Прочитајте повеќе и пријавете се:
https://vivendumsolutions.com.mk/mk/feedback/

🎯 Без јасно дефинирани процеси, организацијата губи време, ресурси и енергија – што директно влијае на ефикасноста и ква...
09/04/2026

🎯 Без јасно дефинирани процеси, организацијата губи време, ресурси и енергија – што директно влијае на ефикасноста и квалитетот. Со нивна оптимизација, овие предизвици можеме да ги трансформираме во заштеда, поголема ефикасност и подобрен квалитет, што води кон поголема конкурентност на пазарот.

Center of Excellence на Вивендум Ратио Солушнс Ве поканува да земете учество на нашата следна практична и интерактивна обука: „Оптимизација на деловни процеси: Од хаос до ефикасна организација“

На обуката ќе научите:
• Како да ги мапирате деловните процеси во организацијата
• Како да идентификувате тесни грла и неефикасности
• Практични пристапи за поедноставување и оптимизација
• Како да воведете структура и јасни одговорности
• Како да донесувате подобри одлуки базирани на процеси
• Како да изградите систем што функционира

Оваа обука е наменета за:
Менаџери, сопственици на процеси, тим лидери и професионалци кои сакаат да воведат ред, ефикасност и контрола во своето работење.

📅 Дата: 29 Април 2026
📍 Локација: Public Room, Skopje
Ве очекуваме!

🔗 Повеќе детали и пријава: https://vivendumsolutions.com.mk/mk/businessprocessoptimization/

Колку пати сте донеле одлука, а потоа сте се запрашале зашто така сте одлучиле? Во денешните комплексни средини информац...
02/04/2026

Колку пати сте донеле одлука, а потоа сте се запрашале зашто така сте одлучиле? Во денешните комплексни средини информациите се брзи, но не секогаш точни, мислењата се гласни, но не секогаш релевантни, а одлуките се итни, но не секогаш исправни.

📢 За да ги надминеме заедно овие предизвици, Ве покануваме на интерактивна дводневна обука со практична примена и реални сценарија: „Критичко размислување и аналитичко донесување одлуки“!

На оваа обука ќе научите:
• Да избегнете „ментални замки“
• Јасно да аргументирате
• Да донесете одлуки и во неизвесност

📢 Посебно внимание ќе биде посветено на носeње одлуки во услови на:
• Влијание од социјални медиуми и јавно мислење,
• Дезинформации и манипулативни наративи,
• Употреба на AI алатки како поддршка, а не замена на човековата проценка.

📅 16 & 17 Април 2026
📍 Public Room, Скопје

🔗 Погледнете ја програмата и резервирајте си место навреме:
https://vivendumsolutions.com.mk/mk/criticalthinking/

📢 Почитувани, би сакале да споделиме дека викендов успешно реализиравме одлична in-house обука на тема „Критичко размисл...
16/03/2026

📢 Почитувани, би сакале да споделиме дека викендов успешно реализиравме одлична in-house обука на тема „Критичко размислување и аналитичко донесување одлуки: Современи предизвици и практични пристапи“.

Обуката беше наменета за тим вработени на раководни позиции за клиент од воената индустрија, кој континуирано инвестира во развојот на своите вработени. 🚀

Преку практични примери, дискусии и решавање реални предизвици, учесниците имаа можност да ги продлабочат своите вештини за критичко и аналитичко размислување, како и за носење аргументирани одлуки во комплексни ситуации. 📊

Благодариме за довербата, активното учество и одличната соработка! 🤝
Следете нѐ за повеќе новости! ✨

Дали сте се нашле во ситуација кога треба да кажете „не“, а да останете професионални? Или да решите конфликт без да ја ...
12/03/2026

Дали сте се нашле во ситуација кога треба да кажете „не“, а да останете професионални? Или да решите конфликт без да ја нарушите соработката?

Во деловното работење често се соочуваме со ситуации кои бараат јасно изразување на ставовите, поставување граници и конструктивно решавање на конфликти. Способноста да се комуницира асертивно – без агресија и без повлекување – е клучна за ефективна соработка и градење здрава организациска култура.

Ве покануваме да земете учество во нашата нова обука „Асертивна комуникација и управување со конфликти во професионалното опкружување“, структурирана да помогне во поспоставување професионални граници, со посебен фокус на деескалација на тензии, одржување конструктивен дијалог и развивање на вештини за јасна и ефективна деловна комуникација.

📅 Датум: 27 Март 2026

📍 Локација: Meeting Point

👥 Обуката е наменета за менаџери, HR професионалци, тим лидери и сите кои сакаат да ја унапредат својата деловна комуникација.

