Smiljkovic Intellectual Property

Call Directions Website Contact the business

Smiljkovic Intellectual Property Your Partner in Patents, Trademarks & IP Strategy
Mob. 072 544 443

Го објавивме нашиот нов водич за регистрација на трговска марка во Македонија!Како да го заштитите името или логото на В...
20/10/2026

Го објавивме нашиот нов водич за регистрација на трговска марка во Македонија!

Како да го заштитите името или логото на Вашиот бренд? Што треба да проверите пред да поднесете пријава? Како да ги изберете соодветните класи? Колку чини и колку трае постапката?

Одговорите на овие и многу други прашања ги собравме на едно место.

Подготвивме практичен водич со кој сакаме да ја направиме постапката за регистрација на трговска марка појасна и поразбирлива за сите што градат сопствен бренд или бизнис.

Водичот е бесплатен и достапен на нашата веб-страница:

https://www.smiljkovic-ip.com/mk/trgovska-marka-vo-makedonija/

Заштитата на брендот започнува со добра информираност.

#трговскамарка #заштитанабренд #интелектуалнасопственост

12/10/2026

Регистриравте фирма, купивте домен и отворивте профили. Дали ја проверивте и заштитата на името?

Регистрацијата на фирмата и регистрацијата на трговска марка се различни постапки. Ниту доменот ниту профилот на социјалните мрежи ја заменуваат пријавата за трговска марка.

Ако веќе продавате под одредено име, вреди да проверите дали и како може да се заштити за вашите производи или услуги и пазарите на кои работите.

Испратете ни порака со името на брендот, што нудите и каде работите. Ќе ви помогнеме да го заштитите соодветно.

Што се случува со трговската марка по регистрацијата?Ја користите на производите, пакувањата или во понудата за услуги. ...
08/10/2026

Што се случува со трговската марка по регистрацијата?
Ја користите на производите, пакувањата или во понудата за услуги. Но таа може да има улога и во следниот чекор на вашиот бизнис.

Со лиценца можете да дозволите партнер да ја користи за договорен надомест, додека вие останувате носител на правото. Со продажба, правото преминува на нов носител. А при повреда, заштитената марка може да биде основа за правна реакција.

Таа може да придонесува и кон вредноста на компанијата. Самата регистрација, сепак, не гарантира висока вредност.

Затоа, почнете од деловната цел: нов пазар, партнерство или продажба на марката.

Пишете ни која марка ја користите и кој е вашиот следен деловен чекор. Ќе ви предложиме како нејзината заштита и користење да го поддржат.

„Го плативме, значи наше е.“„Се познаваме, нема потреба од договор.“„Ќе го заштитиме подоцна.“Овие реченици звучат позна...
06/10/2026

„Го плативме, значи наше е.“
„Се познаваме, нема потреба од договор.“
„Ќе го заштитиме подоцна.“

Овие реченици звучат познато во многу бизниси. Но зад нив може да останат важни неодговорени прашања за името, софтверот или технологијата во која вложувате.

Дали името е проверено пред да се испечатат пакувањата? Кои права ги добива компанијата од надворешниот соработник? Што смее партнерот да прави со документацијата што му ја испраќате?

Во оваа објава прикажуваме пет грешки и конкретни чекори за нивна проверка.

Почнете од една работа што ја одложувате.

Испратете ни порака со тоа што сакате да го заштитите и пазарите на кои работите. Ќе ви предложиме од каде да почнете.

Технологијата е развиена со надворешен партнер. Името на брендот е регистрирано на име на основачот. Дизајнот го изработ...
01/10/2026

Технологијата е развиена со надворешен партнер. Името на брендот е регистрирано на име на основачот. Дизајнот го изработило надворешно студио.

Во секојдневното работење можеби сè функционира. Но дали е јасно кои права ги има компанијата?

Подготовката за инвестиција вклучува и проверка на средствата на кои се потпира бизнисот. Во слајдовите покажуваме каде може да недостига јасност и со кои три прашања да започнете.

