Aksa Konsalting Skopje

Aksa Konsalting Skopje Smetkovodstveni uslugi i danocen konsalting Smetkovodstvo i danocen konsalting

03/06/2023

Сметководствено биро Акса Консалтинг има потреба од овластен сметководител за вработување на неопределено време.

Среќни, живи и здрави. Успешна нова 2023 од срце ви посакувам
31/12/2022

Среќни, живи и здрави. Успешна нова 2023 од срце ви посакувам

31/12/2021
24/03/2021

Соопштение за пуштање во употреба на Регистарот на вистински сопственици

Почитувани,

Ве информираме дека од 27.1.2021 година, започна да тече рокот од 90 дена за пријавување на податоците за вистинските сопственици во Регистарот на вистински сопственици. Уписот во законскиот рок е без надомест.
Детални информации околу уписот, обврзани и изземени субјекти, рокови, начин на користење на системот, предуслови, процедура и слично можете да прочитате на веб локацијата на услугата https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/zapishi-vistinski-sopstvenik/upis-na-vistinski-sopstvenik-na-subjekt, каде се објавени често поставувани прашања и детални кориснички текстуални и видео упатства за секој чекор во постапката.
Доколку сакате да проследите интерактивна онлајн обука за правниот основ и демонстрација на апликативното решение, Ве молиме да се пријавите на следната e-mail адреса: [email protected].
Центарот за помош и поддршка на корисници на Централниот регистар Ви стои на располагање за техничка помош на телефонот +389 2 3288 602 или на контакт адресата [email protected] .
Целото соопштение отворете го овде.

Bidete srekni i blagosloveni
01/01/2021

Bidete srekni i blagosloveni

03/01/2020

Лимитот за плаќање во готовина зголемен од 500 на 3000 евра

Наместо до 500 евра сега е дозволено до 3.000 евра за плаќање кеш, се уреди со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам. Измените беа усвоени по скратена постапка на собраниската седница одржана на 27 декември, а се по иницијатива на група пратеници.

Во образложението на групата пратеници подносители на измените се вели дека постојната регулатива ги ограничува граѓаните и им создава дополнителни обврски.

„Утврдената одредба, во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес, предизвика ограничувања за голем број на граѓани кои согласно со своите потреби, правото за плаќања во готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност не можат да го искористат заради ограничувачката одредба, која наметнува дополнителини обврски за граѓаните.

ВЕБ АПЛИКАЦИЈА МОЈДДВ ЗА УВИД ВО ИЗНОСОТ НА ПОВРАТ И БРИШЕЊЕ НА ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ДОСТАПНА ЗА ГРАЃАНИТЕВеб апликацијата Мо...
27/08/2019

ВЕБ АПЛИКАЦИЈА МОЈДДВ ЗА УВИД ВО ИЗНОСОТ НА ПОВРАТ И БРИШЕЊЕ НА ФИСКАЛНИ СМЕТКИ ДОСТАПНА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Веб апликацијата МојДДВ на граѓаните ќе им овозможи целосен увид во сметките што ги скенирале, односно во прометот остварен преку скенираните фискални сметки како и увид во износот на поврат од 15% од пресметаниот ДДВ .
Преку веб апликацијата МојДДВ граѓаните ќе може да ги повлечат/поништат фискалните сметки кои ги скенирале по грешка.
Ги повикуваме граѓаните кои досега на своите паметни телефони не ја презеле апликацијата МојДДВ преку Google play store и Apple store, да го направат тоа и да ги скенираат фискалните сметки со цел да остварат право на поврат од 15 % од ДДВ, како и да ги користат услугите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ. Веб апликацијата е достапна на граѓаните на македонски, албански и англиски јазик.
Кратко упатство за користење на веб апликацијата:
Најавете се на https://mojddv.ujp.gov.mk
• За да се најавите потребно е претходно да сте регистрирани корисници на системот за електронска пресметка за приход и данок (е-Персонален данок) и да го внесете валидното Корисничко име (е-пошта) и Лозинка од е-ПДД
• На почетната страница на веб апликацијата со извештаи за граѓани се прикажани информации за Вкупен промет, Вкупно ДДВ, Поврат на ДДВ и број на Скенирани сметки за најавениот граѓанин. Стандардно, прикажаните информации се однесуваат за месецот во кој што граѓанинот последен пат има скенирано фискална сметка. Доколку во одреден месец граѓанинот воопшто нема скенирано фискални сметки, тогаш тој месец за таа година нема да постои во оваа опаѓачка листа. На почетната страница исто така е прикажан и графикон со информации за остварениот поврат на ДДВ и преостанат поврат на ДДВ за тековното тромесечие. Притоа сумите се прикажани процентуално и во денари. Максимално може да се оствари поврат од 1800 денари во текот на едно тромесечие. Доколку граѓанинот ја надминал оваа сума, тогаш на екран е испишана и надминатата сума на поврат на ДДВ.
• Кај месечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по месец и година. За секој месец од секоја година во кој што граѓанинот има скенирано фискални сметки се прикажани следните информации: Година, Месец, Број на скенирани сметки, ДДВ А, ДДВ Б, Вкупно ДДВ, Вкупен промет и Поврат на ДДВ(15%).
• Кај тримесечниот извештај е прикажана табела со информации групирани по тримесечие и година.
• Повлекување сметки - Доколку граѓанинот по грешка скенирал фискална сметка или поради некоја друга причина сака да повлече скенирана фискална за поврат на ДДВ тоа може да го направи овде. Дозволено е повлекување на фискални сметки од претходно тримесечие до 25ти од првиот месец од наредното тромесечие.

Мој ДДВПочитувани граѓани еве линк од каде може да ја преземете апликацијата за поврат на ДДВ. https://play.google.com/s...
01/07/2019

Мој ДДВ
Почитувани граѓани еве линк од каде може да ја преземете апликацијата за поврат на ДДВ. https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.akcent.vatreturn
Да напоменам вази само за Androit телефони.

Можноста за поврат на 15 отсто од ДДВ ќе биде достапна за сите граѓани со наполнети 15 години што се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи. Тие ќе треба да ги земат фискалните сметки на продажните места и да ги скенираат со помош на мобилен телефон и да ги испратат на апликацијата.

Address

Ulica Manapo Br. 2 Lok . 87
Skopje

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+38976277303

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Aksa Konsalting Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Aksa Konsalting Skopje:

Share