Avon се гордее со добро познатите и сакани брендови како ANEW, Avon True, Mark, Avon Care, Skin-So-Soft и Advance Techniques, кои се продаваат преку нашите Претставници.
Ние во Avon веруваме дека жените секаде треба да бидат во можност слободно да се искажат себеси и нивната убавина. Ние сме посветени на демократизација на убавината: овозможувајќи им на нашите корисници шиум светот да имаат прист
ап до последните трендови за убавина, иновации и квалитетни производи по достапни цени. Ние веруваме во убавина за сите – помагајќи им да изгледаат прекрасно и да се чувствуваат сигурни во себе.
Во испитувањето на влијанието кое Avon го има врз планетата и светот воопшто, препознавме две од целите за одржлив развој на Обединетите Нации (United Nations Sustainable Development Goals - SDGs) каде, преку нашиот бизнис модел, сакаме да оствариме уникатен придонес. Првата цел е SDG 5: помош во остварувањето на родовата еднаквост и охрабрување на жените и девојчињата; втората е SDG 8: промоција на одржлив и инклузивен развој, исполнет со продуктивни вработувања и посветена работа.
Уште повеќе, нашата поддршка за женските каузи, нашата едукација на жените да ги препознаат знаците и ризиците за рак на дојка и нашата работа да се помогне во елиминирањето на насилството кон жените и девојчињата ја поддржуваат целта SDG 3: обезбедување на здрав живот и промоција на добросостојбата за сите и на секоја возраст. Токму затоа да се биде “Компанија за жени” е на чело и во срцето на нашата одговорна посветеност во бизнисот. Ние целиме кон демократизација на убавината, да им помогнеме на жените да успеат и да ги поддржиме каузите кои најмногу им значат. Го правиме сето ова, истовремено работејќи на унапредување на нашето влијание врз животната средина, функционирајќи како компанија која создава и нуди квалитет, одговорно избирајќи производи – за дополнително да придонесеме на повисоките цели за одржлив развој во процесите.