ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ИПАРД?
Основни напомени кога ја планирате вашата инвестиција – кои трошоци се признаваат а кои не се признаваат
Како се спроведува финансиската поддршка на ИПАРД програмата
Откако ќе бидат испратени сите документи кои се бараат во ИПАРД програмата, во рок од 6-8 месеци (доколку се работи за машини и опрема) и 8-12 месеци доколку се работи за градба следува Договор за фина
нсирање на вашиот бизнис во висина од 50%.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
НЕ СМЕЕ: да има двојно финансирање. Ако купувате машина и истата ви е одобрена од ИПАРД не смее да земате пари од некој друг фонд за истата машина (особено за инвалидните друштва). Во таква ситуација вашиот предмет може да стане предмет на судски спор и враќање на парите на едниот, другиот или двата фонда.
НАПОМЕНА: Овој договор може да го искористите и како гаранција при подигање на кредит од банка доколку немате ваши средства да ја покриете инвестицијата.
Ипард ви враќа пари за:
Сите трошоци направени за архитекти и инжењери, консултанти (СЕТТИМ Консалтинг),физибилити и студии, сертификати, патенти, лиценци, кои се однесуваат на:
- подготвување на документацја за ИПАРД
- идејно решенние или основен архитектонски проект
- ревизиј ана архитектонскиот проект
- заверка во ИЗИС на архитектонскиот план
- ИСО сертификат, ХАСПП и сл.
- физибилити студии, анализи и слично.
Овие трошоци направени од 2007 наваму се однесуваат на вашата инвестиција ИПАРД ги
покрива со 50% враќање на вашите исплати.
Други прифатливи трошоци
- целосна градба и реконструкција на објекти
- набавка на НОВИ машини
- набавка на НОВА опрема
- набавка на НОВИ компјутери и софтвер, но ако се набавени после склучување на договорот со ИПАРД
Неприфатливи трошоци
Нема да се прифатат и признаат трошоците а со тоа не се покриени од ИПАРД:
• даноци, царини, давачки од увоз
• кирија, казни, трошоци од судски спорови;
• нотарски заверки, судски преводи, банкарски порвизии
• не смее да с енабават половни машини и половна опрема
• не се признава купување на земјиште или локација