СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој

СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој Ние ги развиваме индивидуите и организациите за да пос

Основач и претседател е проф. д-р Лазар Ѓуров

ВРЕДНОСТИТЕ на Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА се:

1- ние веруваме дека човекот е во постојана еволуција и развој.

2- ние веруваме дека секоја индивидуа и организација поседува неограничени потенцијали да биде успешна, да ги остварува своите поставени цели, а истовремено да функционира со внатрешна хармонија и среќа.

3- ние веруваме дека колективната промена и развој може да се случи само доколку се случи индивидуална промена и развој.

4- ние веруваме дека е важен резултатот, но идентично важен е и процесот за постигнување на резултатот.

5- ние веруваме дека секој човек има одговорност за состојбата на системот во кој живее и работи и личната иницијативност за мудро дејствување е крајно неопходна.

6- ние веруваме дека секоја промена може да се случи преку конструктивно дејствување во согласност со правните и законските норми, во рамките на системот.

7- ние веруваме дека за секој проблем и предизвик постои решение во кое нема да се наруши човековото достоинство, ниту ќе се наштети на животинскиот и растителен свет на планетата.

8- ние веруваме дека добрата тимска работа и квалитетното лидерство се клучни за успех на секоја организација и на целата заедница во целина.

9- ние веруваме дека искреноста кон себе и другите е клучна за постигнување на личен и организациски развој.

10- ние веруваме дека без разлика на етничката, религиска, расната, полова и друга различност, сите ние сме дел од една човечка цивилизација и треба да работиме за нејзиното највисоко добро.

11- ние веруваме дека луѓето можат да живеат во симбиотична заедница, помагајќи и надополнувајќи се едни со другите без да си нанесуваат штета.

❤️ 🇲🇰 ❤️
08/09/2026

❤️ 🇲🇰 ❤️

Честит празник!🇲🇰❤️
02/08/2026

Честит празник!
🇲🇰❤️

Најдобрите организации не комуницираат само за да разменат информации. Тие комуницираат за да изградат доверба, синергиј...
02/07/2026

Најдобрите организации не комуницираат само за да разменат информации. Тие комуницираат за да изградат доверба, синергија и подобро корисничко искуство.

Со многу радост ви соопштуваме дека завршивме серија од 6 интерактивни обуки за комуникациски вештини со тимот на Telekom MK
👉 подобра комуникација за подобро корисничко искуство.

Затоа што секоја интеракција во организацијата — внатрешна или надворешна — на крај се рефлектира на корисникот.
Како и сите наши едукативни и развојни активности, ова беа високо-интерактивни работилници базирани на реални ситуации, симулации и практични алатки кои веднаш се применуваат во секојдневната работа.
Фокусот го ставивме на:
👉 🗣️ јасна и ефективна комуникација во динамична средина и реален контекст
👉 👂 активно слушање и брзо решавање на предизвици
👉 ⚙️ практични сценарија кои го подобруваат секојдневното искуството на клиентите

Во добрите компании тимовите комуницираат суштински, а тоа го чувствуваат и колегите и корисниците.
Комуникациските вештини создаваат подобра соработка, поконзистентно и поквалитетно корисничко искуство и поставуваат цврста основа за континуиран раст и успех.
Благодарни сме за довербата и партнерскиот пристап на тимот на Telekom MK 🙏

Ова е само почеток! 🙌
Развојот на комуникациските и сервисните вештини е процес, а не еднократен настан.
На следниот циклус обуки ќе се фокусираме на унапредување на тимската ефикасност и корисничкото искуство во посложени ситуации и предизвици.
Кога комуникацијата е силна — искуството на корисникот станува конзистентно, јасно и доверливо 🎯

#ПрвИзборЗаОбуки

🚀 Најдобрите компании не инвестираат во развој затоа што „мораат“.Тие инвестираат затоа што знаат дека резултатите се од...
09/06/2026

