16/05/2026
💬 Од лични финансиски одлуки до јавни финансии
Во рамки на обуката за финансиски вештини во Up Hub Струмица, посебно внимание беше посветено на врската меѓу личните и јавните финансии.
Предавачите Олга Рајчиќ, претприемач, експерт за бизнис развој и едукатор за финансиски вештини, и Пламен Тодоров, меѓународен експерт од областа на проектниот менаџмент и финансиите, преку практични примери ги поврзаа темите за потрошувачка, штедење, инвестирање и формална работа со економската активност, даночните приходи и буџетот.
💡Финансиите не завршуваат со личниот буџет. Начинот на кој трошиме, штедиме, инвестираме и работиме се поврзува со економијата, даноците, буџетот и јавните услуги што ги користиме секој ден.
Обуката се одржа како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“.
👉 Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а го спроведуваат партнерите од Југоисточен регион - здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус Радовиш.
Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia