Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ

Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ Единствена репрезентативна Организација на работодавачи од приватниот сектор.

На 23 јули 2026 година, во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка ...
24/07/2026

На 23 јули 2026 година, во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), се одржа работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, на која беа презентирани анализи, меѓународни искуства и можни насоки за реформирање на системот за управување со боледувањата.

На работилницата учествуваше Светлана Ристовска Антиќ, извршен директор на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), која ги презентираше клучните наоди од анализата на ОРМ за предизвиците со користењето на боледувањата и процесот на прераспоредување на работниците.

Во своето обраќање истакна дека најголем дел од боледувањата се краткотрајни (до 15 дена) и се издаваат од матичните лекари. Анализата на ОРМ, исто така, покажа дека последователното користење на повеќе краткотрајни боледувања претставува честа појава, што создава сериозни организациски и финансиски предизвици за работодавачите.

Како клучни предизвици со кои се соочуваат компаниите беа посочени:
🔹 недостиг на кадар за замена на отсутните работници;
🔹 финансиски товар за компаниите поради исплата на плати и придонеси за време на отсуството;
🔹 прекини во работењето и производството;
🔹 намалена продуктивност и потреба од прераспоредување на останатите вработени.

Како препораки, ОРМ предложи:
✔️ засилена контрола на издавањето на боледувањата од страна на матичните лекари, преку соодветни механизми за верификација и одговорност;
✔️ подобрување на законската регулатива за боледувањата, со цел воспоставување поефикасен, потранспарентен и одржлив систем.

ОРМ ја нагласи потребата од заеднички пристап на институциите, работодавачите и сите засегнати страни, бидејќи само преку соработка може да се изградат решенија што ќе обезбедат фер и функционален систем за боледувања, ќе ги заштитат правата на работниците и истовремено ќе овозможат непречено функционирање и поголема продуктивност на компаниите.

Учество на 114-та Интернационална конференција за труд – ЖеневаНа 114-та Интернационална конференција за труд како дел о...
11/06/2026

Учество на 114-та Интернационална конференција за труд – Женева

На 114-та Интернационална конференција за труд како дел од трипартитната делегација учествуваа како делегати, Маја Штерјовски, претставник на ОРМ (Организација на работодавачи), Министерот за економија и труд г-дин Бесар Дурмиши, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Зоран Дионисиев од КСС.

114-та Интернационална конференција за труд, одржана во Женева, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ), претставува значајна платформа за размена на искуства, идеи и политики меѓу владините претставници, работодавачите и работниците од целиот свет.

Во рамките на работата на конференцијата, нашиот претставник се вклучи во дискусиите за унапредување на социјалниот дијалог, подобрување на условите за работа и зајакнување на улогата на работодавачите во креирањето одржливи економски политики. Посебен акцент беше ставен на прашањата поврзани со дигитализацијата, новите форми на вработување и потребата од балансирање меѓу флексибилноста на пазарот на труд и заштитата на работничките права.

Присуството на оваа конференција овозможи да се претстават ставовите и интересите на македонските работодавачи, како и да се воспостават нови контакти и партнерства со меѓународни организации и компании. Ова искуство претставува значаен придонес во градењето на современи политики за труд и економија во нашата земја.

📊 Денес, беше презентирана Студијата за социо-економското влијание на ТИТАН УСЈЕ, членка на ОРМ, изработена од Ernst & Y...
03/06/2026

📊 Денес, беше презентирана Студијата за социо-економското влијание на ТИТАН УСЈЕ, членка на ОРМ, изработена од Ernst & Young (EY).
Студијата дава сеопфатен преглед на економскиот и општествениот придонес на ТИТАН УСЈЕ во Северна Македонија, со акцент на влијанието на компанијата врз економскиот развој, вработувањето, локалните заедници и создавањето додадена вредност во националната економија.
Преку оваа анализа, ТИТАН УСЈЕ ја потврдува својата посветеност на транспарентно и одговорно работење, прикажувајќи го директното, индиректното и индуцираното влијание што го создава преку своите деловни активности.
На настанот присуствуваше Светлана Ристовска Антиќ, извршен директор на ОРМ.
👏 Честитки за оваа значајна иницијатива која претставува добар пример за мерење и јавно презентирање на придонесот на компаниите кон економскиот и општествениот развој.

