Ansarov Company

Ansarov Company ДОО Друштво со ограничена одговорност

25/09/2024

ПОТСЕТУВАЊЕ на Известување на ИСОС од 29.04.2024 за потребниот број на КПУ часови за првиот и вториот циклус кој завршува со крајот на 2024 година
----------------------------------
Известување на ИСОС од 29.04.2024 за потребниот број на КПУ часови за првиот и вториот циклус кој завршува со крајот на 2024 година

Комисијата за образование, обука и публикации на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија на седница одржана на ден 23.04.2024 година усвоил предлог од Управниот одбор на ИСОС за потребниот број часови на КПУ за сметководители и овластени сметководители до крајот на вториот циклус обуки за КПУ.

Линк до известувањето на ИСОС: https://isos.mk/ova_doc/izvestuva%d1%9ae-za-potrebni-chasovi-na-kpu-za-smetkovoditeli-i-ovlasteni-smetkovoditeli-do-kra%d1%98ot-na-vtoriot-cziklus-na-obuki-za-kpu/

Преглед на потребниот број на часови на КПУ за сметководители и овластени сметководители

Според година на упис во регистар на ИСОС и почеток на посета на КПУ

2017 и 2018 година

Сметководител = 60 за прв циклус; вкупно до 31.12.2024 = 100

Овластен сметководител = 90 за прв циклус; вкупно до 31.12.2024 = 150

2019-2020-2021-2022

Сметководител = вкупно до 31.12.2024 = 40

Овластен сметководител = вкупно до 31.12.2024 = 60

2023

Сметководител = вкупно до 31.12.2024 = 20

Овластен сметководител = вкупно до 31.12.2024 = 30

2024

Сметководител = вкупно до 31.12.2024 = 10

Овластен сметководител = вкупно до 31.12.2024 = 15

Остварените часови КПУ секој член на ИСОС може да ги провери на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

