25/09/2020
Пријатели, да не ве лаже господ да порачувте од оваа фирма.
Порачано на 3 Јули, платено во ќеш при доставата (не целосна) целосната сума, денеска е 25 Септември после 300 јавувања ни се јавија тие да одиме од Струмица да ги земеме останатиот мебел кој што беше платен (а демек доставата бесплатна) заминавме Струмица, од тоа што не донесоа имаше само масичка, а перничките за гарнитурата по чекање 5 саати во Струмица и ветување дека ќе се донесат секој момент не добивме ништо, а замисли тие ни се јавија дојдете да ги земете готови се, тоа значи од Гевгелија до Струмица едно 10 пати одење по масичка и пернички повеќе излезе од една гарнитура, а истиот господин кој што ми се јави со број 077766936 му се јавувам сега и дрзок и ми се дере на телефон демек што сме сакале сега!
Епа драги пријатели, оваа фирма е најголемиот преварант меѓу фирмите во Македонија, истата фирма на пријател кој што си ја плати уредно гарнитурата на 10 Јули уште му ја нема доставено, со не кревање на телефон и карање ги решаваат работите и на лице место во салонот во Струмица.
Епа Македонијо, нема по голем крш на фирма и преварант во оваа област, да не сте се излажале да плаќате унапред кај нив, прво да Ви донесат тоа што сте го порачале па после да плаќате. Фала Ви!
Изработка на модерен и уникатен мебел, кој истовремено не ја губи удобноста, комфортот и функционалноста.