Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување

Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување license for private security, security agency

Комората на Република Македонија за приватно обезбедување е основана на 21.06.2000 год.

Основни цели на Комората се: заштита и унапредување на стручноста, професионалноста, деловноста и заштита на професијата.

Комората во вид на јавни овластувања ги врши следниве работи:
1. организира оспособување за вршење на работи на приватно обезбедување;
2. организира полагање на стручен испит за вршење приватно обезбедување;
3. издава лиценца за обезбедување;
4. издава легитимација за обезбедување;
5. издава потврда согласно член 13 став (1) точка 3 и став (2) точка 3 и член 14 став (1) точка 3 од Законот за приватно обезбедување;
6. организира гаѓање за работниците за обезбедување, со огненото оружје со кое се вооружени, најмалку еднаш годишно;
7. донесува акти на Комората;
8. води евиденции согласно закон и
9. врши други работи утврдени со овој закон.

Комората ги претставува правните лица кои вршат приватно обезбедување и ги застапува нивните интереси. Сите правни лица кои дејноста приватно обезбедување ја вршат во вид на давање на услуги се здружуваат во Комора на Република Македонија за приватно обезбедување, заради заштита и унапредување на стручноста, професионалноста и деловноста и заради заштита на професијата. Правните лица кои вршат приватно обезбедување за сопствени потреби може да се здружуваат во Комората.

Комората дејствува на цела територија на Република Македонија со цел да се обезбеди поуспешно вршење на дејноста обезбедување на лица и имот.

Органи на управување на Комората се:
1. Собрание
2. Управен одбор и
3. Претседател на Комората.

Стручните и административните работи на Комората ги врши стручната служба на Комората. Со работа на стручна служба раководи секретар.

06/08/2026
➡️На 11.06.2026 година претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска имаше свечено обраќање во текот на отв...
30/06/2026

➡️На 11.06.2026 година претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска имаше свечено обраќање во текот на отворањето на Меѓународната научна конференција „Мултиполарност и одржлива безбедност во Европа“, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа, во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, Министерството за одбрана , Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево, Дипломатскиот клуб, Скопје и Комората за приватно обезбедување.

➡️На 12.06.2026 година генералната секретарка на Комората д-р Сања Керметчиева беше модератор на панел-дискусијата „Перспективи на јавната и приватната безбедност во заштита на критичната инфраструктура и градење на отпорност“.

Со ваквите активности Комората придонесува кон унапредување на научната и стручната дебата во областа на безбедноста, односно приватното обезбедување како рамноправен и интегрален чинител во системот на безбедност, со значајна улога во заштитата на критичната инфраструктура и јакнењето на отпорноста на современите безбедносни предизвици.
Verica Mileska Stefanovska
Sanja Kermetcieva

➡️17.06.2026 - Комората за приватно обезбедување успешно организираше тркалезна маса – работна сесија на тема:„Недостиг ...
17/06/2026

➡️17.06.2026 - Комората за приватно обезбедување успешно организираше тркалезна маса – работна сесија на тема:
„Недостиг на работна сила: од предизвик до можности, преку активно стареење и искористување на позитивните искуства“
➡️На настанот беа отворени важни прашања поврзани со недостигот на работна сила, со посебен акцент на улогата на активното стареење и значењето на искуството на постарите генерации како вреден ресурс на пазарот на трудот.
👉 Целта на ваквите активности е да се поттикне дијалог и да се најдат одржливи решенија за еден од најактуелните предизвици на современиот пазар на труд.
Verica Mileska Stefanovska

Address

50 Divizija, 34
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38923225000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување:

Shortcuts

Share