21/05/2024

31 МАЈ 2024 ГОДИНА - РОК ЗА ПОТВРДУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ОСТВАРЕН ВО 2023 ГОДИНА
--------------------------------------------------
Врз основа на податоците за остварен доход на физички лица (ГРАЃАНИ) во текот на 2023 година, УЈП ги пополнува податоците во Годишната даночна пријава и ја доставува до даночните обврзници најдоцна до 30 април 2024 година. Доставата е фактички можност, физичките лица преку платформата www.e-pdd.ujp.gov.mk да пристапат до Годишната даночна пријава генерирана од страна на УЈП.
ГДП ги содржи следните податоци:
Во делот за општи податоци се внесени податоци за даночниот обврзник:
• единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ),
• име и презиме на обврзникот и адреса на живеење за контакт,
• телефон и е-пошта,
• број и датум,
• даночен период,
• датум на издавање,
• рок за потврдување,
• фолио број и
• службена исправка.
Во делот за остварен доход,
• во првата колона е искажан видот на остварениот доход,
• во втората колона е искажан бруто износот на доходот,
• во третата колона е искажан вкупниот износ на платени придонеси од задолжително социјално осигурување и признаените трошоци при пресметувањето на аконтациите на данокот на личен доход,
• во четвртата колона е искажан вкупниот износ на пресметан данокот на доход, а
• во петтата колона е искажан вкупниот износ на платен данокот на личен доход во текот на даночниот период.
За секој вид на доход пополнети се податоците за:
• остварениот бруто износ на доход,
• вкупниот износ на платени придонеси и
• признаените трошоци како и
• вкупниот износ на пресметаниот и платениот данок на личен доход.
Напомена: Во празните полиња, даночниот обврзник може да изврши КОРЕКЦИЈА на податоците, доколку не ги потврдува истите. Даночниот обврзник врши коригирање на податоците во пополнетата годишна даночна пријава доколку смета дека неговите податоци не се совпаѓаат со вкупниот доход, износот на искористените одбитоци и платените аконтации на данокот на личен доход, и истовремено коригираните износи за соодветниот вид на доход ги внесува во празните полиња под податоците пополнети од УЈП.
Во квадратот пред полето за редниот број 12 го внесувате знакот “Х” доколку барате враќање на повеќе платениот данок на личен доход.
По редниот број 12 се дадени полиња и тоа: Трансакциска сметка на која треба да се изврши враќањето и Назив на банка кои задолжително ги пополнувате доколку во квадратот пред полето за редниот број 12 сте означиле дека барате враќање на повеќе платениот данок.
НАПОМЕНА: Даночниот обврзник е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година.
Потврдувањето или коригирањето на податоците во пополнетата Годишната даночна пријава, го вршите со означување на полињата:
1. „ПОТВРДУВАМ дека податоците во пополнетата Годишната даночна пријава целосно се совпаѓаат со остварениот вкупен доход, износот на искористените одбитоци и платените аконтации на данокот на доход во наведениот даночен период (календарска година)“ и
2. „ КОРИГИРАМ податоци во пополнетата Годишната даночна пријава кои НЕ се совпаѓаат со остварениот вкупен доход, износот на искористените одбитоци и платените аконтации на данокот на доход во наведениот даночен период (календарска година)“.
Доколку даночниот обврзник не ја потврди или коригира пополнетата годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата годишна даночна пријава се смета за потврдена.
Искажаниот данок на доход во пополнетата годишна даночна пријава се смета за утврдена обврска по која треба да извршите плаќање на разликата за доплата најдоцна до 30 јуни во тековната година за остварениот доход во претходната година.
----------------------------------------
КПУ обука на Про Агенс (2-5 јуни 2024): Камена Воурла (ГР)
ДВОДНЕВНА КПУ Обука, бр. 2/2024
Локација на одржување: х. Mitsis Galini, Kamena Vourla, Грција
Термин: 2 – 5 јуни 2024 година (недела – среда)
Програма, пријава и про-фактура:
1. Програма: https://proagens.mk/.../Programa-Pro-Agens-2.2024-GR.pdf...
2. Пријава: 1 https://proagens.mk/registracija-on-line-sovetuvanje/
3. E-Пријава: https://proagens.mk/registracija-on-line-sovetuvanje/
4. Про-фактура за 1 лице: https://proagens.mk/.../1-a-Pro_Faktura-Kamena-Vurla...
-------------------------
https://www.mitsis.com/en/hotels/galini-resort
https://www.youtube.com/watch?v=Kad7d7_ncjQ
https://www.youtube.com/watch?v=l9qCr0gRCmE
------------------------------------------
Едноденевна ONLINE КПУ обука, на Про Агенс, бр. 2/2024
Термини (почеток во 10 часот):
• 31 мај 2024 година (петок)
• 7 јуни 2024 година (петок)
• 8 јуни 2024 година (сабота)
Програма, пријава и про-фактура:
1. Програма: https://proagens.mk/.../Programa-Agens-2.2024-ONLINE.pdf...
2. Пријава: https://proagens.mk/registracija-on-line-sovetuvanje/
3. E-Пријава: https://proagens.mk/registracija-on-line-sovetuvanje/
4. Про-фактура за 1 лице: https://proagens.mk/.../2-a-Pro-Faktura-Online-2.2024.pdf...

24/03/2024

ИСОС: Најава за првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РСМ
--------------------------------
НАЈАВА ОД ИСОС
Линк до Најавата (18.03.2024): https://isos.mk/ova_doc/%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd/

Цитат:
„18.03.2024
СООПШТЕНИЕ

Најава за првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РСМ

Почитувани колеги,

Со големо задоволство би сакале да ја најавиме првата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“, што ќе се одржи на 28 март 2024 (четврток), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Организатор на Конференцијата е нашиот Институт за сметководители и овластени сметководители.

На конференцијата, што ќе се одвива под мотото „Во бројките веруваме (In numbers we trust)” очекуваме да земат учество околу 300 сметководители, а меѓу поканетите гости и говорници се и претставници на релевантни институции, организации и компании од нашата земја, како и домашни, регионални и меѓународни експерти од областа.

Како што е наведено и во името на конференцијата, клучната цел за нејзиното одржување е да поттикнеме дискусија за предизвиците, актуелната состојба и перспективите за развојот на сметководствената професија во нашата земја, имајќи ги предвид искуствата на нашите колеги од земјите во регионот и ставовите на експертите.

Во рамки на конференцијата планирано е да се одржат три панел-дискусии: (1) Патот до членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC); (2) Сметководството во регионот; и (3) Перспективите за натамошен развој на сметководствената професија во РС Македонија.

