Finance Academy нуди двомесечен курс, поделен во три дела, кој ги опфаќа главните препреки кон пристигнувањето до високо лукративни работни позиции на глобалните финансиски центри.
Поконкретно, курсот е прво интегрирано решение на пазарот за кариерно советување специјализирано на финансискиот сектор, кое опфаќа преглед на најповолните кариерни можности (инвестициско банкарство, менаџмент консалти
нг или Big 4 фирми) и позиционирање кон нив преку напредна подготовка на академските тестови GMAT и TOEFL, професионални сертификати (CFA/ACCA), одбрани пракси/работни искуства, како и таргет пост-дипломски програми.
Воедно, како наш клиент ќе имате бенефит не само од напредни предавања кои ги одржуваат инструктори со докажан резултат на самите тестови и дополнителни обуки, туку ќе се стекнете и со нови перспективи релевантни за нашиот регион преку guest lectures од македонски студенти кои се имаат пробиено како професионалци на некои од претходно споменатите позиции.
Во прегледот кој следи можете да добиете детални информации за содржината на курсот по делови.