На 29-ти Мај 2026 година во Виена се одржа Конференција на високо ниво за граѓанското општество, со учество на ЕУ и Запа...
03/06/2026

На 29-ти Мај 2026 година во Виена се одржа Конференција на високо ниво за граѓанското општество, со учество на ЕУ и Западен Балкан, во организација на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК).

Како претставник од Организацијата на работодавачи на Македонија учествуваше Господинот Ангел Димитров- Претседател на Собранието на ОРМ.

Главната тема на конференцијата беше: Улогата на граѓанското општество во унапредувањето на проширувањето на ЕУ, зајакнување на демократската отпорност и поддршката на социоекономската конвергенција во регионот.

Во склоп на главната тема беа обработени прашањата за Довербата, демократијата и граѓанското општество во процесот на проширување на ЕУ, Проширувањето на европската безбедност, Улогата на граѓанското општество во Планот за раст за Западен Балкан и Рефорскиот моментум и идната повеќегодишна финансиска подршка (МФФ).

Во дискусиите можеше да се слушнат и различни мислења помеѓу претставниците на Европската комисија од различни земји на ЕУ за тоа како новонастанатата состојба со војната во Украина и европската безбедност може да влијаат на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Беше истакнато и тоа дека Црна Гора, Македонија и Албанија имаат постигнато значителен напредок во однос на останатите земји кандидати во однос на остварувањето на планот за раст.

Учесниците се договорија дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во стабилна, безбедна и обединета Европа и дека кредибилниот процес на пристапување базиран на заслуги останува една од најсилните алатки на ЕУ за промовирање на демократијата.

Беше нагласено дека кредибилниот напредок во областите на владеење на правото, политиките против корупцијата, слободите на медиумите и заштитата на основните права остануваат од суштинско значење за легитимноста и одржливоста на процесот на проширување.

Учесниците забележаа дека проширувањето е процес на заслуги и затоа некои кандидати може да напредуваат побрзо од другите. Постои надеж дека Црна Гора и Албанија ќе продолжат со доброто темпо, Србија со новите избори ќе ја врати довербата во демократските институции, Северна Македонија и Босна и Херцеговина наскоро ќе можат да го отворат фундаменталниот кластер на преговорите за пристапување и дека Косово ќе добие статус на кандидат за ЕУ.

Беше повикано на интензивирани дипломатски напори за решавање на билатералните спорови, бидејќи без нормализација на односите во регионот, значајната регионална соработка и кредибилниот пат на проширување ќе останат тешки.

Беше нагласено дека активното вклучување на социјалните партнери и граѓанското општество и јакнењето на нивните капацитети е клучно за подобрување на квалитетот на социјалниот и граѓанскиот дијалог и за ефикасно спроведување и следење на реформите.

📊 По повод 1 Јуни – Денот на македонската статистика и 81 година од основањето на Државниот завод за статистика, се одрж...
03/06/2026

📊 По повод 1 Јуни – Денот на македонската статистика и 81 година од основањето на Државниот завод за статистика, се одржа конференцијата „Македонската официјална статистика низ призмата на Кодексот за работа на европската статистика“.

Настанот беше посветен на 20-годишнината од донесувањето на Кодексот за работа на европската статистика, кој претставува основа за квалитетна, независна и доверлива официјална статистика.

Во рамките на конференцијата се одржа и панел-дискусија за улогата на официјалната статистика во современото општество. На настанот присуствуваше Светлана Ристовска Антиќ, извршен директор на ОРМ.

📍 По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на 28.04.2026 година во Хотел Александар Палас – Скопје се ...
29/04/2026

📍 По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на 28.04.2026 година во Хотел Александар Палас – Скопје се одржа настан посветен на психосоцијалните аспекти на работата, стресот и менталното здравје на работниците.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, имплементиран од Меѓународната организација на трудот (МОТ) со финансиска поддршка од Европската Унија.

