The House Skopje е уникатен вински бар и ресторан сместен во 100 годишна стара куќа во Вакуфско мало во центарот на Скопје.
Располага со сопствено винско депо и вински сефови во кое во скоро идеални услови се чуваат и одржуваат повеќе од 100-тина видови вина од малите и семејни македонски винарии пред истите да бидат понудени на гостите и сервирани и послужени во комбинација со традиционалните македонски специјалитети.
Во подготовката на понудата на македонски специјалитети настојуваме да користиме исклучиво свежи и локални производи по можност органски набавени од локални прозводители и добавувачи поддржувајќи ги на тој начин домашните македонски индивидуални производители на храна и земјоделци.
Со почетокот на пролетта започуваме и соработка со берачи на шумски плодови овозможувајќи на тој начин можост производите од природата да се најдат директно во понудата во нашиот угостителски објект.
_________________
Crypto House Skopje ( )
- - - - - - - - - - -
Во склоп The House Skopje функционира и Crypto House Skopje кое претставува единствено физичко место за поддршка на македонската крипто заедницата. Crypto House Skopje овозможува на членовите на Крипто клубот Скопје и останатите заинтересирани и љубители на blockchain технологијата и крипто индустријата место на социјализација каде можат да разменат знаења, искуства и научат повеќе за технологиите на виртуелните средства, да се запознаат и дружат со македонски и светски познати крипто љубители и трговци-брокери, експерти и крипто милионери, овозможувајќи им подеднакво на сите да се дружат меѓусебе, разменуваат искуства за инвестирањето, трговијата и издавањето на крипто средства.
_________________
еВаучер - крипто токен
- - - - - - - - - - -
The House Skopje е првиот македонски угостителски објект за кој е издаден вредносен е-ваучер во вид на крипто средство - токен кој може да се користи за сите угостителски услуги од понудата и менито.
Користејќи е-ваучер во вид на крипто токен им овозможуваме на гостите на The House Skopje и Crypto House Skopje да ги направат првите чекори и искуства со крипто светот со можност директно да се запознаат со технологиите, електронските паричници и начинот и бенефитите на функционирање на крипто индустријата во пракса.