Strategic Development Consulting

Strategic Development Consulting Создаваме услови за еднаквост, вклученост и подобар живот.

Консалтинг за стратешки развој (КСР) е компанија која создава услови за еднаквост, вклученост и подобар живот на граѓаните и заедниците воопшто.

Во давањето услуги водени сме од техники за
контрола на квалитетот и надворешни и внатрешни критериуми.

Во работата со клиентите користиме партиципативни методи. Со клиентите се консултираме и ги вклучуваме во процесот, за да им влееме чувство на сопств

еност врз промените и можност за ефективно донесување информирани одлуки и без наша помош.

Ја негуваме, поттикнуваме и зајакнуваме вредноста на недискриминирање на каква било основа. Ги поддржуваме ранливите и маргинализираните групи и се залагаме за нивно вклучување во активностите.

Им помогнавме на 131 поединец својата бизнис идеја да ја преточат во бизнис-план, а понатаму и во доходовен бизнис.
Преку поддршка и водење низ процесот на развивање производи и услуги, маркетинг и овозможување пристап до пазарите, испишавме 50 успешни приказни во рамките на Проектот за воспоставување бизниси во мултиетнички средини.

Од 2008 година создаваме услови за вклучување на граѓаните во локалното владеење, преку „Форуми во заедницата“. Како резултат на тоа, над 100 проекти се реализирани по идеја и барање на граѓаните во 59 од постоечките 81 општина во РМ.

Придонесовме кон зголемување на ефикасноста на користење енергија во 8 општини во РМ, преку унапредување на капацитетот на локалните самоуправи. За промоција на енергетска ефикасност во општините, организиравме 8 средби за размена на вклучување на граѓаните во решавање на ова важно прашање и споделување искуства.

Нашите консултанти учествуваа во спроведувањето оценка на повеќе проекти, како Проектот за образование на Ромите на ФООМ финансиран од УСАИД, Програмите за родово одговорно буџетирање на Програмата за жени на ООН, како и на Прогрaмата за регионален економски развој (РЕД) на ГИЗ.

🌿 Од органско производство и циркуларна економија♻️, до здрав живот, книги📚 и добро кафе☕️ – женското претприемништво по...
10/07/2026

🌿 Од органско производство и циркуларна економија♻️, до здрав живот, книги📚 и добро кафе☕️ – женското претприемништво покажува дека успешните бизниси се градат со визија, посветеност и иновации👏.

🚀Изминатава недела тимот на проектот заедно со Раководителот на Регионалната координативна канцеларија за техничка соработка при Österreichische Botschaft Skopje/Austrian Embassy Skopje - Дејвид Мукенхубер, ги посетија дел од добитничките на грантова поддршка за започнување и унапредување на своите бизниси👩💼.

🧠Во текот на посетите имавме можност одблиску🧐да се запознаеме со инспиративните приказни зад нивните претприемачки идеи:

🌱 Green Republic / Зелена Република, с. Орешани – органско производство и свежи производи директно од градина🫛;
🌸 Расадник за цвеќиња „Славеви“, Градско – инвестиција во енергетски ефикасен еко-систем за самоодржливо производство на премиум саксиско цвеќе;
♻️ Социјалното претпријатие Заедно на Фондација за развој на локалната заедница - Штип – пример како текстилниот отпад добива нов живот преку принципите на циркуларната економија и производство на пернички за миленичиња и торбички;
💪 FIT Concept, Битола – простор посветен на здравјето и здравствениот фитнес, но и психо-физичката и социјална рехабилитација;
🥖 Пекара „Фреш“, Штип – бизнис кој ја промовира безглутенската исхрана и поздравите животни навики;
☕📚 Кафе-книжарница „Долапче“, Прилеп – уникатно катче кое ги спојува љубовта кон книгите и доброто кафе📚☕️.

