26/12/2015
1. Кој може да учествува во оваа програма?
Работоспособни лица, со одредено искуство во струката и имаат солидно познавање од Германскиот или Англискиот јазик.
2. Дали на кандидатите им треба дозвола за работа ?
Да. Престојот на граѓаните кои доаѓаат од Македонија треба да биде одобрен преку (Bundesagentur für Arbeit - BA), а со самото тоа и работното место кое ќе ви биде понудено треба да ги исполнува критериумите на BA.
4. Кои услови треба да ги исполнувам?
Како прво треба да имате солидни познавања од Германскиот или Англискиот јазик . Треба да сте подготвени да работите најмалку два месеци во Германија. Максималниот престој изнесува 90 дена.
Лицата со ЕУ пасош можат да работат нeограничено и не им е потребна потврда од BA.
Вашата апликација за работа ќе биде поуспешна доколку сте подготвени да работите подолго и доколку прифаќате работа во повеќе бранши. Исто така треба да сте подготвени на фактот дека понудената работа може да биде насекаде низ Германија.
Доколку во апликацијата напишете дека поседувате возачка, би требало да бидете подготвени да возите и нормално - да знаете да возите.
5. Потребни документи
Во склоп на пакетот за аплицирање спаѓаат следните документи:
o Една пополнета апликација
o Електронска (скенирана) копија од пасош
o Кратка биографија на македонски јазик
o Доказ за познавање на германски или англиски јазик
7. До кога можете да се пријавувате?
До 25-12-2015(после почнуваат празниците и ке се забави постапката)
Напомена: Распоредувањето на работни позиции зависи од познавањата на германски јазик и работно искуство, според барањата на работодавачите.
8. Дали можам да се откажам од програмата?
Доколку од некоја причина сакате да се откажете од аплицирањето, треба да се јавите во најкус можен рок за да можеме истото да го прекинеме и навреме ги повлечеме Вашите документи, според посебно пропишани договорни услови за откажување.
9. Дали сигурно ќе добијам работно место во Германија?
Во најголем број на случаеви се наоѓа работа за сите пријавени кандидати. Може да се случи како што откажуваат кандидатите, да откаже и некој работодавач, ама тоа е многу редок случај.
10. Кој ми наоѓа работно место?
Работното место го наоѓаме ние, со помош на aгенцијата BA за вработување на лица за сезонска работа. Нашата соработка се базира на давање и добивање информации од агенцијата за вработување, правиме проверка дали истите одговараат на условите за работа кои ги бара BA и го упатуваме работодавачот да ја преземе Вашата апликација од BA.
11. Што треба да направам кога ќе ми се понуди некое работно место?
Треба веднаш да одлучите, дали ќе го прифатите работното место. Доколку не го прифатите првото работно место, подоцна можеби и нема да дојдете на ред за наредно поради огромниот број на кандидати што се пријавуваат. Работното место претходно ќе биде внимателно одбрано соодветно на вашите барања и квалификации и одбивањето на истото ќе значи дека одбивате работа. Втора понуда ќе добиете кога сите други лица ќе бидат распоредени на работни места.
12. Кои работни места им се нудат на кандидатите?
Најчести работни места се во областа на :
- гастрономијата ,
- чистење и одржување на објекти (хотели, ресторани).
Во хотелите и рестораните Ви се нудат следните работни места: работа во кујна, собари, келнери, бар.
- Градежен сектор(ѕидари, фасадери,монтери,општи работници,електричари,водоводџии)
- Работа во фабрики за преработка на храна
- Обезбедување
- Возачи
- Работа на фарми за домашни животни и оранжерии, фарми за овошје
За секоја работа Ви треба многу солидно познавање на Германскиот или Англискиот јазик. Доколку имате претходно искуство во некоја од овие области, тоа ќе биде земено како голема предност.
13. Какви се условите за работа?
Сезонската работа во прв план треба да Ви даде можност да се запознаете со германската култура, јазик и начин на живеење при платен работен ангажман во Германија. Затоа треба да сте подготвени вредно да работите за Вашиот работодавач за време на сезоната. Покрај регуларното работно време, можно е да има потреба од дополнителни работни часови кои дополнително ќе Ви бидат платени. Работното време нема да биде од понеделник до петок, туку во зависност од потребите. Слободни денови може да ви бидат на пр. среда и/или петок. Најчесто работното време е распределено во шест работни денови со еден слободен ден.
Доколку временските услови не се поволни, можно е да не бидете ангажирани со полно работно време и во тој случај и заработувачката е помала.
14. Што е со сместувањето и исхраната?
Голем број работодавачи нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Тоа се минимални суми за таа намена. Најчесто со други лица делите соба или стан. .
15. Колку ќе бидам платен/а за работата?
Работниот саат на еден странец е ист со оној на германската работна сила. Најчесто платата се исплатува на крајот од месецот и за таа цел треба пред поаѓање да си земете средства за првиот месец.
Внимание! Во работната дозвола од BA најчесто е наведена бруто платата. Ова не мора да соодвествува со нето платата која ќе ја добивате на лице место (нето плата). За таа цел, со секоја добиена понуда прво се договарате со нас, дали воопшто се исплати да се прифати.
16. На што треба да посветам внимание пред поаѓање за Германија?
Вие нема да бидете здравствено осигурани во Германија, па за таа цел, а со наша помош ќе треба да си обезбедите здравствено осигурување во Македонија кое важи за Европа.
17. Како и каде треба да аплицирам за виза?
Од јуни 2010 нема потреба од вадење визи за сезонска работа во Германија. За да се евидентира вашиот престој во Германија, потребно е да се пријавите во општината во која ќе работите и живеете.
18. Кои се моите трошоци?
Административни трошоци за пријавување, работна понуда, осигурување и трошоците за пат(можат да бидат дел рефундирани во договор со работодавецот).
За почеток треба да носите одредена сума на парични средства се додека не ја добиете првата плата. Сместувањето во Германија не е воопшто евтино, а доколку работите во областа на хотелиерството или гастрономијата, често работодавачот за извесна сума Ви нуди и сместување.
19. Што ќе се случи со здравственото осигурување во Германија?
Здравствено осигурување треба секој да си го обезбеди од тука, а за таа цел се препорачува да бидете покриени со патничко осигурување.
Агентот врши услуга за подготовка на документи меѓутоа кандидатот оди на своја одговорност и самиот одговара за своите познавања од германски јазик, односно англиски јазик и податоците наведени во апликацијата.