Не чекајте инвеститорот прв да праша.

Пишете ни за почетна проверка на правата врз вашиот бренд, фотографии или софтвер.

Кога на полицата има неколку слични производи, како го наоѓате оној што го барате?Кај чоколадните топки Mozartkugeln, са...
29/09/2026

Кога на полицата има неколку слични производи, како го наоѓате оној што го барате?

Кај чоколадните топки Mozartkugeln, самото име не е доволно да го препознаете производителот. Во приказната за Fürst, сребрената обвивка со син отпечаток има многу важна улога.

Во сликите ја раскажуваме оваа приказна.

Размислете по што купувачите го препознаваат вашиот производ. Токму тие белези заслужуваат внимание кога ја планирате неговата заштита.

Кое пакување вие го препознавате на прв поглед?

Една компанија може да биде препознатлива по своето име, друга по техничкото решение, а трета по знаењето и процесите шт...
24/09/2026

Една компанија може да биде препознатлива по своето име, друга по техничкото решение, а трета по знаењето и процесите што ги развивала со години.

За секоја од нив, почетното IP прашање е: што ја создава предноста поради која клиентите ја избираат?

Потоа следуваат уште две проверки: што би изгубиле ако немате контрола врз таа вредност и каде ви е најважна? На сегашниот пазар, при проширување или во ново партнерство?

Така можеме да одредиме што заслужува внимание прво и која комбинација од права, договори и практични мерки има смисла да се разгледа.

Изберете една работа поради која клиентите ве избираат. Дали знаете кој ја поседува и како е заштитена?

Замислете дека подготвувате нов производ за пласман и надвор од Македонија.Веќе имате име. Развиено решение. Можеби и на...
22/09/2026

Замислете дека подготвувате нов производ за пласман и надвор од Македонија.

Веќе имате име. Развиено решение. Можеби и надворешни соработници што учествувале во неговото создавање. Сега треба да одлучите што да заштитите и по кој редослед.

Во Smiljkovic IP ги поврзуваме четирите перспективи што ја обликуваат таа одлука:

1. Правна: што може да се заштити и кој ги има правата?
2. Техничка: што го прави решението уникатно и што може лесно да се копира?
3. Деловна: што е најважно за следната фаза на бизнисот?
4. Меѓународна: на кои пазари планирате да растете?

Така ги поставуваме приоритетите за IP стратегија што го следи вашиот бизнис.

Почнувате, се ширите или ве копираат?

Испратете ни порака 📩

15/09/2026

Нашата оригами птица слета на ново место.

Новата веб-страница на Smiljkovic Intellectual Property е активна:

https://smiljkovic-ip.com

Овој проект беше многу повеќе од редизајн. Сакавме да создадеме веб-страница што појасно ќе покаже кои сме, како работиме и како им помагаме на компаниите да ги заштитат своите брендови, технологии и идеи.

Веруваме дека силната IP заштита се гради прецизно, чекор по чекор. Како оригами, бара трпение, фокус и внимание кон секој детаљ, додека сите делови не ја добијат својата вистинска форма.

Посебна благодарност до Damjan Dano и Aleksandar Pesevski и Glitch Agency, кои ја создадоа идејата за оригами птицата и ја претворија во наша визуелна приказна.

Посетете ја новата веб-страница и кажете ни што мислите:

https://smiljkovic-ip.com

Katerina Smiljkovic и Gogo Rafajlovski викендов беа ментори на Techstars Startup Weekend во Битола.Задоволство ни е да с...
14/09/2026

Katerina Smiljkovic и Gogo Rafajlovski викендов беа ментори на Techstars Startup Weekend во Битола.

Задоволство ни е да сме вклучени активно во процесот на креирање иновации, уште од најрана фаза.

Честитки до сите учесници и до организаторите.

Address

Vasil Gjorgov 31/1
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Smiljkovic Intellectual Property posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Smiljkovic Intellectual Property:

Shortcuts

Share