27/05/2026
Следејќи ја својата мисија за унапредување на квалитетот и компетентноста на својата лабораторијата за тестирање во животната и работната средина, претставници на Технолаб, на 22 мај 2026г присуствуваа на обука на тема “Управување со ризици и можности во лабораториите за тестирање и калибрација во согласност со стандардот ИСО 17025” во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела – МАКЛАБ.
Обуката се одржа во Стопанска комора на РСМ во Скопје со присуство на претставници од повеќе различни лаборатории кои вршат тестирања и калибрации во различни области во нашата држава.
Обуката ја отвори М-р Магдалена Трајковска Трпевска-Председател на МАКЛАБ, а предавачи беа, Нико Берберу-Директор на Институтот за акредитација на РСМ и Јасмина Јаневска, Координатор за акредитација на сертификациски тела.