Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia

Стопанска комора на Северна Македонија  Economic Chamber of North Macedonia Официјална Facebook страница на Стопанската комора на Северна Македонија.

Стопанската комора на Северна Македонија е деловно-стручна асоцијација, која, согласно Законот за Стопанската комора на Македонија ги усогласува, застапува и штити интересите на своите членови - правни лица со седиште во Република Северна Македонија кои вршат стопанска дејност и се запишани во трговскиот регистар. Дознајте повеќе за услугите и можностите за соработка на нашиот веб сајт www.mchamber.mk

Да се обединиме, да го легализираме прометот и да постигнеме над 1 милијарда долари трговска размена, порача претседател...
12/05/2026

Да се обединиме, да го легализираме прометот и да постигнеме над 1 милијарда долари трговска размена, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на денешниот бизнис-форумот со Албанија, во организација на Стопанската комора и Амбасадата на Албанија во РСМ.
„Минатогодишната трговска размена од 207 милиони долари треба да е срам за бизнисмените. Компаниите имаат капацитет размената да надмине една милијарда долари, а нелегалната трговија работи многу подобро од нас. Токму тоа треба да биде мотив за обединување, легализирање на прометот и остварување значително поголем економски обем меѓу двете земји“, потенцираше Азески.

12/05/2026

 Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, со претседателот на Македонската асоцијација за ру...

11/05/2026
Што е тоа што ние имаме во бизнисот? Ние имаме поединечни успешни примери кои се исклучок од просечноста. Е токму тие ус...
11/05/2026

Што е тоа што ние имаме во бизнисот? Ние имаме поединечни успешни примери кои се исклучок од просечноста. Е токму тие успешни примери по правило, кај нас се „сомнителни ликови“ за јавноста и потенцијални противници на секоја политичка номенклатура. Наместо да станат пример за секој млад човек, тие личности се изложени на јавната сцена како објекти кои треба да се правдаат зашто се успешни. Звучи неверојатно, но вистинито.

Најмногу се гордеам со институциите што сум ги изградил од нула, а денеска имаат признато место во бизнисот како што се ...
08/05/2026

Најмногу се гордеам со институциите што сум ги изградил од нула, а денеска имаат признато место во бизнисот како што се ГС1 Македонија, организација за доделување и управување со бар кодовите за нумерирање на артикли, Македонското кредитно биро, Советот за странски инвестиции, Македонската енергетска асоцијација, Комората на иднината и многу други проекти кои се во тек

Нас ни е потребна потполно нова концепција за сфаќањето на бизнисот. Стратегија која ќе создаде нова реалност во која це...
08/05/2026

Нас ни е потребна потполно нова концепција за сфаќањето на бизнисот. Стратегија која ќе создаде нова реалност во која централно место ќе заземе бизнисот кој е алфа и омега на нашиот опстанок, како мала и неразвиена земја.

Да мислиш дека не си згрешил е состојба во која ти нема помош. И јас не можам со сигурност да кажам дали грешиме во моме...
07/05/2026

Да мислиш дека не си згрешил е состојба во која ти нема помош. И јас не можам со сигурност да кажам дали грешиме во моментот но, за пред 30 години со сигурност може да се каже дека згрешивме во нашата неодлучност до крај како ќе се поставиме спрема распаѓањето на СФРЈ и предолго тактизиравме со што ја изгубивме предноста да влијаеме на процесите. Сигурно згрешивме и со тоа што на почетокот на градењето на сопствената држава не го повикавме целокупниот македонски човечки капитал во светот да дојде и да се вклучи во градењето на сопствената држава која што ја создадовме после 100-тици години и со огромен број жртви. И трето, со сигурност може да се каже дека згрешивме што не изградивме заедничка платформа за функционирање на државата обременета со разноразни поделби. Што значи ги продолживме делбите, а не направивме ништо за да се сплотиме околу неколку фундаментални принципи.

Address

Dimitrie Chupovski 13
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 17:00
Tuesday 08:00 - 17:00
Wednesday 08:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

38923244000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia:

Share