16/06/2024
На покана од Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Македонија (ДСАМ), на 15.06.2024 во Охрид учествував како предавач во името на МЗЗПР, BALcanOSH.net и ПрогенЗ на Вториот Меѓународен Симпозиум под наслов “Вие сте во сигурни раце со дезинфекција и стерилизација“.
Истражувањето кое го спроведовме на специфична целна група (техничари и медицински сестри кои работат на дезинфекција и стерилизација) дава рефлексија на спроведувањето на #БЗР како законска обврска од страна на работодавачите во овој сектор, но и јасна претстава колку од вработениците си ги знаат своите права и обврски.
Повеќе за ова истражување наскоро.
Благодарам до колегите од ДСАМ за одвоеното време за да позборуваме за БЗР.