06/02/2024
Ново од Бреинстер! Втора академија на албански јазик 🚀
Пред скоро една година, направивме исчекор и го лансиравме Brainster Albania, со цел да овозможиме поголема поврзаност и можности за соработка во регионот.
Оттогаш, наидовме на одличен одѕив за првиот производ кој го лансиравме односно Академијата за Front-End програмирање на албански. 💻
Поради ова, ние решивме да лансираме уште една Академија од ваков тип, односно Академија за Графички дизајн! 🎨
Истата е создадена да е комплементарна со нашите досегашни заложби да подготвиме што повеќе луѓе за кариерите од 21 век преку совладување на најрелевантите вештини кои се барани од страна на индустријата.
Преку нашата посветеност за квалитет и иновација, уверени сме дека и овој наш нов производ ќе им овозможи на идните студенти да ги постигнат сопствените амбиции и кариерни цели. 📈
Повеќе за Академијата за Графички Дизајн на албански јазик може да дознаете подолу ⬇️
Mirë se vini në një kapitull të ri te Brainster Albania! Jemi të emocionuar të njoftojmë hapjen e akademisë sonë të re: Akademinë e Graphic Design.