13/03/2023
Tимот на Сапиенс ДООЕЛ се проширува. Во потрага сме по ⬇️
SAP FI Consultant !
Работна позиција: SAP Financial Consultant (САП Финансиски консултант)
Образование: Економски факултет , Насока Сметководство и ревизија
Работни задачи:
· Комуникација со клиенти – одржување работилници како би се договорил начинот на работа, утврдување на потребата која клиентот ја има во делот за финансии и утврдување на начинот на примена на истите во SAP;
· Конфигурација на модулот Финансиско сметководство во систем (SAP ERP, SAP S/4 Hana);
· Тестирање на конфигурацијата направена во системот;
· Изготвување техничка и корисничка документација;
· Одржување обуки на крајните корисници;
· Координација со тимот за развој во врска со теми врзани за финансии.
Основни вештини и искуство:
· Задолжително работно искуство во областа на сметководство и ревизија
· Самоиницијативност и желба за учење и побрзо адаптирање во средината;
· Развиено чувство за тимска работа;
· Брзо и ефикасно извршување на поставените работни задачи;
· Стрпливост и развиено чувство за детекција на грешки;
· Одлични комуникациски вештини;
· Високо ниво на разговорност, слушање и разбирање на Англиски јазик, останатите јазици се дополнителен плус;
· Работа во динамична средина и способност за извршување на паралелно зададени работни задачи;
· Љубопитност за учење на нови технички компоненти и концепти.
Како дел од тимот на Сапиенс ДООЕЛ ќе бидете вклучени во пријатна работна атмосфера, опкружени со колеги кои секогаш ќе бидат спремни да Ви помогнат доколку наидете на проблем.
Испратете ни ја вашата кратка биографија на [email protected].
Сите апликанти кои ќе се вклопат во профилот на кандидат кои го бараме, ќе бидат контактирани.