За настанот не е предвидено плаќање на котизација, но поради ограничениот број на места во салата каде ќе се одржува конференцијата, присуството на настанот ќе биде овозможено само со претходно пријавување.
За начинот на пријавување, како и за останатите детали околу конференцијата, дополнително ќе ве информираме.

Со почит,
Управен одбор на ИСОС 18 март 2024“
----------------------------------
https://proagens.mk/

29/02/2024
21/02/2024

Правилник за дисциплинска одговорност на ИСОС
---------------------------------
На седницата на Управниот одбор, одржана на 18.02.2024 година, ИСОС донесе ПРАВИЛНИК за дисциплинска одговорност (акт број 0202/040-1).
• Линк до Правилникот за дисциплинска одговорност на ИСОС: https://isos.mk/download/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%81%D1%86%D0%B8%D0%BF%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%BE/
---------------------------------
https://proagens.mk/pretplata/

19/02/2024

Нова Национална класификација на дејности во примена од 2025 година
-------------------------------
Од 1 јануари 2025 година во примена ќе биде НОВА Национална класификација на дејностите (НКД РЕВ 2.1): https://proagens.mk/wp-content/uploads/2024/02/NKD-2025.pdf?utm_source=newsletter&utm_medium=email&utm_campaign=nova_nacionalna_klasifikaci_a_na_de_nosti_vo_primena_od_2025_godina&utm_term=2024-02-19
------------------------------
https://proagens.mk/pretplata/

19/02/2024

Прашање и одговор: Кој треба да добие дивиденда од минати години кога сопственик било едно лице кое во меѓувреме го продало својот удел/акции
----------------------------------
Прашање:
Со оглед дека наскоро (после усвојувањето на годишните сметки од страна на сопствениците) ќе се отвори „сезоната на исплата на дивиденди“, зачестуваат прашањата за тоа кој треба да добие дивиденда од минати години кога сопственик било едно лице кое во меѓувреме го продало својот удел/акции, дали стариот сопствени или неговата замена?

Одговор:
Датум на евиденција според којшто се определува листата на акционери/сопственици на удели кои имаат право да добијат дивиденда

„Датум на евиденција“ е датумот од којшто се одредува идентитетот на содружниците, односно на акционерите и нивните права што произлегуваат од уделот, односно од акцијата (право на известување, на гласање и на распределба) и други права кога тоа е определено со закон, со договорот за друштвото, односно со статутот.

На овој датум ќе биде утврдена финалната листа на акционери, односно содружници кои имаат право да добијат дивиденда врз основа на изводот од акционерската книга, односно книгата на удели (датум на пресек). После датумот на евиденција бројот на акциите кои ќе учествуваат во распределбата не може да се менува.

Актуелниот ЗТД не го уредува подетално начинот на определување на датумот на пресек според кој ќе се определат акционерите кои имаат право на дивиденда оставајќи го тоа на интерните акти на друштвото. За акционерите и содружниците од особено значење е одредбата од членот 490 став 2 од ЗТД со кој се утврдува на кое лице му припаѓа правото на дивиденда во случај на продажба на акциите по датумот на пресек (датум на едвиденција):

Ако по датумот на евиденцијата и пред денот на исплатата содружникот, односно акционерот изврши пренос на удел, односно на акции кои му носеле право на дивиденда, ова право за примање на дивиденда се пренесува на лицето на коешто се пренесени уделите (НОВИОТ сопственик), односно акциите, освен ако пренесувачот и лицето на кое е пренесен уделот, односно акциите заедно не договориле нешто друго.

Друштвата што котираат на берза по однос на овие прашања постапуваат според Правилникот за котацијата на хартии од вредност, којшто по аналогија може да го применат и останатите акционерски друштва во однос на утврдување, на пример, на: последен датум за продажба на акции со право на дивиденда, односно прв ден на продажба без право на дивиденда, определување на датум на пресек на акционерската книга, на пример, по истекот на најмалку 14 дена од одржаното собрание и слично.
---------------------------------
https://proagens.mk/

19/02/2024

Прашање и одговор: Даночен третман на исплатата по основ на деловна успешност на работодавачот
---------------------------------------------
Трошоци за нето износот на примањата по основ на деловна успешност над износот на кој се пресметани придонеси согласно со закон (АОП 26 од Даночниот биланс за данокот на добивка - образец „ДБ“)

Дефиниции
Делот за ДЕЛОВНА успешност е составен дел на ПЛАТАТА на работникот. Се исплатува за успехот во работењето на КОМПАНИЈАТА-РАБОТОДАВАЧ-ИСПЛАТУВАЧ. Деловна успешност не се исплатува задолжително и редовно.
Според членот 27 од Општиот колективен договор за приватниот сектор, на работникот може да му се исплати и дел по основ на деловна успешност на работодавачот (добар финансиски резултат на компанијата - исплатувач).

