01/05/2026
🌿🍀🌺Во светот на тактилните откритија*** Инклузивни ботанички, креативни работилници во рамки на проектот „Вештини # клучот на зелената економија“ во која учествуваа млади и родители од Рехабилитациониот центар и училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“. Заедно со менторите Марија Тодороска, Мари Јанева,Весна Јанева, Дарко Костадиновски, твореа имресивни дела каде што се споија природата, дарбата, изострените сетила кои вешто го истакнуваа талентот на младите . Со својата тактилна виртуозност, се истакнаа таленти, кои небаре маестро на клавијатура, ги плетеа билните гранчиња создавајќи импресивни декоративни дела.
🍀🌺🧩Од едукација до претприемачки капацитет, од талент до стартап, од посебност до автентични дела.
🌿🍀🌺Проектот „Вештини # Клучот на зелената економија„ е поддржан од Владата на Словенија и институционална поддршка од Владата на С.Македонија.
🌿🍀🌺Благодарност до Амбасадата на Словенија во Скопје и Министерството за надворешни и европски работи, што го препознаа нашиот проект.
🔵За преоектните активности во Рехабилитациониот Центар и училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов“, е обезбедена согласност од родители .
Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република СловенијаMinistrstvo za zunanje in evropske zadeve RS / Slovenian Ministry of Foreign and European Affairs@следачи