🚀 Најдобрите компании не инвестираат во развој затоа што „мораат“.
Тие инвестираат затоа што знаат дека резултатите се одржуваат само кога луѓето растат заедно со организацијата.
По дводневната програма со менаџмент тимот на Halk Insurance AD Skopje добивме доверба да го продолжиме развојниот процес со сите вработени - 85 луѓе кои секојдневно ја носат комуникацијата, соработката и културата во компанијата.
Ова за нас не беше само „уште една обука“.
Беше процес креиран според реалната состојба, реалните предизвици и конкретните потреби на тимот. Затоа работевме преку реални ситуации, практични вежби, тимски задачи и отворени дискусии за прашања од секојдневната работа кои директно влијаат на организациската култура:
Фокусот беше јасен:
✅ појасна комуникација
✅ повеќе проактивност
✅ давање и примање фидбек
✅ поголема ефикасност
✅ преземање одговорност
✅ поконструктивно решавање на предизвиците
Браво за Halk Insurance AD Skopje што го разбираат најважното: вистинскиот момент за развој не е само кога има проблем. Вистинскиот момент е и кога компанијата има резултати, стабилност и зрелост да размислува неколку чекори напред. Токму тогаш се гради култура која поддржува раст, одговорност, соработка и подобра подготвеност за идните предизвици.
Благодарни сме за довербата и за можноста да работиме со луѓе кои покажаа енергија, отвореност и подготвеност за раст. 🤝
Кога компанијата вложува во луѓето, таа не организира само обука.
Таа гради култура која може да носи поголеми резултати. ✨
#ПрвИзборЗаРазвој #ПрвИзборЗаТимбилдинг #тимбилдинг #развој #лидерство #комуникација #организацискакултура #соработка #успех #среќа

🌿 Два дена во Берово, посветени на лидерство, тимска работа и комуникација.Со Halk Insurance AD Skopje работевме на тоа ...
19/05/2026

🌿 Два дена во Берово, посветени на лидерство, тимска работа и комуникација.
Со Halk Insurance AD Skopje работевме на тоа што значи лидерски мајндсет во пракса: како се гради доверба, како се комуницира појасно, како се води тим низ предизвици и како раководителот може да создаде безбедна средина во која вработените можат слободно да комуницираат, да превземаат одговорност и да се чувствуваат поддржано во својот развој.
Преку практични вежби, тимски задачи и отворени дискусии, учесниците имаа можност да ги препознаат сопствените лидерски навики, силни страни и каде има простор за развој.
Највредниот дел од ваквите обуки е моментот кога лидерството престанува да биде теорија и станува конкретно однесување: слушање, јасна комуникација, поддршка, одлучност и градење заедничка насока. 🤝
Во Симбиотика веруваме дека силните тимови започнуваат со свесни, одговорни и развојно ориентирани лидери. 🌟

#ПрвИзборЗаРазвој #ПрвИзборЗаТимбилдинг #тимбилдинг #развој #успех #среќа

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ВРЕДНИ ЛУЃЕ!Честитки до сите кои секој ден чесно, посветено, трудољубиво, искрено и упорно ги извршуваат ...
01/05/2026

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ВРЕДНИ ЛУЃЕ!

Честитки до сите кои секој ден чесно, посветено, трудољубиво, искрено и упорно ги извршуваат своите работни задачи и придонесуваат кон заедничкиот успех.

Благодарност за подготвеноста да се вложи време, енергија и знаење за да се создаваат добри резултати.

Посебна благодарност до нашите вработени, кои тоа го прават секој ден. Искрено сме среќни што заедно ја градиме СИМБИОТИКА како препознаен, релевантен и квалитетен партнер во поддршката на развојот на компаниите.

Апел до работодавачите: постојано да ги преиспитуваме условите и поддршката што ја даваме. Да бараме начини да ги цениме и поддржуваме вработените, бидејќи без добра синергија нема долгорочност, континуиран успех и заедничка иднина.

Да вложуваме во поддршка на вредните луѓе, затоа што тие го движат целиот тим напред.
Надоместокот е важен и треба да биде фер и соодветен на придонесот и резултатите. Но подеднакво важни се и условите за работа, односот, можностите за развој и чувството на препознаеност и ценетост.

Да се трудиме повеќе за вработените да бидат задоволни, мотивирани и посветени.

СРЕЌЕН 1 МАЈ! ✊️💪🎉

Нека биде посреќен од претходниот, а мотивирачки за следниот да го дочекаме со барем +35% напредок - во резултати, во надомест, во посветеност, во среќа, во тимска работа и во заедништво. 🚀

Честит празник 🎉Христос воскресна!Навистина воскресна!
12/04/2026

Честит празник 🎉
Христос воскресна!
Навистина воскресна!