📩 Пријавување и повеќе информации на: https://vivendumsolutions.com.mk/mk/asertivnakomunikacija/

Благодарност до сите кои учествуваа на вебинарот „Како да го задржиме критичкото и аналитичкото размислување во ерата на...
26/02/2026

Благодарност до сите кои учествуваа на вебинарот „Како да го задржиме критичкото и аналитичкото размислување во ерата на AI алатки“, а особено до нашите гости – панелисти за искрените ставови и конкретните примери од пракса кои ѝ дадоа посебна вредност на дискусијата.

Темите што ги отворивме ги опфатија предностите и ризиците од користењето на AI, насоките во кои ќе се развиваат вештините на луѓето – особено во IT секторот, како и прашањето какви компетенции и профили ќе се издвојуваат на пазарот на труд од перспектива на HR.

Разговаравме и за споделувањето и безбедноста на податоците, како и за моралната и етичката одговорност при употреба на AI алатките.

Како заклучок, се согласивме дека AI може да ни донесе значајна предност – но само доколку го користиме паметно - свесно и одговорно, а највредната вештина сепак останува нашата способност да размислуваме критички, да анализираме и да преземаме одговорност – за одлуките што ги носиме и алатките што ги користиме.

Следете нè и понатаму за нови теми и интересни дискусии!

Во динамичните организации, менторството е клуч за развој на луѓето, градење доверба и отворање пат кон успехот.Ве покан...
16/02/2026

Во динамичните организации, менторството е клуч за развој на луѓето, градење доверба и отворање пат кон успехот.

Ве покануваме да ни се придружите на нашата следна обука „Улога на ментор во современи организации“, чија цел е да развие компетентни, свесни и одговорни ментори.

📊 Теми што ќе ги обработиме:
✔️ Улога, одговорности и влијание на менторот
✔️ Градење ефективна менторска врска
✔️ Kлучни алатки за расудување и поддршка
✔️ Како да се одговори на информациски предизвици во дигиталниот свет

За кого е наменета:
👤 Вработени кои се назначени или подготвени за улога на ментор
👔 Менаџери и Тимлидери
🧠 HR и професионалци за обука и развој
💡 Искусни професионалци што работат со трансфер на знаење

📆 26 27.02.2026
📍 Дводневна практична обука

Пријавете се и искористете ја можноста за попуст за рана пријава и корпоративно учество!➡️ https://vivendumsolutions.com.mk/mk/uloganamentor/

#Менторство #ПрофесионаленРазвој #МенторскиВештини #ЛиченРазвој #ТимскаПоддршка #СовременоМенторство #РазвојНаКариера

Вештачката интелигенција драматично го менува начинот на кој работиме, учиме и носиме одлуки. AI алатките нудат брзина, ...
11/02/2026

Вештачката интелигенција драматично го менува начинот на кој работиме, учиме и носиме одлуки. AI алатките нудат брзина, ефикасност и автоматизација – но истовремено отвораат важно прашање:

👉 Дали со зголемената зависност од AI го ослабуваме сопственото критичко и аналитичко размислување?

Ве покануваме да ни се придружите на нашиот следен бесплатен вебинар и да разговараме како да ја користиме технологијата без да го изгубиме најважниот ресурс – сопствениот ум!

Пријавете се на - bc65235f-e2df-40c9-aa31-053791ff75d0@7d7a6129-2974-43b4-a059-4e8e68d97ef9" rel="ugc" target="_blank">https://events.teams.microsoft.com/event/bc65235f-e2df-40c9-aa31-053791ff75d0@7d7a6129-2974-43b4-a059-4e8e68d97ef9

Организациската култура не е документ што треба да се усвои, туку реалност која треба да се живее. Кога вредностите оста...
02/02/2026

Организациската култура не е документ што треба да се усвои, туку реалност која треба да се живее.

Кога вредностите остануваат само декларативни, моралот и етиката се користат селективно, а лидерството се сведува на форма без суштина - организациската култура станува рефлексија на поширокиот општествен менталитет.

📝 Новиот блог на Наташа Алексовска, основач и постар деловен консултант во Вивендум Ратио Солушнс, повикува на подлабоко преиспитување на карактерот на лидерството, улогата на емоционалната интелигенција како носител на вредностите во пракса, потребата од лична и професионална еволуција и одговорноста што секој поединец ја носи во градењето на системи со долгорочна вредност.

👉 Прочитајте го целосниот блог следниот линк: https://vivendumsolutions.com.mk/mk/organizaciskakultura/

#ОрганизацискаКултура #Лидерство #Етика #Морал #КорпоративниВредности

Address

Aminta 3, 33A/17
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Vivendum Ratio Solutions posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Vivendum Ratio Solutions:

Share