12/01/2016
ВЕНЕЦИЈАНЕР РОЛЕТНИ ОД 16мм и 25мм
*** Инфо на 071/920-742
Нешто повеќе за ВЕНЕЦИЈАНЕР РОЛЕТНИТЕ:
Венецијанер ролетни се најчест и најпогоден избор денес во станбени, деловни и репрезентативни објекти кои ги исфрлат од употреба старите гломазни завеси.
Венецијанерот претставува многу поволно финансиско решение и обезбедуваат максимална заштита од сонце, како и дополнителна топлотна и звучна изолација,а имаат широка примена во опремувањето на станбените и деловни простории.
Венецијанерот се монтира на самата рамка на прозорецот од неговата внатрешна страна.Тие можат да бидат изработени од алуминиум или дрво.
Алуминиумските венецијанер ролетните се изработуваат од алуминиумски ламели со ширина од : 16мм и 25мм и дебелина од 21 микрони, на краевите на венецијанерот има можност за монтирање на пвц сајли(зигел механизам) со кои се фиксира истиот. Венецијанерот го има во избор од повеќе бои и дезени, перфорирани, венецијанер копија на дрво, венецијанер со бордура, венецијанер со апликација по Ваш избор со што можностите за вклопување во ентериерот како и експериментирање со истите се многу големи.
За разлика од класичните завеси кај венецијанерот е овозможено пригушено и дифузно пропуштање на светлината како и регулација на протокот на надворешната светлина, а со тоа се овозможува да и без поставување на надворешна ролетна, доволно се затемни просторот.
Во поглед на трајноста на алуминиумските венецијанер ролетни може да се каже дека со употребата на алуминиумот и полиетуренски бои, како и сите други делови кои се од нерѓосувачки материјали, се овозможува многу долг век на користење.