📢 Оглас за вработување: Консултант за учење и развој (Learning & Development Consultant)Дали сакаш да бидеш дел од тим к...
11/03/2026

📢 Оглас за вработување: Консултант за учење и развој (Learning & Development Consultant)
Дали сакаш да бидеш дел од тим кој со љубов, посветеност и експертиза работи на развој на луѓе и организации?
Институт Симбиотика ве поканува да станете дел од нашиот тим!

Институт Симбиотика повеќе од 10 години успешно работи на пазарот на развој на човечки ресурси.
Наша мисија е да обезбедиме целосна поддршка за развој на индивидуите и организациите – да им помогнеме да станат поорганизирани, поуспешни и посреќни.
✔ Го јакнеме лидерството
✔ Креираме услови за креативно и синергично тимско работење
✔ Ги оспособуваме вработените за соочување со предизвици и зголемување на работниот перформанс

Нашето портфолио зборува за нас:
➡️ Над 1000 индивидуи поминале низ наши обуки и работилници
➡️ Реализирани програми во повеќе од 40 компании (домашни и интернационални), граѓански организации, државни институции и амбасади

Ќе имате можност активно да учествувате во:
🟢 Подготовка на едукативни програми, вежби и материјали за курсеви и обуки на темите: лидерство, менаџмент, тимска работа, емоционална интелигенција, ефективна комуникација, трансформација на конфликти, преговарање, продажба, менаџмент на време, ефективно водење на состаноци, оценување и развој на вработени, мотивација на вработени и сл.
🟢 Истражување и анализа на потребите за развој кај вработени
🟢 Организација и реализација на тимбилдинзи
🟢 Реализација на програми за организациска култура
🟢 Одржување комуникација и давање поддршка на наши клиенти
🟢 Подготовка на содржини за настани и кампањи за промоција на услугите на Симбиотика

👤 Кои се соодветни профили за оваа работна позиција: психолози, педагози, едуцирани во областа на човечки ресурси и сл.

🎯 Бараме личност која е на возраст до 29 години бидејќи вработувањето е во рамки на програма која се реализира со Агенција за вработување и го има тој критериум.

Ако имаш вештини во подготовка на содржини за интерактивни онлајн програми за учење (instructional design), вклучувајќи активности, сценарија и практични вежби, ќе се смета за предност.

📩 Доколку се препознаваш во оваа улога, испрати ни го твоето CV и кратко мотивациско писмо.
Стани дел од тим кој креира вистинска разлика во развојот на луѓето и организациите! ✨

Ги очекуваме вашите пријави до 20.3.2026 до 16:30 часот.

Институт Симбиотика: Само преку развој до успех и среќа!
simbiotika.mk
[email protected]

#вравотуваме #ПрвИзборЗаРазвој

04/03/2026

Од идеја и план, до реализација и енергија на терен со вашиот тим. ✨

Контактирајте нè на [email protected] за целосна организација на вашето следно тимбилдинг искуство. 🚀

#ПрвИзборЗаРазвој #ПрвИзборЗаТимбилдинг #тимбилдинг #развој #успех #среќа

🔔 Потсетник | 24.02.2026Во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи еднодневен интерактивен семинар...
13/02/2026

🔔 Потсетник | 24.02.2026
Во организација на Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи еднодневен интерактивен семинар за развојна организациска култура.

📍 Локација: Стопанска комора на С. Македонија, сала 3 – 3-ти кат
🕘 Фокус: што во пракса значи „развоен“ начин на работа и како се гради култура каде луѓето учат, преземаат иницијатива и се подобруваат континуирано.

Ќе зборуваме (и ќе вежбаме) за:
• фиксeн vs. развоен mindset
• психолошка безбедност
• грешки: казна или учење
• фидбек што носи развој
• јасни очекувања и критериуми за успех

🎯 Што добивате: алатки и конкретни чекори што може веднаш да се применат во тим – за поголема ангажираност и подобар перформанс.

👥 За кого: директори/топ менаџмент, менаџери и тим лидери, HR & L&D, и компании во раст/промени.
🎓 Предавач: проф. д-р Лазар Ѓуров

📌 Пријава на линкот:
https://www.mchamber.mk/mk/home/nastaniinfo/312

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to СИМБИОТИКА - Институт за индивидуален и организациски развој:

Shortcuts

Share