🌱 Секоја од овие претприемачки приказни е различна, но сите имаат една заедничка цел – создавање одржливи бизниси кои придонесуваат за развојот на локалните заедници 🤝 и економското јакнење на жените. 💜

Проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ е финансиран од Austrian Development Agency преку а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од Западен Балкан, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој✅.

CARE Österreich

👏Социјалното претпријатие Garden Glow на нашите грантисти Здружение за церебрална парализа и други попречености - Велес ...
06/07/2026

👏Социјалното претпријатие Garden Glow на нашите грантисти Здружение за церебрална парализа и други попречености - Велес (Zdruzenie Cerebralna) ги доби и првите парчиња опрема 🚜набавени со помош на грантовата поддршка за унапредување на својата работа, во рамките на проектот .

🚜🌿 Со новата земјоделска механизација значително ќе се олесни одгледувањето и обработката на органски лековити и ароматични билки, како лаванда 💜, нане 🌱 и босилек 🌿, од кои се произведуваат чаеви ☕, мешавини, креми и природни масла.

💚 Благодарение на новата опрема, посветеноста на тимот и придонесот на сите ангажирани лица, вклучително и лица со попреченост 🤝, ова социјално претпријатие очекува да го зголеми својот годишен производствен капацитет за најмалку 20% 📈 во однос на сегашното производство од 100–300 кг сушени органски лековити и ароматични билки годишно.

💰Грантовата поддршка за социјална претпријатија е активност во рамките на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ финансиран од Austrian Development Agency преку а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од Западен Балкан, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој✅.

CARE Österreich

💼💻 Во изминатиот период, активностите во рамките на проектот   беа насочени кон подобрување на меките вештини и дигиталн...
01/07/2026

💼💻 Во изминатиот период, активностите во рамките на проектот беа насочени кон подобрување на меките вештини и дигиталната писменост на жените во различни региони во нашата држава.

🎯Целта на овие активности е да се подобри вработливоста на жените и нивната конкурентност на пазарот на труд преку унапредување на нивните меки вештини, но и дигиталната писменост💻.

🗣️Преку обуките за меки вештини, учесничките имаат можност да ги зајакнат своите комуникациски способности, управувањето со време⏰, решавањето проблеми🧠и самодовербата – компетенции кои сè повеќе се препознаваат како клучни од страна на работодавачите и се неопходни за успешно вклучување и напредување на работното место.

💻📱 Воедно, преку обуките за дигитална писменост, жените работат на унапредување на своите дигитални компетенции, односно користењето на современи дигитални алатки и технологии. Овие вештини им овозможуваат полесно да одговорат на барањата на современиот пазар на труд, да пристапат до поголем број можности за вработување, како и поефикасно да ги извршуваат своите работни задачи. 🚀✨

🔛Обуките за дигитална писменост продолжуваат и во следниот период, во соработка со нашите партнерски организации🤝Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово и ЛАГ Агро Лидер.

ℹ️Проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, е финансиран од Austrian Development Agency преку а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од Западен Балкан, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој✅.

CARE Österreich

🎙️ Директорката на Консалтинг за стратешки развој, Kristina Hadzi-Vasileva, гостуваше во Македонија наутро - утринска пр...
19/06/2026

🎙️ Директорката на Консалтинг за стратешки развој, Kristina Hadzi-Vasileva, гостуваше во Македонија наутро - утринска програма на МТВ, каде зборуваше за проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ и неговиот придонес во развојот на женското претприемништво во Северна Македонија👩‍🦰💼.

📈 На половина од периодот на имплементација, проектот веќе бележи значајни резултати:

✅ 7️⃣5️⃣ жени обучени за бизнис планирање и подготовка на бизнис планови;
✅ 7️⃣0️⃣ изработени бизнис планови за започнување и развој на бизниси;
✅ 2️⃣ инвестициски планови за социјални претпријатија;
✅ 1️⃣5️⃣ мали грантови доделени за започнување женски бизниси;
✅ 1️⃣5️⃣ големи грантови доделени за унапредување на постоечки женски бизниси;
✅ 2️⃣ грантови за развој на социјални претпријатија управувани од жени;
✅ 🔟 обуки за социо-економско јакнење со повеќе од 200 учеснички;
✅ 6️⃣ обуки за финансиска писменост со над 70 учесници;
✅ 7️⃣ обуки за развој на меки и дигитални вештини.

