Процес КБ

Процес КБ Сметководствено биро кое врши стручно, професионално ?

Сметководственото биро „Процес-КБ“, со седиште во Аеродром на бул. „Авној“, е формирано 1991 година во Скопје. Врши стручно, професионално и доверливо водење на комплетно сметководство за сите видови на дејности. Во „Процес КБ“ се вработени 4 лица со долгогодишно искуство во оваа економска проблематика спремни да Ве услужат навремено и квалитетно.
Законот за водење на сметководствени работи кој ст

апи на сила на 03.08.2012 наложува поседување на сметководствена лиценца на секое она друштво кое се занимава со ваква дејност. Токму нашето друштво ги исполнува сите услови согласно Законот.

Во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му испла...
30/05/2015

Во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина:

Работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот , поради кршење на

07/07/2014

Поради неплатен долг за Радиодифузна такса, УЈП отпочна со подготовка и дистрибуција на Опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање. Од следната седмица ќе отпочне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани. Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот.

25/06/2014

Исплатата на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор, од 1 јануари 2014 годинa е задолжителна.

Во „Спогодбата за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството“ („Сл. весник на РМ“ бр. 189/13) се пропиша најнискиот износ на регрес за годишен одмор во висина од 40% од основицата.

10/06/2014

Сите даночни обврзници кои од наредниот месец ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници, а кои не се регистрирани на системот за електронско пријавување на ДДВ во Управата за јавни приходи, треба да преземат активности да се регистрираат затоа што нема да бидат во можност да ги запазат законските рокови за пријавување на ДДВ.

Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година. Во насока на имплементација на законските измени, Управата за јавни приходи на сите годишни ДДВ обврзници кои од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници ќе им достави решение за измена на даночен период за ДДВ.

Како што соопштува УЈП, за прв даночен период во 2014 година ќе се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година за кој оваа категорија на ДДВ обврзници ќе треба да поднесат ДДВ-04 пријава преку е-Даноци и да извршат плаќање на ДДВ-обврската најдоцна до 25 јули 2014 година.

Регистрањето се врши преку системот на е-Даноци на веб страницата на УЈП.

06/05/2014

Водењето на сметководство за трговските друштва е регулирано со следниве прописи
1. Членовите од 469 до 490 и од 504 до 506 од Законот за трговските друштва.
објавен во Службен весник на РМ бр. 28/2004....24/2011
2. Правилник за водење сметководство
објавен во Службен весник на РМ бр. 159/2009, 164/2010, 107/2011
3. Правилник за формата и содржината на годишната сметка
објавен во Службен весник на РМ бр. 52/2011
4. Правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план
објавен во Службен весник на РМ бр. 113/2006....127/2007
5. Уредба за сметковниот план
објавен во Службен весник на РМ бр. 29/2000
6. Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план
објавен во Службен весник на РМ бр. 13/1994...30/2000
7. Правилник за начинот и роковите за вршење попис и усогласување на сметководствената со фактичката состојба
објавен во Службен весник на РМ бр. 107/2011
8. Правилник за посебните податоци потребни за системот на државната евиденција и за формата и содржината на образецот за државна евиденција
објавен во Службен весник на РМ бр. 02/2008....13/2011
9. Правилник за формата, содржината и начинот на пополнување на образецот за распределба на остварените приходи по дејности СПД - рекапитулар,
објавен во Службен весник на РМ бр. 02/2008
10. Правилник за начинот на ревалоризација
објавен во Службен весник на РМ бр. 14/1994
11. Уредба за начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста на нематеријалните и материјалните средства и за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки
објавен во Службен весник на РМ бр. 64/2002....10/2008

10/02/2014

Регистарот на годишни сметки претставува единствена централна електронска информативна база во Република Македонија, во која се евидентираат, прибираат, кумулираат и чуваат сите релевантни финансиски податоци и показатели за работењето, финансиската и економската способност на сите правни субјекти в...

22/11/2013

ПРАВИЛНИК ЗА ВОДЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВО
објавен во Службен весник на РМ бр. 159/2009, 164/2010, 107/2011
Со овој правилник се пропишува водењето сметководство во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување, утврдени од ОМСС - Одборот за меѓународни сметководствени стандарди, и ги содржи 1. МСС - Меѓународни сметководствени стандарди 2. МСФИ - Меѓународни стандарди за финансиско известување 3. ПКТ - Толкувања на постојниот комитет 4. КТМФИ - Толкувања на Комитетот за толкување на меѓународното финансиско известување 5. МСФИ за МСЕ - Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети.

04/06/2013

Процес КБ Ви ги нуди следните услуги:

- Финансово сметководство
- Материјално сметководство
- Калкулации и евиденција во трговија
- Трговски книги на мало
- Пресметка на цела плата со изработка на МПИН и со поднесување во Фондот за здравство за плави картони
- Евиденција на основни средства
- Пресметка на камати со изработка на каматни листи
- Совети при основање, промена на ДОО, ДООЕЛ и сл.
- Совети за законски прописи од областа на даноците, трговските друштва, девизното работење и сл.
- Пријава и одјава на работници во Агенцијата за вработување и Фондот за здравство
- Консалтинг за закон за работни односи, толкување на прашањата поврзани со Зaконот за работни односи
- Регистрирање на домашни и странски фирми

26/10/2012

Процес КБ Ви ги нуди следните услуги:

- Финансово сметководство
- Материјално сметководство
- Калкулации и евиденција во трговија
- Трговски книги на мало
- Пресметка на цела плата со изработка на МПИН и со поднесување во Фондот за здравство за плави картони
- Евиденција на основни средства
- Пресметка на камати со изработка на каматни листи
- Совети при основање, промена на ДОО, ДООЕЛ и сл.
- Совети за законски прописи од областа на даноците, трговските друштва, девизното работење и сл.
- Пријава и одјава на работници во Агенцијата за вработување и Фондот за здравство
- Консалтинг за закон за работни односи, толкување на прашањата поврзани со Зaконот за работни односи
- Регистрирање на домашни и странски фирми

Address

Авној
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 18:00
Tuesday 09:00 - 18:00
Wednesday 09:00 - 18:00
Thursday 09:00 - 18:00
Friday 09:00 - 18:00
Saturday 09:00 - 18:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Процес КБ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Процес КБ:

Share