🗣 Во своето обраќање, претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска, истакна дека менталното здравје повеќе не е избор, туку неопходност, нагласувајќи дека здравата психосоцијална работна средина е клучна за продуктивноста, мотивацијата и благосостојбата на работниците.

Таа подвлече дека создавањето на вакви работни средини бара системски пристап – од подигнување на свеста до конкретни мерки, вклучувајќи превенција на стрес, поддршка на вработените и градење организациска култура во која менталното здравје е приоритет.

Организацијата на работодавачи на Македонија останува посветена на унапредување на безбедни, здрави и поддржувачки работни средини – затоа што здрав работник значи успешна компанија и стабилна економија.

На настанот исто така присуствуваше членот од ОРМ од Националниот советот за БЗР, Ќире Ицев и Тамара Панчевски од извршната канцеларија на ОРМ.

Одбележување на 28 Април - Светскиот ден за безбедност и здравје при работа Во име на Организацијата на работодавачи на ...
28/04/2026

Одбележување на 28 Април - Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

Во име на Организацијата на работодавачи на Македонија, на настанот по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој беше организиран од страна на стручните здруженија:

Здружение за заштита при работа на Општина Битола – Битола
Македонско здружение за заштита при работа – Скопје
Здружение за безбедност при работа „28-ми Април“ – Скопје
Здружение на инженери за заштита „Тутела“ – Скопје

свое обраќање имаше Даниела Китанова од ЕВН Македонија.

Во своето излагање, таа ја истакна важноста на психосоцијалната работна средина и условите на работа кои директно влијаат врз психолошката благосостојба на вработените, како и потребата од континуирано унапредување на културата на безбедна и здрава работна средина.

Конференција со социјални партнери и граѓански организации од Северна Македонија, 12 март 2026 - Куќа на Европа – Скопје...
13/03/2026

Конференција со социјални партнери и граѓански организации од Северна Македонија, 12 март 2026 - Куќа на Европа – Скопје

На конференцијата организирана од Комитетот за следење на Западен Балкан на Европскиот економско-социјален комитет, претседателката Владака Трајкоска учествуваше на вториот панел на тема „Состојбата на социјалниот дијалог и бизнис заедницата“.

Во своето обраќање таа истакна дека нашата земја се бори да го достигне економскиот развој и животниот стандард на Европската Унија, но економскиот раст во последните две децении беше нестабилен поради низа надворешни и внатрешни шокови – политичката криза од 2014 до 2017 година, пандемијата COVID-19, енергетската криза и војната во Украина.

Таа посочи дека денес се соочуваме и со нова криза, поврзана со продлабочените регионални конфликти и зголемените безбедносни ризици на Блискиот Исток, што дополнително создава неизвесност во глобалната економија. Поради овие глобални предизвици, бизнис заедницата нема јасна перспектива и се соочува со неизвесност во планирањето на идниот развој и инвестиции.

Дополнително, земјата се соочува со депопулација поради стареење на населението и емиграција, сè уште релативно висока невработеност и ниски стапки на вработеност, и покрај напредокот во намалувањето на невработеноста, како и губење на пазари. Ова се важни прашања кои, според неа, треба поинтензивно да бидат дел од социјалниот дијалог.

Целта на конференцијата беше Комитетот за следење на Западен Балкан на ЕЕСК да ги слушне ставовите на социјалните партнери и организациите на граѓанското општество во Северна Македонија и да ги пренесе до македонските институции и Европската Унија.

На настанот се дискутираше за:
🔹 учеството на организираното граѓанско општество во процесот на преговори за пристапување во ЕУ и спроведувањето на Реформската агенда
🔹 состојбата на социјалниот дијалог и улогата на бизнис заедницата

Годишна конференција: „Формализирање на неформалната економија – преку соработка до успех“Во организација на Министерств...
18/02/2026

Годишна конференција: „Формализирање на неформалната економија – преку соработка до успех“

Во организација на Министерството за финансии и Меѓународната организација на трудот се одржа годишна конференција посветена на формализирањето на неформалната економија.