🚀 Продолжуваме и во следниот период со нови активности, обуки и можности за економско јакнење на жените.

ℹ️Проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, е финансиран од Austrian Development Agency преку а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од Западен Балкан, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој✅.

CARE Österreich

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

🔛Активностите во рамките на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ продолжуваат и во наред...
16/06/2026

🔛Активностите во рамките на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ продолжуваат и во наредниот период‼️

🤝Нашите партнери, ЛАГ Агро Лидер и Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово, активно спроведуваат активности насочени кон🧠јакнење на капацитетите на жените, сегашни и идни претприемачки👩💼. Преку различни обуки 👩‍🏫и едукативни програми, се работи на подигнување на свеста за економските права на жените💪, како и на унапредување на нивните меки вештини и дигитални способности🗣️👩‍💻.
🖇️Овие активности имаат за цел да придонесат кон поголема вработливост, економска независност и поуспешно вклучување на жените на пазарот на трудот💼📈.

ℹ️Проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, е финансиран од Austrian Development Agency и CARE Österreich а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од Западен Балкан, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој✅.

👉Изминатата недела, Консалтинг за стратешки развој, заедно со нашите локални партнерски организации🤝 – ЛАГ Агро Лидер и ...
05/06/2026

👉Изминатата недела, Консалтинг за стратешки развој, заедно со нашите локални партнерски организации🤝 – ЛАГ Агро Лидер и Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово учествувавме на работна средба посветена на спроведувањето на🔎среднорочната евалуација на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“.

📍 Во текот на средбата која се одржа на Златибор, Р. Србија 🇷🇸, проектните партнери од Западен Балкан 🤝 дискутираа за досегашните активности и резултати 📊, предизвиците 🚩 и научените лекции 📚, а беа утврдени и насоките за понатамошно успешно спроведување на проектните активности 🎯.

💬 Преку отворена дискусија и размена на искуства, заеднички беше оценета постигнатата промена 📈, а воедно се потврди и значењето на партнерската соработка 🤝 во унапредувањето на економското вклучување 💼 и правдата за жените 👩‍💼⚖️ во регионот 🌍.

ℹ️Проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, е финансиран од Austrian Development Agency и CARE Österreich а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од Западен Балкан, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој✅.

📢Нашите пријатели од AGORA, Konekt и Фондација за развој на локалната заедница - Штип се во потрага по лица- претставниц...
27/05/2026

📢Нашите пријатели од AGORA, Konekt и Фондација за развој на локалната заедница - Штип се во потрага по лица- претставници на граѓански организации кои ќе ги следат🕵️‍♀️ практиките за управување со текстилен отпад 👕♻️што ги спроведуваат локалните самоуправи и националните институции.

📑Ангажманот опфаќа 6 месеци и треба да се реализира во периодот јуни – ноември, 2026 година.

🧐За повеќе детали, условите и начинот на пријавување, погледнете го целосниот повик👇

📩Пријавите се доставуваат најдоцна до 02.06.2026 година (вторник), до 00:00 часот.

АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности ги поканува заинтересираните граѓански организации да достават понуда за пријава за следење на практиките за у...

⏳Уште само 3 дена до крајниот рок за аплицирање📝на отворениот повик за учество во Програма за побарувани занимања во📍Пел...
22/05/2026

⏳Уште само 3 дена до крајниот рок за аплицирање📝на отворениот повик за учество во Програма за побарувани занимања во📍Пелагонискиот регион - Обука за асистентки на стари и немоќни лица.