Делот за РАБОТНА успешност е составен дел на ПЛАТАТА на работникот. Се исплатува за успешното работење на работникот согласно критериумите на РАБОТОДАВАЧОТ.
Според членот 21 од Општиот колективен договор за приватниот сектор, критериуми и мерила за утврдување на работната успешност се:
- домаќински однос;
- обем;
- квалитет;
- креативност и инвентивност,
- остварена продуктивност,
- економичност;
- заштеди во процесот на работење;
- ефикасност и користење на средствата за работа и работното време и
- други утврдени со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на ра-ботодавач.
Работната успешност се мери, односно проценува за поединци или групи на работници според однапред утврдени критериуми и мерила со кои работникот се запознава пред да почне да работи.
Резултатите од работењето на работникот ги утврдува, односно оценува работникот кој го води и организира процесот на работа.

ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА ДЕЛОВНАТА УСПЕШНОСТ за целите на фромирањето на основата за оданочување со ДАНОК НА ДОБИВКА
Согласно со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, највисоката основица на која се пресметуваат социјалните придонеси за 2023 година изнесува 790.352 денари (БРУТО ПЛАТА), односно 513.052 (НЕТО ПЛАТА) (16 просечни месечни бруто плати во РСМ, податок (49.397) објавен во јануари 2023 година).
Согласно со членот 9 точка 18) на Законот за данокот на добивка, трошоците по основ на примања за деловна успешност за кои не се платени социјални придонеси ќе бидат оданочиви расходи. Правото на исплата по основ на деловна успешност на работодавачот му припаѓа на работникот согласно со членот 27 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Ова право е одвоено регулирано во ОКДПС од правото на додатокот на плата по основ на работна успшешност.
Со оглед дека законодавецот за целите на данокот на добивка не ја нормира работно-правната категорија „работна успешност“, произлегува дека платите на вработените кои заради високата работна успешност го надминуваат износот на највисоката основица за пресметување на социјални придонеси нема да бидат оданочиви за целите на данокот на добивка. Се разбира, критериумите за работна успешност која ќе биде наградена преку зголемување на платата на работникот треба да бидат уредени со правила кои ќе бидат достапни, проверливи и применети на конзистентен начин.
Пример за даночен третман на исплатена деловна успешност кај обврзник на данокот на добивка
Во месец март 2023 година, главниот извршен директор добил награда-дел за деловна успешност која е вклучена во пресметката за плата.
Бруто надоместот за деловна успешност изнесува 1.477.248 денари.

Пресметка:
Даночно признаен расход е делот за деловна успешност на кој се платени социјалните придонеси, 790.352 денари, а остатокот од 686.896 денари претставува оданочив расход кој се искажува на АОП 26 од Даночниот биланс
Износот од 686.896 го содржи данокот на личен доход, пресметан со стапка од 10%.
----------------------------------
https://proagens.mk/

08/02/2024

Најновото известување на УЈП за корисниците на платформата E-pdd побарај го преку следниот линк: http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/995
--------------------------------
Министерство за економија: Јавна расправа по НОВИОТ Предлог Закон за трговските друштва
Министерството за економија ја поканува заинтересираната јавност на Јавна расправа по НОВИОТ Предлог на закон за трговските друштв, што ќе се одржи на 16.02.2024 година (петок), од 10:30 часот во просториите на Министерството за економија, први кат, сала за состаноци.
• Линк до Нацрт Законот за трговски друштва и до Поканата за јацна расправа: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javna-rasprava-po-noviot-predlog-na-zakon-za-trgovskite-drustva.nspx
--------------------------------------