На панел-дискусијата модерирана од Ада Хубрице, експерт на International Labour Organization „Како до пазар на труд, деловно и институционално окружување што ги поттикнува граѓаните, работниците и бизнисите да функционираат во формалниот сектор“, претседателката Владанка Трајкоска истакна:
„Кога зборуваме за формализирање на микро и неформалните бизниси, клучното прашање е како да ги направиме процесите едноставни, разбирливи и предвидливи за најмалите претпријатија и самовработените лица. Често пречката не е во волјата за работа во формалниот сектор, туку во комплексноста на регулативите, непредвидливите трошоци и административниот товар.“
Во однос на спроведената студија на ОРМ, Подобрување на продуктивноста на бизнисот, Трајкоска ги презентирани клучни препораки за мерки против нелојалната конкуренција и сивата економија до креаторите на политики:
• Зајакнување на инспекцискиот надзор и координацијата меѓу институциите (даночна администрација, трудова инспекција, царина) за откривање и санкционирање на неформални активности.
• Дигитализација на услугите, особено оние што се релевантни за фирмите, како и ефикасно и доследно спроведување на тековните реформи во оваа област, како што е воведувањето е-фактура.
• Интензивирање на кампањите за легализација и формализирање на неформалните бизниси, со конкретни стимулации за премин во формалниот сектор (намалени даноци/придонеси во текот на почетниот период).
• Елиминирање на регулаторните бариери што прекумерно ја оптоваруваат формализацијата, особено за малите и новоформираните фирми, преку едношалтерски системи, дигитализација и поедноставени процедури.

Во рамки на настанот, претседателката Трајкоска ја потпиша и Декларацијата за партнерство и акција:
„Заедничка посветеност за формализација на неформалната економија во Северна Македонија“.

Промотивен настан за Законот за работно ангажирање на лица(т.н. Закон за сезонски вработувања)Се одржа промотивен настан...
05/02/2026

Промотивен настан за Законот за работно ангажирање на лица
(т.н. Закон за сезонски вработувања)

Се одржа промотивен настан посветен на системот и алатките преку кои ќе се спроведува Законот за работно ангажирање на лица – законско решение кое воведува флексибилност, сигурност и транспарентност на пазарот на труд.

🗓️ Иницијатива на ОРМ од 2016 година
Барањето за флексибилно законско решение за повремени и сезонски вработувања беше иницирано од Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) уште во 2016 година, како одговор на потребите на работодавачите во секторите:
🌾 земјоделство | 🍽️ угостителство | 🚬 тутунска индустрија | 🏗️ градежништво | 👗 текстилна индустрија.

⚖️ Што носи новиот закон?
Со ова законско решение се поставуваат нови стандарди за регулирање на привремените и сезонските ангажмани, особено во секторите земјоделство, туризам и услуги.

✅ Клучни придобивки:
🔹 Студенти, пензионери, лица во социјален ризик, самовработени и лица кои бараат дополнителен ангажман можат да работат регистрирано, со платени придонеси.
🔹 Овие лица не ги губат своите веќе стекнати права – социјална помош, детски додатоци, пензија или права од образовниот систем.
🔹 Едноставен и брз електронски систем за пријавување, одјавување и уплата на придонеси.
🔹 Намалување на сивата економија во засегнатите сектори.
🔹 Поттик за економски раст, стабилни јавни финансии и поголема заштита на работниците.
🔹 Работниците добиваат исплата по час, придонеси за ПИО, дополнително здравствено осигурување во случај на повреда и јасна правна заштита.
🔹 Работодавачите добиваат поголема флексибилност и поедноставени административни постапки.

👥 Присутни на настанот:
Светлана Ристовска – Антиќ, извршен директор на ОРМ, и Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ (колективна членка на ОРМ), кои го поздравија донесувањето на законот и ја истакнаа потребата во иднина истиот да опфати и други дејности.

Address

Makedonija Br. 19
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ:

Shortcuts

Share