🧐Повикот е отворен за сите заинтересирани жени👩‍🦰, особено од маргинализирани категории, кои живеат во Пелагонискиот регион, сакаат да се до/пре-квалификуваат преку обуки за стручно образование👩‍🏫 и се здобијат со сертификат за стекнати знаења, вештини, способности и компетенции за професијата Негувателка на стари и немоќни лица👩‍⚕️.

🔎Сите детали за повикот може да се пронајдат на следниот линк: https://sdc.com.mk/povici/obukizaneguvatelki/

📩Линк за пријава: https://forms.office.com/e/wM7DKZB7BK

🫵Ги очекуваме вашите апликации најдоцна до 2️⃣5️⃣ мај!

ℹ️Активностите за поддршка на женско претприемништво се спроведуваат во рамките на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, финансиран од Austrian Development Agency и CARE Österreich, а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со четири организации од Западен Балкан, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој✅.

🔊Консалтинг за стратешки развој објавува дополнителен повик за заинтересирани жени од📍Пелагонискиот регион за учество во...
20/05/2026

🔊Консалтинг за стратешки развој објавува дополнителен повик за заинтересирани жени од📍Пелагонискиот регион за учество во бесплатни обуки за побарувани занимања- Негувателка на стари и изнемоштени лица👩‍⚕️.

🧐👩Повикот е отворен за жени (постари од 18 години) на територијата на Пелагонискиот регион кои што:

🔸Бараат вработување и сакаат да се квалификуваат или до/преквалификуваат во секторот на услуги – нега и грижа за стари и изнемоштени лица;
🔸Подготвени се редовно да учествуваат во стручната обука и јавни активности во рамки на проектот (90% присутност);
🔸Сакаат да се вработат кај локални или меѓународни работодавачи во земјата.

👉Предност имаат жените од следниве категории:

🔹Жени со попреченост,
🔹Жени невработени подолго од една година,
🔹Жени припаднички на етнички заедници,
🔹Самохрани мајки,
🔹Млади жени до 30 години,
🔹Жени во повозрасна доба (50+) и
🔹Жени од рурални средини.

📝Пријавувањето за обуките е на следната онлајн форма: https://forms.office.com/e/wM7DKZB7BK

✅Програмата за поттикнување и зголемување на вработливоста на жените и нивното учеството на пазарот на труд преку обуки за побарувани занимања е активност во рамките на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ поддржан од Austrian Development Agency и CARE Österreich а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со 4 организации од Регионот меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој.

Во рамките на овој повик ќе биде обезбедена обука за Негувателки на стари и изнемоштени лица како едно од побаруваните занимања на пазарот на труд. Обуката е отворе...

🎓Младите матуранти од две средни училишта во📍Куманово неделава имаа можност да присуствуваат на👩‍🏫обуки за меки и дигита...
14/05/2026

🎓Младите матуранти од две средни училишта во📍Куманово неделава имаа можност да присуствуваат на👩‍🏫обуки за меки и дигитални вештини, како подготовка за нивниот иден влез на пазарот на труд💼.

🗣️Во рамките на двете работилници одржани на 1️⃣1️⃣и 1️⃣2️⃣ од страна на нашата партнерска организација Хуманитарно Здружение Мајка - Куманово, беа споделени практични совети💬, техники👍и насоки🔀за успешно барање, аплицирање и спроведување интервју за работа🔎📝, вклучително и подготовка на резиме и писмо за мотивација✏️.

✅Активностите насочени кон зголемување на капацитетите на маргинализираните групи, меѓу кои и младите, се дел од проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, финансиран од Austrian Development Agency и CARE Österreich а имплементиран од CARE International Balkans во партнерство со 4 организации од Балканот меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој.

Address

Ристо Шишков бр. 12-1/4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 08:30 - 17:00

Telephone

+38923119106

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Strategic Development Consulting posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Strategic Development Consulting:

Shortcuts

Share