Обука за Годишна сметка, финансиски и даночни извештаи за 2023 година
-----------------------------------------------
Потсетување: ПОСЛЕДНИ ТЕРМИНИ за Обуките за Годишна сметка, Финансиски и даночни извештаи за 2023 година продолжуваат во:
• ПЕТОК на 9-ти февруари и
• САБОТА 10-ти февруари 2024 година !!!
Пријавените колеги на мејловите кои ги навеле во пријавите вечерва ќе добијат линк за следење на Обуката!!!....
Новините кај ДАНОКОТ НА ДОБИВКА за 2023 година (новини во Законот за ДД, Новини од други заккони кои се однесуваат на данокот на добивка, нов придружен образец на ДБ ...)
Нов Правилник за ДДВ, редефинирање на даночниот третман на прометот на услуги
-------------------------------------------------
Обука за Годишна сметка, финансиски и даночни извештаи за 2023 година
Термини: Почеток во 10:00 часот
• 9 февруари 2024 година (ПЕТОК) – online
• 10 февруари 2024 година (САБОТА) – online
Пријави
• Пријава за еднодневни E-Обуки: 3 Prijava-Obuka 1.2024_ONLINE
• Линк за задолжително пријавување/регистрација за 1 лице: https://proagens.mk/registracija-on-line-sovetuvanje/
Про-фактури
• Про-фактура за еднодневните Е-Обуки за Годишна сметка: 3 а Pro_Faktura 1.2024-ONLINE
• Про-фактура за Обуката за Годишна сметка во Сандански: 1 a Pro_Faktura-SANDANSKI-1.2024
• Про-фактура за Обуката за Јавни набавки во Сандански: 2 а Pro_Faktura-SANDANSKI-JAVNI NABAVKI-1.2024

Програми
• Програма за Обуката за Годишна сметка: https://proagens.mk/.../Programa-Obuka-za-GODISNA-SMETKA...
Е-Обуката се следи преку ZOOM платфоорма.
• Упатство за задолжително пријавување/регистрација на присуството: Upatstvo-za-prijavuvanje-na-E-Obukite-na-Pro-Agens
• Упатство за инсталација на ZOOM платформата и насоки за користење/следење на Е-Обуката: Upatstvo-za-instalacija.sledenje-na-E-Obukite-na-Pro-Agens-Konecno

30/01/2024

ВАЖНО: МПИН Пресметката на платите ќе се поднесува преку www.e-pdd.ujp.gov.mk
--------------------------------
ВАЖНО: МПИН Пресметката на платите ќе се поднесува преку www.e-pdd.ujp.gov.mk
Затоа симнете го Упатството за поднесување МПИН пресметки. После влезот во www.e-pdd.ujp.gov.mk поставено е горе десно во средина (сликичка на книга) со опис Регулатива.
Се отвараат две упатства:
Упатство за аконтативна пресметка и
Упатство за МПИН пресметки
Кликнувате на второто и на прикажи.

Линк: https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/reports/Upatstvo.seam
--------------------------------------
Обука за Годишна сметка, финансиски и даночни извештаи за 2023 година
Термини: Почеток во 10:00 часот
• 31 јануари 2024 година (СРЕДА) – online
• 2 февруари 2024 година (ПЕТОК) – online
• 4-7 февруари 2024 година (НЕДЕЛА-СРЕДА) – Интерхотел Сандански (БГ)
• 9 февруари 2024 година (ПЕТОК) – online
• 10 февруари 2024 година (САБОТА) – online
Обука за Јавни набавки
• 4-7 февруари 2024 година (НЕДЕЛА-СРЕДА) – Интерхотел Сандански (БГ)
Пријави
• Линк за задолжително пријавување/регистрација за 1 лице: https://proagens.mk/registracija-on-line-sovetuvanje/
Програми
• Програма за Обуката за Годишна сметка: https://proagens.mk/.../Programa-Obuka-za-GODISNA-SMETKA...
• Програма за Обуката за Јавни набавки: https://proagens.mk/.../Programa-Obuka-za-JAVNI-NABAVKI-4...
Е-Обуката се следи преку ZOOM платфоорма.
• Упатство за задолжително пријавување/регистрација на присуството: https://proagens.mk/.../Upatstvo-za-prijavuvanje-na-E...
• Упатство за инсталација на ZOOM платформата и насоки за користење/следење на Е-Обуката: https://proagens.mk/.../Upatstvo-za-instalacija.sledenje...
------------------------------
https://proagens.mk/registracija-sovetuvanje/

30/01/2024

Address

Strumitsa

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ansarov Company posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share