Laplast-M

Call Directions Website Contact the business

Laplast-M Лапласт-M

Повеќе од 40 години Лапласт – М проектира, произведува, изведува и монтира најдобри решенија за надворешен лајфстајл. Квалитет, естетика и функционалност се главните насоки според кои се изведуваат дизајните за производите за урбана опрема и заштита од сонце.
Од почетокот до сега, инвестиравме многу со цел да ја прошириме нашата дејност и да им понудиме на нашите потрошувачи огромен избор од нашите производи и услуги. Преку врвна опрема за производство и талентирани проектанти и дизајнери, создаваме интегрирана урбана опрема која ги задоволува и најпребирливите следачи на трендови.
Ние знаеме дека успехот не доаѓа одеднаш и тоа сме го научиле преку вредно и посветено работење, каде константно сме ги следеле најновите светски трендови во нашата работа и сме создавале производи кои сведочат за квалитет, истрајност и инспирација.
Нашите клиенти секогаш го добиваат максимумот, дури и кога тоа го надминува нивниот буџет, ние секогаш сме спремни да излеземе во пресрет со цел работата да биде успешно и квалитетно завршена.

Задоволството на илјадниците клиенти одново ни се докажува преку долгогодишните соработки кои прераснале во вистински пријателства, а тоа за нас е најголемото признание за успешно завршена работа.
Како компанија ни е навистина важно и сме особено горди што придонесуваме за разубавување на надворешните простори со совршено дизајнирани производи, каде им овозможуваме на луѓето да уживаат во своите мисли, кафе, дружби, гледајќи во инспиративни и естетски надворешни урбани опреми.

Со внимателно дизајнирани детали, и корпите за отпадоци стануваат дел од уредениот урбан простор.Функционалност, модерен...
16/10/2026

Со внимателно дизајнирани детали, и корпите за отпадоци стануваат дел од уредениот урбан простор.

Функционалност, модерен дизајн и естетика во едно. ♻️

Laplast-M – за поубави и почисти јавни простори.

#УрбанаОпрема #УрбанДизајн #ЧистГрад #ОдржливРазвој

Игра, движење и забава во боите на секое детство. 💚💛💜
09/10/2026

Игра, движење и забава во боите на секое детство. 💚💛💜

Нов простор. Нова енергија. Ново место за маалото.Горди сме што Лапласт-М беше дел од реализацијата на првата NLB Next з...
02/10/2026

Нов простор. Нова енергија. Ново место за маалото.

Горди сме што Лапласт-М беше дел од реализацијата на првата NLB Next зона во паркчето кај „Кино Карпош“.

Современиот урбан простор не е само прашање на дизајн. Тој е место каде што луѓето се среќаваат, разговараат, создаваат и го живеат своето маало.

Токму затоа оваа зона е повеќе од ново уредено катче – таа е нова точка на градскиот живот во Дебар Маало. 🌱

Дополнителен карактер ѝ дава муралот „Чувај го твоето маало“ од Драган Китановски – Драш. 🎨

За нас е задоволство што со нашата работа можевме да придонесеме во создавањето простор кој ќе остане дел од секојдневието на генерации млади скопјани.

Благодарност до NLB Banka Skopje и ДРАШ за довербата и одличната соработка.

📍 Дебар Маало, Скопје

Skopje StreetArt ЧувајГоТвоетоМаало

Место за одмор.Место за разговор.Место што трае. 🪑🌿Клупи од Laplast M – функционален дизајн, издржливи материјали и реше...
25/09/2026

Место за одмор.
Место за разговор.
Место што трае. 🪑🌿

Клупи од Laplast M – функционален дизајн, издржливи материјали и решение создадено за јавни и приватни простори.

#Клупи #ПаркМебел #Уредување #ЈавниПростори

14/09/2026

Локери за велосипеди дизајнирани за современиот град — практично решение за сигурно чување на велосипедот, со модерен изглед што се вклопува во секој урбан простор.

За станбени комплекси, деловни објекти, училишта, јавни простори и модерни урбани средини.

Повеќе ред. Повеќе сигурност. Повеќе велосипедизам.

📍 LAPLAST-M | Секој простор може да е убав

SmartCity Cycling Велосипеди УрбанДизајн Скопје

Квалитет што трае, дизајн што го збогатува секој простор. 🌿🌧️☀️Нашите урбани корпи за отпадоци се изработени од цврсти и...
09/09/2026

Квалитет што трае, дизајн што го збогатува секој простор. 🌿🌧️☀️

Нашите урбани корпи за отпадоци се изработени од цврсти и издржливи материјали кои одолеваат на сите временски услови — од летните горештини до зимските дождови и снег.

Идеални за:
• Дворови и тераси
• Деловни објекти и ресторани
• Јавни и урбани површини

Секое детство заслужува простор за игра. ❤️💚💛Детските игралишта од Laplast-M се создадени за безбедна, активна и безгриж...
19/08/2026

Секое детство заслужува простор за игра. ❤️💚💛

Детските игралишта од Laplast-M се создадени за безбедна, активна и безгрижна игра — со квалитетни материјали, стабилна конструкција и препознатлив дизајн.

05/08/2026
🌿 Дизајн што го надополнува просторот, а природата ја става во прв план.
21/07/2026

🌿 Дизајн што го надополнува просторот, а природата ја става во прв план.

Laplast M – простори создадени за среќно детство.
08/07/2026

Laplast M – простори создадени за среќно детство.

Address

Улица "Момин поток" бб
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00
Saturday 08:00 - 16:00

Telephone

+38970291007

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Laplast-M posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Laplast-M:

Shortcuts

Share